го (зам.) - затрупа (гл.)

Се слушнаа 3 експлозии на вториот дел од зградата, се урна еден ѕид, кој падна кон соседниот хотел “Коломбо“ и го затрупа германскиот клуб наречен “Кегел-клуб“...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Додека беше прилегнат на столот, онака остарен а издолжен, ми се причини дека гледам давеник штотуку изваден од водата како се бори да дојде до малку здив.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нашиот Кубан и така беше пуст. А со времето уште повеќе ќе опустее. А потоа ќе го затрупа снег“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не требаше многу. За неколку мигови го затрупавме со снег.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Се случуваше некоја и да експлодира да го фрли неколку метра од дупката, да го затрупа со земја или да му зделне од раката, од нозете, го носеа во болница, го лечеа, а потоа пак го тераа да вади бомби и гранати.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)