го (зам.) - измолкне (гл.)

Цела недела патуваа наваму, Чана признала во сите вагони, нигде не му го видела суратот, а и како ќе му го виде кога се крена онаа ветрушка на гаковската станица и нѐ напика во вагониве без да го измолкниме од оној проклет брлог каде го имаа сопнато ветровите на претците!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Додека малечкото ќумбенце буботеше со сите сили за да ги одбрани нив двете од студот, додека малечкото усте бледо ја осветлуваше просторијата, Чана го измолкна писмото од пазувата Мајко, ја глеј шо ми дујде уд Пелагија! и го префрла од рака во рака.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Видов како со мака го измолкнаа од подрумот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Михаил убаво ги слушал, но во еден миг рипнал, го измолкнал маликерот од под перница и им заповедал Никој да не мрдне, секој да остане каде што седи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Куќава е сардисана од четите на Костадина Дамчески и Крстета Јанчески и ако само еден мрдне од вас, сите ќе ве испотепаме. И навистина беше така.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)