го (зам.) - израдува (гл.)

Ами ако е за калци да ти донеса, токо — големи се плетени сите мој калци, та не ќе може да и носе, — со радост изјави Нешка готовност и таа да го израдува Крлета како тој неа со китките.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Едвај чека да ја однесе дома, да ја слезе во дворот нетов, да и се пофали на снаа му Митра, да ги прегрне браќа си Трајка и Стоја, да ја венча и да чека да го израдува.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дали да го израдува со веста за нивната заедничка рожба, да викне гласно, да се чуе до небесата, да им ги затвори устите на сите кои ѝ го наденаа прекарот „штирка“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кај Томо очајот растеше од ден на ден. Секој втор ден доаѓаше дома со надеж дека ќе ја сретне Рада, или ако ништо друго очекуваше абер од Душка која ќе го израдува со нова вест.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Неговото душкало, другар од детството на кој единствено можеше да му верува, во писмата што му ги праќаше не успеа да му пише нешто со кое ќе го израдува.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Од сите страни итаа луѓето, таниш, секој од нив сакаше да биде прв што ќе го израдува мајсторот со сопствениот восхит и со својата чиста благодарност.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
За почуда само, со време, околу турскиот гроб на Сафет-ефенди никна босилек, и тоа многу го израдува Марин Крусиќ.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Само понекогаш, кога ќе застанеше да здивне, тој можеше да се обѕрне назад и долго да се загледува во ситната пробиеност на својата трага, а во неговиот матен поглед, со нешто речиси лудечко од напонот во себе, се појавуваше и една самозадоволна насмевка, просто како во дирата по него да беше собрано сѐ, што би можело да го израдува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Уште во детството, имаше малку луѓе во селото, што беа останати живи за да го паметуваат тоа, заминал Језекил првопратено на туѓина со некоја тајфа, сонувајќи и тој, како и сите други мажи во селото, со својата детска главичка, дека во тој свет, што пукнал пред него под пролетното небо, ќе изнајде и за себе нешто што ќе му биде доста за да го израдува и за да го прерани, дека ќе успее да сработи со своите вредни рачички за себе и за своите дома.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеше само да го направи тих, многу тих, премногу тих, просто да му го одземе здивот со таа тивкост, но тоа воопшто не беше нешто, што можеше сега да го израдува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јас се уште го сакам исто како и кога бев мала со таа разлика што сега знам дека тоа не беше поради подароците што ни ги носеше, туку заради радоста што неговото присуство ја будеше во нашата куќа!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ми се налути затоа што од него побарав нешто за што не разбрав дека не е подготвен да го направи, а мојата балканска душа веруваше дека тоа во најмала рака ќе го расположи, ако веќе не го израдува.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
А Ајша не можеше да го израдува.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Јас сакав да го прашам што е тоа што го израдува, а и тој како да сакаше да ми каже нешто, но неговите родители, кои седеа на блиската клупа, ја забележаа промената: “Рајнер се насмевна,” викна мајка му, татко му дотрча, но тагата одново беше паднала по лицето на нивниот син, и неговиот поглед се изгуби во празнината.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Следната недела, кога возрасните влегоа во куќата на доктор Ауербах, а децата трчаа по градината, јас го замолив Рајнер да си играме со нашите сенки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)