го (зам.) - изрече (гл.)

Го става камшикот под мишка и ја подведнува главата очигледно сакајќи тоа што ќе ми го каже да го изрече на најдобар начин на кој може да се изрече.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И дека тоа, и не знаејќи, го изрекле токму со наведената анегдота.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Над очите му се набрале бели веѓи како две грмчиња, вака - тој личи на пророк што е готов да го изрече пресудниот збор.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога Адем го изрече името на Ката, Толе се заниша од возбуда и се задржа за ноќвите да не падне.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Немаа време да се разберат, макар и само со погледи, кој го изрекол тоа, зашто снимателот ги разбрка како гладни врапци, а на Ване на уста му беше да праша кога ќе му се оддолжат на возачот со неговиот жедуван топ пиво.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Од лутината цело време што кипеше во неа, не му го изрече, не му го спомна ни името.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„И за ждригање“, си рече Маре, сметајќи веќе дека е одвишно да го изрече.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тоа негово прашање истовремено значеше дека од сето она што пред тоа му го изрече Бојан, речиси ништо не сфатил.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Речта со која Венценосецот го изрече Словото горко словото жалосно.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
А, можеби, набрзо и мене, в радоста силна ќе ми подадете раце..." Го изрече ова...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Посебно ми падна в очи онаа негова реченица што ги избриша сите мои сомненија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дека ти од поодамна си раскрстил со оваа заблуда?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И за да ме ослободи од сомненијата најде за потребно да додаде: „Не, чичко Боге, ни не помислувајте дека веднаш ќе се затрчам да го барам татко ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Она што тогаш го изрече мене ми се допадна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Пред малку, можеби сосема случајно (а можеби и не), твоето поранешно уверување дека другарот Ѓурчин ти е татко го нарече фама.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„И не помислив дека такво нешто ќе сториш, реков, но сепак, мило ми е дека самиот си го избрал правото решение“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А потоа, наеднаш, без да инсистирам на некакво вмимание или пак ветување што треба лично да го изрече, тој уште еднаш потврди дека не случајно спомнал оти знае што ме мачи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа и не сум спремен да ја обвинам дури и под претпоставка дека таа од некои нејасни причини намерно го потхранувала сомнението што Огнена Гулева во купето во мое присуство го изрече.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Она: "Јас сум дојден овде со едиствена намера да учам".
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали би можел јас таквиот исказ да го протолкувам како твое уверување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Многу работи ќе треба да се разјаснат пред да го сторам тоа!“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Токму тука Ахил ја изнесува намерата да одбие каков и да е материјален надомест за општественото унижување и за емоционалната штета што ја истрпил од Агамемнон.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Трагичната нужност да се прифати, наместо да се отфрли, неминовниот расчекор помеѓу чувството и неговото изразување ја дава поентата на прекорот што Ајант му го изрекува на Ахила во Деветтата песна од Илијадата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Некој таков расчекор помеѓу чувството и неговиот израз, ако не се препознае иронично, создава трагична возвишеност што се лепи за главните наративи за машкиот генерациски судир во европската култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во Хомеровата Илијада, на пример, кога Агамемнон го навредува Ахила лишувајќи го од воената пленица, токму Ахиловото одрекување на секаква возможност да го преведе сопственото чувство на лична болка и јавна повреда во соодветен општествен израз го наведува на трагичната одлука подоцна да ја одбие Агамемноновата понуда за надомест – и, заедно со неа, валидноста на сите симболични општествени форми.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Овој миг нему му се стори дека наеднаш би можел и да го изрече, сето тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
“ Откако го изрече ова, тој, наместо да појде накај дома, тргна на сосема спротивната страна, и самиот без да биде свесен за тоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Трајана да го пречекаме... зашто тоа да го изрече ќе спискаат и снаата, и внуката - ќе сакаат и тие да се вратат.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
„Ладно е“. Рече таа, небаре ме повикува да ја погледнам, небаре пред малку не го изрече спротивното.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
На вратата се појави јаничар и тој на српски го изрече веќе познатиот глас на покорен слуга: – Изволите, везир ефенди!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А покрај тоа побрза да го изрече и впечатокот дека животот му помага сликовито да ги прикажува своите замисли.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Спремни се притоа да му допуштат и на ветрот во намерата да им помогне - објаснуваше Зрновски оближувајќи си ги усните за да го навлажи сè она што имаше намера да го изрече.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури и она мене ми студи го изрече со глас што беше со намера да поттикне.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Кутрите столови, ги осудивме на робија - беше коментарот на Катерина а го изрече со тажна насмевка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И во секој збор што го изречува во врска со моето пишување може да се наслушне жуборењето на неговиот потсмев.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
По вечерниот ТВ дневник Влатко го изрече прашањето што го мачеше цело попладне, откако се врати дома: „Тато, дали аерозагадувањето е енигма без решение?“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)