го (зам.) - испружи (гл.)

Гуштерот го испружи долгиот јазик и ме лизна зад ушето.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во тесниот зрак на нејзината светилка, нè гледаше со едното око и полека го испружи својот тенок сивкаст јазик, оближувајќи ги своите огромни очњаци.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Старецот покриеното со крпа го испружи далеку пред себе и со претпазлив од на полуслеп човек дојде до десната страна на коњот на садриазамот, се поклони дури додолу до земјата и ко се испрај, пред да го крене високо и пред да му го поднесе на Турчинот, покриеното со крпа го отскри, беше леб и сол.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Инаку, ни за мангар не го бива; но зашто е голем, добро ќе му дојде на Иса да го испружи колку што е долг, така Исо ќе си ја умножи славата, без ништо да изгуби, а селаништето ќе научи во иднина да не се перчи дека нема помаж од него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Хаџи Ташку од порано известен од Хаџи Панови, делениците Акиноски, дека в сабота ќе дојдат потковичаните за да се измират со него, намисли да ги состави и да ги збори Иса и Лазора.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На тоа размислување од овчаро, ѝ го испружил стапо, и се извлекла по стапо змијата, од стапо по рака и веднаш му се навиткала околу врато на овчаро и го притиснала малце.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ама можам! – списка Зоки и го испружи својот црвен јазик. – Еве!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)