го (зам.) - истражи (гл.)

И конечно, да го истражува она што се крие зад природната физичка стварност, „лагодно навален пред своето дело и добро облечен”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Прашањето на национално самоопределување стана многу важно, поттикнувајќи ги САД да го истражат македонското прашање.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Телото - стварно, или проширено низ механичките роботи - е главната територија за демонстрација на деструкцијата и опстанокот и во машка и во женска продукција.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Деструктивните резултати на перформансите, сликите и скулптурите на Yoko Ono од доцните педесетти навака, како и Feu a volonte, конструкцијата на Nikki de Saint Phale од 1961 г., наполнета со вреќи со пигменти што експлодираат застрелани со пушка, демонстрираат дека жените сепак не се исклучени од уништувањето на уметничкиот материјал, вклучувајќи ги тука и површините на нивните сопствени тела, како во перформансите на самоосакатување на Gina Pane.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но, додека машките уметници го истражуваат односот на тоа тело спрема објектите и технологиите за деструкција и спрема тврдењето за оживување на идентитетот, жените-уметнички редовно ги посветуваат своите истражувања кон реконструкција на Себството.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Деструкциската уметност е етичка позиција составена од различни пракси и која го истражува окружувањето на крајната култура.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Според ставот, процесот и начинот на постапка, деструкциската уметност едновремено е реакционерна и чувствителна; тоа не е естетика, ниту метода, ниту техника.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но најголемиот дел од деструкциската уметност на жените го истражува проблемот на уништување на идентитетот и децентрирањето на Јас.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Уште првата вечер грифонот брзо се снајде во своето ново живеалиште; прво детално го истражи станот продушкувајќи го; го обиколи целиот стан, ги издушка сите агли онде-овде каде што сметаше дека треба, посветувајќи се на тоа сè до времето кога стариот професор вообичаено си легнуваше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Волфганг Суцл „Попоски на извонреден начин го истражува прашањето на ерозијата на некорпоративниот простор, односно она што тој го нарекува узурпација на некогашниот јавен простор од страна на приватниот капитал.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Токму трансформацијата на овие концепти на границите лежи во средиштето на интересот на Попоски.“
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Ушите му се исполнија со брмчежот на пчелите што се пикаа од цвет во цвет како да го истражуваат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И Татули покажуваше интерес за она што Мил го истражува, дури и се воодушевуваше од неговата храброст што со ваква крупна работа се зафатил.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Така секој гледач потенцијално излегува со благо различна приказна, базирана како врз неговите сопствени избори, така и врз случајноста. [the clearing] [the clearing], создадено во летото 1994 година, е уметничко дело коешто во рамките на структура на компјутерска игра го истражува јазикот на американските вести во медиумите, 52 okno.mk во врска со темата Босна.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)