го (зам.) - кани (гл.)

И старата бука го избрка, и ниските грмушки кои често го канеа да се лулее на нивните гранки го избркаа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Шефот Џемал- ага, е задоволен од неговата штедрост. На чај го кани.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Јужниот сосед го каниме на гости да му кажеме што значење има зборот МИР...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
БОЖАНА: (Го кани да седне). Повели, свату!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
СИМКА: Кој, Стојче ли?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Бино пак го покани сега нему да му се предаде како пред дванаесет тринаесет години што го канеше да му се предаде на мудурот, бидејќи сега тој седеше на тој стол, но тоа само го налути Јована, та за инает на Бина реши да се предаде, но не нему, ами направо на окружниот началник во Битола.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)