го (зам.) - купи (гл.)

Во ќошот наместив едно мало фонтанче кое скоро си го купив.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Веста за козлето што го купи татко ми набргу се расчу низ Козар маало.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За да ја прекинам таа неделотворна занесеност, занесеност што не произведуваше никаква жизнена мисла и никаква реченица што би била запишана како дел од мојата повест, станав и ги ставив во една чинија двете крилца што останаа од пилето кое го купив од домашното производство на Чанета од дуќанот кај мостот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Пред некој ден ги расчистував старите работи во гаражата на татко ми во населбата, која сега веќе е одалечена само неколку минути возење од старата зграда што не му потклекна ниту на земјотресот и го пронајдов плишаното зајаче што ми го купи чичко ми од првата плата. Преживеало!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Чичко ми Цане... Се запознавме во Мичурин кога ми ги менуваше пелените.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Беше како да го купил неколку дена пред да дојде, а всушност истото го носеше и на венчавката на брат му Трајко.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Најмалиот брат на татко ми секогаш доаѓаше со полн багажник играчки од Германија.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Леон ѝ го купи првиот инструмент, ново пијанино нарачано од Виена, веднаш штом Агата го покажа првото интересирање за музиката, а подоцна и првата флејта.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Пред да завлезам во матицата на реката од луѓе, која требаше да ме однесе кон центрите на Париз, се впуштив малку во оние квартови и улички под „Сакр кер“, пак под „Монмартр, каде што се продава најевтино, само без етикетирање на она што ќе го купиш.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Овде се среќава обичниот Французин кој не се обѕира многу на модата, но затоа многу гледа на практичноста, се носи пак современо, но не може да се пофали дека чевлите или палтото го купил во некој модерен магазин на „Елисејските полиња“, или во некој од магазините на „Кристијан Диор“...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Не е важно колку сето тоа го чини и дали поевтино може да се купи во земјата. Задолжително го купуваат и шампанското.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Морам да го имам”, се реши Френк на лице место и наспроти благите протести на Џоен дека покрај Леонардо нејзината „Баричка роса” изгледа како локвичка урина (и ненадејниот увид дека ќе биде вдовица пред тој ка­лендар да биде потрошен), влегоа и го купија за работната соба на Френк, која деновиве главно беше користена за водење на семејните сметки и пополнување на формуларите за здравствено осигурување.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Не беше ни скап, ни евтин - средна рака. И двајцата беа задоволни.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Најсетне запре на еден пепита штоф со црни точкици. Го купија.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Наместо козметика користам остатоци од вистинско далматинско масло, лани го купив од барба Бино на островот Брач.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но тие, лукави, кога не успеаја да ги купат христијаните, се обидоа кај Турците; за големи пари, после се дозна, беше успеале да го купат Амди ага, за тој, кога ќе бидат готови, соѕидани општината и училиштето, да појде во Битола и да го извести лично владиката.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш тој, Максим, пламна; го вцрпи закорилот и викајќи дека ни тој, Симиќ, не е свештеник, дека со народски пари го купил грчкиот владика од Битола, за да го ракоположи да биде свештеник, дека е натрапник и никаквец, го истурка од одајата и го истркала прудолу по скали.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Овааа реконструкција беше поставена на масивна дрвена рамка, со иста форма и димензии како и постаментот врз кој делото за прв пат беше изложено во јавноста на меѓународната изложба на модерна уметност во музејот на Бруклин во 1926 година.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Изложбата ја организираше Кетрин Дрејер (која во тоа време го поседуваше „Стаклото“, што претходно го купила од колекционерите Марсел и Луиз Аренсберг, Дишановите најверни мецени за време на неговиот престој во Њујорк).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Толку јако ме привлече што подголтнав од што ми навре силна возбуда.272 ‌Велч веднаш го купил.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа тврдо и убаво стокмени перници, диван да ти биде тоа целиот здраво достоен, како сите викторијански парчиња што сум ги видел; а грдана, готска, нападна папагалска раскошност просто плаче да си ја користиш, да ја седиш и да ја сакаш.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А и каква милина е невиденоно црвено коњско влакно, сјајно како стаклена преѓа, богато и круто и бездушно, правено за оно да аби луѓе, а не луѓе да го абат него.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Купив - пишува тој - 1.000 кг динамит за да избувне со страшна сила во Солун. Го купивме во Париз.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„Погледни го – полураспаднато е. Не знаев зошто го зедов овде со себе, но сега знам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ова капче го купив пред многу години. Постаро е од тебе,” се насмевнав. Се насмевна и Ева.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На крајот од расказот, авторот се исповеда: „Најлошото од сѐ беше што ми се пушеше, а немав кибрит со кој би ја запалил цигарата, ниту пак смеев некаде да застанам да го купам“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Зар не гледа со каква мака успеав да го купам брегот... А сега - ајде да го распродавам...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Го купив контрабанда од еден војник од македонските полкови.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Да го видеше кутреникот од кој го купив. Лика и прилика на смртта.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Оф, бре синко - му рекол - дали је за бендисуање, бре чедо, гробо од татка?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Те молам, синко, поризај ме уште сега и крени ме да ме однесиш погоре.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ами зер за мене сум го купил, мори домаќинко, џигеров?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Богатио останал застрамен од збороите на сиромајио.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И јас кога бев како тебе, сум го донесол татка овде, кога ми остаре, да умри од глад, како што ќе умрам јас сега.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Така је, ами како - је рекол на жената си - сиромасите ако ји ризаат богатите, никоаш мака не тргаат, што рекол некој чоек.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
На сиромајио му го купив за вечер да си запоклади и да рече Бог да прости - је рекол.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
СТАРИТЕ ГИ НОСЕЛЕ В ПЛАНИНА ДА УМРАТ
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Уште со мнозина чорбаџии што беше се стретил, на сите беше му се валел за џигеро што беше му го купил.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Бре! Да зер за него си го купил, ха?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Во старо време имало адет во едно царство, откоа ќе остареел чоек многу и не ќе можел веќе да работи, да го однесат на една планина за тамо да умри од глад.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Откоа му се изназборуа сиромајио на чорбаџијата, му ји клоцна со нога стомните и му го остаи џигеро, и откоа му плукна во дворо, си излезе од портата надвор и си отиде при еден другар негов, си зајмел некој грош и си купил месо и друго што му требаше и се запокладил како што рекол Госпо.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Слушај, Росо, и ти малку повеќе си претерала, не мораше сето ова да го купиш во најскапиот бутик во градот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во некои трафики може да си го купите и денес.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Лесно можеа да ве прелажат да го купите еднаш, зашто беше поефтин од Краш.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Пред тоа им рекол на другите да сторат онака како што мислат дека ќе е најарно, тој ќе оди да клечи пред студено позлатениот исток, да се моли за мртвите, за нив, за себе, сам и осаменички да ја доизградува верата во себе, не онаа кон небото туку онаа што ќе ги доведе до целта, не со патила да го купуваат правото на живот и не да живеат за да сеат и да жнеат патила - мажи се, не сенки со начнат разум и не покорници пред бабуњосаноста на проклетството.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од споредниот пат што подолу од свијок ќе се забуца во пролоканата стврднатост на царскиот друм, во неговата груба едноличност, се издвојувала врвица и, несигурно кршкајќи меѓу безимени грмушки со празни зајачки легала, се губела во дабов густеж во чија проредена 'рѓа се таложело мртво спокојство. По таа врвица се тетеравел Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега Пишпирик ми одговори: Тоа што ќе го купи ми го продава мене.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Со пари вчера купував, денес на вересија. Ту еден продава ту купува друг, јас од тебе, ти од мене- вртење во круг.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
А најмногу се радуваше кога ќе му го фрлеше гуменото зајаче што му го купија на Богдан кога беше малечок.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Му рекоа на човекот дека е тоа нивно куче кое го снемало од дома, а тој им тврдеше дека пред една година го купил од некој човек на пазар.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Но ако не ќе сака ниеден арабаџија да го купи?“ Тој, од својата висина, беше милозлив и мудар и ја сокриваше пред нив сувата горчина:
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Каде да го ставиме кога спиеме со свиткани коленици?“ „Продајте го“ , им предложи и виде дека за миг го облеа надеж. „Познаваш ли некого што ќе го купи?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тој, сепак, го купи овој роман, подоцна на голема радост на Татко и оваа книга ќе заземе централно место во книгата за јаничарите во еден рафт од неговата библиотека враќајќи му ја надежта сепак да продолжи да ја пишува Историјата на Балканот низ падовите на империите, доколку вистински во контекстот на книгата го промисли јаничаризмот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ама јас го мразам секој дел од мојот живот, секое ново парче мебел кое влегува во мојата куќа, секој фустан што татко ми ми го купува.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Јас му велам, „Да не мислиш дека си го купил проклетиов тротоар ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„ Вие сте господинот што го купи оној дамски споменар.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се наоѓаше пред старинарницата во која го купи својот дневник.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Затоа, ако случајно сакате да го купите, ќе ве чини четири долари.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во аголот, врз масата на расклопување, стоеше стаклениот тег за хартија што го купи кога беше последниот пат тука и меко светкаше од полутемнината.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Лена ми кажуваше: Кога го купи телевизорот во боја, Симон сакаше да гледаме навечер заедно.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Двајцата се онерасположивме што не можеше да си го купиш костумот. Тогаш смисливме една завера.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
А што сѐ превиде тоа ковчеџе откако пред многу години го купи и му стана составен дел од неговиот живот; се фрлаше во разни превозни средства завиткано во вреќа за да не се гледа, да се заштити или да се носи полесно кога одеше пеш или кога му го даваше некому да го носи; не ретко му служеше да ги потпира на него плеќите или главата на разните железнички или автобуски станици чекајќи воз или автобус за некаде; да седи на него како на столче на палубите од бродовите во долгите деноноќни пловења; да го товари на коњи, магариња и камили по патиштата каде што само тие можеа да одат, да се изложува на ризик, да си го става на коцка животот поради неговата привлечност и будење љубопитност кај разните луѓе што го придружуваа или со кои доаѓаше во допир; да го продава кога ќе немаше пари и пак да не го продаде за да не се одвои од него; да му ги менува или крши катинарчињата кога ќе ги изгубеше клучињата, да го чисти и дотерува кога ќе се наводенеше од дожд и снег, да му го повраќа сјајот, убавината; да им го остава понекогаш на газдите како залог додека дојде до пари за да им ја плати станарината; тој му беше единствен сведок, придружник и другар во патувањата носејќи налепници од разни места и хотели.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ветувајќи си верност еден на друг, Богуле ѝ даде прстенче што ѝ го купи од прематарите.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
А: Живееш у сопствен дом што сам си го купил, среден како од каталог.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Пере дури и првиот петрафил му го купи на поп Петка кога си дојде нов поп од Битола и му даде цела лира пари да се позакрпи — за нов поп.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бројчето што ми го купи братот, сосема на крајот, како последно, го изговорија неколку пати па оти никој не се јавуваше, стоејќи во последниот ред на хорот, го извадов од џебот - и токму тој штоф, претворен во двореден костум што го плати татко ми, направи да не се срамувам од доброоблечените скопјанчиња.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Од стопарињата бакшиш што ги оставаа некои од гледачите, Мајка имаше доволно пари да го купи млекото за утрешниот ден, во очекување на платата и на купоните, на крајот од месецот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Секој од нас до задишување брза да ги стигне дуќаните отворени за да купи тоа што му треба за денеска, тоа што одамна веќе сака да го купи или тоа што би го купил.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ако го најдеш да го купиш, а ако не ти остануваше следниот месец да си ја пробаш среќата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Мажот, да не му се опчади, ја остави на годината откако го купија анот и така таа од Велика стана Чакарвелика, ќерка ѝ се омажи во некое село, а синот еве четири години служеше нечија војска.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Секако, веднаш ни се наметнуваат официјалните дипломатски контакти, кои, ако не се тајни, се објавуваат, со сета „важност“, на првите страници на дневните весници и се случуваат меѓу делегациите на избрани претставници на властите од земјите што контактираат.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Малку тешко е да се утврди кој непосредно го купил од овие спомнати личности, или можеби е тоа некој непознат, што, верувам, би било интересно да се открие.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
На крајот, покрај моето најискрено извинување, можам, како нескриен љубител на илустрирани магазини, да ви ветам дека ќе го купам следниот број на вашето списание. Со симпатии, ваш Александар П.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Понекогаш, ноќе, ќе ги чуеше како се превртуваат, и знаеше дека сонуваат, дека се сеќаваат на златната или жолта боичка, или на паричката со која ќе го купат светот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ох, и јас би сакал да имам ваков змеј! Каде, каде сте го купиле!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Вашите татковци сега, ако се селани, кога сакаат да одат в град, на пазар, ќе се качат на воз или на автобус, или пешки ќе тргнат, па ќе стигнат таму, за да свршат работа и да ви го купат она што сте им порачале па вам целиот тој ден не ви останува ништо друго освен нестрпливо да го чекате некаде под село и уште таму да видите дали сте го добиле она што ви било толку драго.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Зоки ги подава двете парички и вели: - Чичко, сакам да го купам сиот свет. За Лидија. - Како? – прашува продавачот.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Дед Павел божем и од такви причини го купил имањето во Балван од оној познат турски бег, пред да замине за Турција.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Аха. А каде е мојот барут што го купив за чифтето? - Не знам.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
4. Новото куче што го купи соседот Лешо не знам што сорта е.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Црвенеам. - Признај дека си го купил овде, сум видела вакви во продавницата. Горам.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Едноставно го купуваат она што им се допаѓа не водејќи сметка за вистинската вредност на делото.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Малку ја олабави работата, Пена почна да го фали слаткото и да ја распрашува дали сама го прави или го купува, а Танаско после секоја голтка од ракијата гласно офнува.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Добро било да се потсетат на тоа време со некое заклано јагненце без да се прашат дали имаат некоја скршена за да го купат оти порано лесно било од сопствениот булук да одлачуваш не само за Илинден, туку за било која слава.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тоја што го купил многу го возљубил, зашто имал добр хадет и разум, и му стојал диван кога вечерал.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
- Илија- му свика некој на татко ми -стегај ги опутите да одиш да го купиш! - За Водици да го имаме!
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Денес, добри мои, фалбаџиите се фалат со убав, скап автомобил, со скапи јадења со неразбирливи имиња, со лет преку океанот, со клавирот што им го купиле за роденден, со најнов тип на „сеико“ часовник, со супер скијачка опрема, со купувања во Солун, Трст, Париз, Лондон...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Нема да ѝ го купам ветениот сладолед и нема да ја одведам кај Јана да си играат. Тукушто ѝ соопштив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Вчера ѝ објаснував на мајка ми за ова списание и ѝ барав пари да си го купам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Додека спиеше, ги прегледав твоите работи, земајќи сѐ што не се согласуваше со твојот нов идентитет кој ти го купив во Берлин.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Што се случи? Најсмешно е што по 10-15 години пак го сретнав и си го купив чекот за својата збирка, и ете го тука.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Мајка ми му се молела: „Лазо, те молам, ако останам жива, ќе го купиме волот“.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ама, јас решив да штедам, два дена пропуштив и сладолед да си купам, оти ми беа избројани до денар парите што ги добив за џепарлак, само и само да можам да го купам прстенот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Обиди се и ти, седната на твојот кашмирски килим, оној што твоите го купија од нас.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Каков прстен! Најубавиот што го имаше на тезгите. И скап. Голем.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога веќе еднаш ќе се врати?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ѝ го отвори малечкото сино кутиче од специјален порцелан, што го купи во Москва на филмски фестивал кога беше на гости кај другарка ѝ Гордана, нејзина колешка, што во тоа време беше новинар-дописник од тој град во Русија.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас сум тој Игбал, Кашмирецот. Од нашата продавница твоите родители го купија килимот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Другите деца си купуваа за себе по охридските тезги на отворено. Што не имаше по нив!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А мојот прстен што ѝ го купив од Охрид кога бев на летување?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ќе видиш дека ќе ти се допадне.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Внатре, во кутичето, жолто блескаше мојот прстен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кому сега да му го подарам паричникот што му го купив да си ги става парите внатре, наместо да ги крие под душекот?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мислеше, мислеше и најпосле се реши да го купи него.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Си влегоа дома, си седнаа и таткото сѐ по ред ѝ раскажа на Билјана за детето што се викаше Цане и што сакаше да го купи автобусот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- А што купи? - праша Билјана. - Ќе го купи автобусот што го возам јас. - Ај! - викна Билјана и остана зачудена. - Автобусот! - Да, да, - потврди татко ѝ сосем сериозно.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)