го (зам.) - лади (гл.)

Вера не се иставаше од неа. Држејќи ја со рацете за рака и ја милуваше косата и ѝ го ладеше челото со водена крпа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Водата што течеше од чешмата во бањата капеше како под некоја шифрирана Морзеова азбука, постојано едномерно и многу силно одекнуваше како да ми капнува на главата и секоја капка заболува и го лади местото каде што ќе се лизне.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Да ја мие крвта и да ни го лади оружјето. Ја стегам пушката, а кожата ми трепери, ко масло на вода. Лилјак сум направен.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Почна да набабрува како папунец, и токму кога го ладев под чешмата, телефонот зазвони.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Прашината споро лебди во пеколот на пладнето, К* мисли, се испотив, чувствува со целото тело, потта му се испарува од кожата, тоа некако го лади, К* мисли, треба да ја сменам маичката, се обидува да мисли К*, што тоа сакав, погледот на К* залутува кон кучето во длабочината на улицата.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
МИ СЕ ВРАТИ Ми се врати во сонот: задумана месечарка што ја опчекорила месечината и среде река си го лади последниот такт од танцот Ми се врати во песната: онемена песнопојка свечено истопорена пред ливадата сета послана со јајца од препелици Уште да му поверував на оној наш Калдерон кој утрово пред трафиката за весниици ме убедуваше дека животот е сон а понекогаш и песна.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)