го (зам.) - лази (гл.)

Не сакаше да оди на излет и да го лазат мравки, не му беше пријатно да биде на отворено без засолниште и без покрив над главата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сега, кога му се чинеше дека некому одамна умрен му го открива својот бог, оставаше да го лазат спомени и се мачеше да не шибне како дожд во својата исповед, како понекогаш кога ќе беше сам и згрчен во некоја бескрајна и болна тишина.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го лазат него нагоре, ме досегаат и мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)