го (зам.) - лиже (гл.)

Со својот долг, црн јазик го лиже топлиот мед од кристалниот пехар.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се наведнува, го става малечкото пред мајката и додека таа ја продолжува Новевата работа, го лижи новороденото, првообјагнетото цица сучејќи со опавчето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— Море, мајчето негово јас, кога ќе a зема таа кучка шо го лижеше него четири години и шо ќе го лиже и после, токо чекај!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А Шарко, небаре благодарен, и го лиже лицето, челото, се свртува кон него и така преку рамото на Лефтера го гледа намуртено, покажува заби и исплашено крие муцка под нејзината мишка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- А кој може друг да го лиже? Јас не сум, не е ни татко ти...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Понекогаш ќе се сожалеше и оние добичиња што од силен јадеж и страв ќе избегаа во планината, одеше да ги бара; кога ќе ги најдеше спикани во некоја грмушка или трап каде што сѐ уште мавтаат со опашката и клоцаат со нозете од силен јадеж, им се доближуваше полека, им ги вадеше коњските муви и стршлените и тие ослободени од тој напаст, го лижеа по рацете и им идеше да го бацат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во првите денови некои од кучињата го гледаа душмански, непријателски како да им е тој виновен што се затворени овде, терајќи инает и 'ржејќи на него секогаш кога ќе го видеа каде што им носи храна или им го чисти изметот со лопатата или ги носи под тушот или во кадата на бањање, при што Богдан трепереше од страв да не го каснат; имаше и такви што беа кротки како јагниња, кои му се умилкуваа и го лижеа по рацете или му легнуваа да ги погали со раката, да си поиграат со него.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ѓубрето му го лижеше желудникот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Некој лизурко, не знам дали не е Сатирот, здола под масата, веќе се токми да ми го лиже газот и јас веќе се радувам засшто ако го пуштам да ми го лиже газот со тоа јас веќе станувам член на ова елитно друшство; арно ама тоа што некој ќе ми го лиже газот мене ме обврзува јас некому да му ги лижам стопалата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Или, дека понекогаш кога плива грбно, сака да се смири и да замислува дека е паднат лист, воден од морскиот ветар.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Го лижна леденото ванилино топче и во таа една или две секунди нејзиното свилено здолниште затрепери од допирот на незабележливото здивче ветер.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Таа крв, како што верува со едно крајче на свеста но без страв и зачуденост, ќе потече низ неговите ноздри или низ устата полна со врел и застоен воздух, Пламените пци не го лижат со врелите јазици, Се собираат над него и ги забуцуваат усвитените муцки во неговата отворена утроба, се хранат со неговата глад, со неговата жед.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сега лежи Анутун Крстин во некаква треска од чиј оган му се чини дека се јагленосува додека околу него и над него се движат пламени пци и го лижат со долги и врели јазици.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Почни, Арсо! - го лиже во тилот мекиот и кротко топол глас на учителот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Овцата смирено, со мајчинска нежност го лижеше мокрото јагне.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Никој не го раствара – сите го лижат. Шими ципела – кондура со умерена каубојска штикла, напред шпицаста и по можност пенчетирана со желевца за да ти звецкаат кораците Ха–Е–Сер – најдобро појачало откако постои човештвото.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Како мајка ми излегувала во тесно здолниште како пикната во еден панталон и во фустани врзана како оса на половина, како вујко ми Вангел ја залижувал косата, а баба ми му велела дека е како да го лижела крава...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Изморен, со чувство дека е отфрлен, заборавен, избришан од дружината, болниот паѓал со тил на тврдото лежиште и останувал со отворена уста додека едно од многуте јазичиња на стравот му го лижело разголеното непце.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никој не му приоѓал. Секој малку ја носел тежината на сомневањата, секој бил нападнат од грижи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Животните меѓу трњата се котат а веќе попладне го лижат мебелот и шетаат по нашата спална.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Џеки, благодарејќи му, го лиже по раката.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ја гледа Милчо како го лиже сладоледот кој се црвенее, веројатно е од малина, па и тој инстинктивно подголтнува.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Показалецот го лиже јазикот, па ги врти страниците побрзо од Google, па пребарува со остриот нокт како со стрелата на глушецот.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Како му го лиже лицето на бебето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Како седи на сонцето во зоолошката градина, на една клупа покрај езерце со мовест водопад во центарот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во езерцето има лебеди.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)