го (зам.) - мисли (гл.)

Често се прашувам колку она што сега го мислам има врска со одвикнувањето, колку со созревањето, а колку со соочувањето со сопствената смртност. (извадоци од разговор воден од Агата Јунику и Горан Сергеј Присташ за списанието Фракција (4). пример 6 Franko B.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Имав околу 25 години и го проживував таканаречениот пост-младешки страв од сè.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тогашните стратези на комунизмот, под плаштот на сталинизмот, го мислеа истото, но јавно не го изразуваа: „Козите можат да ја поттикнат контрареволуцијата на победената класа”!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Како можам да мислам дека баџанакот веќе ѝ го сторил на жена ми она што јас ѝ го мислам на жена му.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Веќе не сакам да знам. Тоа нешто што сум го мислел, а не што се случило.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
(...) Да не мислиш на несигурноста дека она што ни го кажуваат другите често се разликува со она што тие го мислат, дека вистинските мисли често се премолчуваат, како во прекрасниот расказ „Премолчен дијалог“?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Стивнати хакхами мислат на одведувањето на Израилот во вавилонското ропство и на повторената судбина, барајќи со сета моќ на своето примерно духовно поимање, среде општиот очај, викот и пискот - причина за суровиот гнев на Севишниот, додека хазаните, псалтирите при синагогите го мислат кадишот, молитвата за умрените што, чувствуваат, отсега натаму ќе биде непрекинато кажувана.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Гита го жали: во пролетниот календар на гибелта, некогашниот прв човек на заедницата, сега само странец во еден голем ориентален град што никогаш наполно не го прифати за свој, поранешниот главен рабин и претседател на општината на Салоника ги брои писоците на локомотивите што ги најавуваат транспортите на живи луѓе, откорнатици со извесна дестинација, но и неизвесна судбина.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Глумејќи лудило тој успеал неказнето да го каже она што навистина го мислел за психијатарот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сакам вашето лице да го има само она што сакаме да ѝ го соопштиме на публиката - она што го мислите”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Американски период (прв дел) Ребека (Rebecca), 1940г. •Претпоставувам, господине Хичкок, дека дојдовте во Холивуд мислејќи дека ќе го снимате Титаник? Наместо тоа, го снимивте Ребека.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ете, јас го мислам токму тоа.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Па, тоа го реков затоа што тоа и го мислев.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ист заплет, исти кадрови, иста монтажа, сѐ исто.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Луѓето често ја наведуваа мојата прочуена мисла: “Сакам досадни работи”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Големото Стакло“ очигледно претставува нешто, иако не е јасно што, ниту до која мерка тоа прикажување е безмалку „произволно”, како што тоа некои го мислат, во смисла на испреплетените „бесмислени“ облици.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сепак, се оптоварив со толку многу варијанти, што веќе стравувам дека прикаската не ќе ја довршам зашто почнува да ме фаќа тешка дремка што ми ги прекинува мислите, ме прави да заборавам што беше тоа што го мислев а не го довршив.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И згора на тоа, сепак, толку ме одвлекуваат по себе што заборавам дека овде сум легнал да заспијам, а не да го мислам: несмисливото.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Жестоко ми се суфлираше да кажам нешто друго од тоа што го мислев.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„И мајка ми еднаш ми рече дека не умеам да замесам вкусно кравајче дури ни за себе си.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За момент седам збунет. Се чувствувам и навреден. Навистина, што сака да постигне иследников?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можело да се случи да го запишам она што иследникот ми го сугерирал како можна моја помисла, а не она што вистински сум го мислел.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Неколкупати ми дојде на врв јазик да му речам дека постојано го мислам мојот редок гостин, кој како подарокот тебе (најскапото) ми те остави; дека заспивам и се будам мислејќи на него.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Сериозно го мислиш тоа?“ праша таа. „Така ти било пишано“ реков.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или, можеби и не сум во прашање јас?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но знај, синко, ти си виновникот заради ваквата моја несоница; ако те немав тебе, ќе се потрудев да го заборавам и него.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
По некое време Кети рече, „Знам што мислиш, Милан, зашто и јас го мислам истото, те молам, не кажувај го тоа.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со ноќи потем сонував дека таа неизвесност ја платил со глава; го мислев, господин судија, не дека не сум го мислела; го сонував како паѓа од тој проклет трапез, од огромна височина и како си го крши вратот; се будев во пот и плачев; подоцна, многу подоцна, дури и го посакував, како жена што посакува маж; имаше ноќи во кои посакував да се спакувам и да заминам (оти Партијата, како и секоја партија, пропадна како брод од хартија), но секогаш брзо се соземав.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Конечно, за крај на есејот напишав и нешто што не го мислев; односно, напишав нешто што го мислев за изведувачите на бабарскиот обред, но не и за самиот обред.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Земанек стана и беше решен да дојдеме попосле, на претставата од пет; но јас станав и, како што редовно ми се случуваше во последно време (да зборувам нешто што воопшто не го мислам, небаре имам туѓ јазик, небаре живеам исечоци од туѓ живот), реков: „Да, господин.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ние бевме „интелектуалци“ за нив, оти несомнено е (јас тоа и денес го мислам) дека во рок, и особено во џез-музиката доминира интелектуалниот пристап кон светот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Самите геј-мажи – или, барем, некои геј-мажи во САД и во Велика Британија во текот на изминативе шеесет години – го мислеле истото.91 Значи, не се работи за злонамерен стереотип.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Јас како и другарите од МТРК, не сме против востание, како што го мислат луѓето од Внатрешната.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Таткото со насмевка го погали по косата: „Да, навистина го мислев тоа, што не значи дека те сакам помалку.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Судејќи по мојот стан, јас го мислам спротивното.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Емигрантот Павлов малку зборува, ама затоа го кажува секому она што го мисли.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Она што го сакаш, не го добиваш. Она што го мислиш, ретко ти се остварува.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Наглас се кажа она што тој со денови го мислеше, неправдата што го гореше, агресијата врз неговиот личен и национален мир која не можеше да ја сфати, како што не можеше да сфати со која своја постапка, како човек или како Македонец, тој придонел да се најде во оваа ситуација.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се надевам дека и вашата ценета сопруга го мисли истото?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
За сето време, додека го мислеше тоа, остануваше свесен и за својата глад, а мислеше и на следните некоку дена, што мораше да ги помине долу, во својата пилана на Белата Долина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во просторот помеѓу куќите и рекичката што брзала ослободена од мраз и со поинаква боја заради надојдената снеговица, гласот како да не значел ништо зашто сѐ што ќе се кажело тоа истото веќе некој го мислел, не еден туку повеќето, ако не и сите околу запрегите. Во такви часови и тагата онемувала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не ме разбравте. Не бараше тој овца да заколам туку јас самиот тоа го мислев кога видов дека е ковче и кожа.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- По домаќиниве ќе плиснеме само вода за среќен пат. Никој, разбирате, солза да не пушти.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го почувствувал студенилото на долгата пушка, воздивнал влакнест како овен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Од јазикот негов капеше крв. Ни на господа не можеше да му се помоли.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога размислувал, пребрзо остарувал: господи, лежи сега под две топли јамболии жена му Фросина и го мисли или го сонува, децата спијат стиснати еднододруго, тлее жар во огништето, трча околу куќата црноглав пес - тој овде е мртов и судија на мртовец со зла крв во жилата на челото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кловнот тоа го мисли, тоа сака да го каже, само не може.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сето тоа што го мислев во тој миг ми изгледаше и како возможна вистина и како најобична глупост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Всушност, истото го мислев што го мислеа и тие сè додека, две години по нејзиното префрлање во Одделението за анализа, и брзото унапредување и назначување во чин на наредник, не се случеше оној трагичен настан на стрелиштето во Камник.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Доколку не ја познавав другата страна на Ема и јас за неа ќе го мислев истото, како и нејзините колеги.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Можеби се ќе беше поинаку ако тогаш ти го кажев тоа што навистина го мислев.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Велам: и ако сум таму? (Зашто сето ова го мислам со тајната предност да не сакам всушност да поверувам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Да се ограничев на сведочење од задоволство, за олеснување...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ама ова, си го мислев јас, внимавај, исто како што си правев анаграм Е кралицата и... наместо Клара Аицети или како што си ја замислувам мама во домот на Суарезови, а не крај мене.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нема да го пишувам крајот на она што си го мислев на концертот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од тоа секој ќе се стресе, еј, тука или во Франција.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Полесно е да излезам да го барам тој мост, да излезам во потрага по себе и да се најдам како сега, зашто веќе изодев половина мост меѓу извици и аплаузи, меѓу „Албенис!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ги гледав поздравувањата на Елса Пијаџо меѓу еден Шопен и друг Шопен, сирота, а од мојата ложа отворено се излегуваше на плоштадот, со почетокот на мостот меѓу огромните столбови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Можеби сега не ја тепаат или не можела да најде капут.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се сеќавам дека застанав да ја погледнам реката што одѕвонуваше и биеше. (Ова јас го мислев).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Колку е тажно што застанав, знаејќи дека сум на плоштад (но, ова веќе не е вистина, само си го мислам, а тоа е помалку од ништо).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од секогаш сметав ( и сега го мислам истото) дека писател кој држи до себе мора да се чува од три работи: а) автобиографски записи б) записи за други земји в) дневнички записи 7
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Со оглед на тоа што секој поим е е двојник на својата спротивност, како што би можело да се помисли, како тој би можел да им биде соопштен на другите кои се обидуваат да го мислат, ако не мерејќи го со неговата спротивност?...“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Јас, на пример го зборувам тоа што го мислам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
- Па да, и јас така нешто мислев, - вели бездарникот, па утот бесрамно си го става црното прсте на излупеното чело (таа проклета коса), - ете, сега, никако не може да си спомни, заколете го - не може да се сети или ако си спомни тоа е нешто што воопшто не го мислел.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сепак тоа можев да го мислам јас: пред дрвото ариш или тиса или криптомерија, се протегаше река, сива и зелена, и бездруго плитка, од нејзината посланост ѕиркаа камења по мазност и боја слични на коски.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Полицијата на мислите!? Навистина ли го мислеше тоа?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Подоцна, можеш да се правиш како тоа да било само трик и дека си го рекол само за да ги натераш да запрат и дека не си го мислел навистина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Токму тоа го мислиш, нели Винстоне?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Ти си мислиш“, рече тој, „дека со оглед на нашата намера целосно да те уништиме, така што ништо од она што ти ќе го кажеш или ќе го сториш нема ништо да измени, - зошто, во тој случај, се трудиме толку многу прво да те сослушуваме? Тоа го мислеше, нели?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Владејачките групи секогаш беа до извесна мера заразени од либерални идеи и со задоволство ги оставаа работите недовршени, обрнувајќи внимание само на она што нивните поданици го прават, а не и на она што го мислат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- ПРОСТИ, МАЈЧИЦЕ, него го мислам... чинам цел живот чекам, леле, да ми се врати... ОЧИТЕ да ги видам... ***
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Овој збор го измислив за да можам да го кажам она што го мислам.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Мајка го мислеше обратното зашто секогаш веруваше во враќањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Намисли да појде кај отец Серафим да му го каже сонот, да му се исповерда, да почувствува леснина во душата, но се исплаши да не го погледа прекорно отец Серафим и да му рече: Соновите ни го кажуваат она што го мислиме...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Елефтерија дотропа до него, го фати през половина од задната страна, се стегна во него, се исправи со раменото под неговата мишка и рече без сериозно да го мисли тоа: „Забележуваш ли колку сум повисока?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога ќе го прифатат, си става во неа камче да му тропа. За да го мислиш будала.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Она: дека ништо не е грешно додека го говориме тоа што го мислиме, рече татко ми.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Навистина го мислам тоа. Чао!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Нашето случајно недоразбирање појде од добра намера: „Таа“ ми се чинеше адекватно име за женско списание ( имајќи го пред сѐ примерот на „Elle“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Не спомнав дека со ова што го кажувам застапувам еден свој принцип, инаку да бев искрен ќе го речев уште веднаш она што навистина го мислам, дека не верувам оти тој, што ја одвел ќерка му, ќе се усреќи!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Каде беше, ќе го прашав? Мислев дека си овде.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Не мораше да го прифатиш она што Родна го кажува, па дури и она што го мисли“, му реков, „но можеше барем да потпомогнеш да се посипат нечистотиите со пепел“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ми вели: „Не ми го кажуваш ова оти доброто ми го мислиш, туку од завист“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Можеби другите поинаку ќе го наречат; сите ние различно си ги замислуваме нештата, си измислуваме свои имиња за работите што ќе нè изненадат, но за мене, она што го мислам беше и си останува како ѕид на времето.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Јас го мислам седи овде, слуша, а тој фатил вид-виделина!“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И јас мислев така, ѝ рекол Анатолиј, но дед Павел го мисли спротивното.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Отпрвин само му потврдуваше со главата, потоа почна да се уфрла со по некое „да“, „така е“, „и јас го мислам истото“, а кога овој мина на проблемот на дружењето, вжештено се втурна во монологот: - Каде да најдеш искреност!
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Перса повеќе како да си зборуваше на себе си, чиниш мислела дека сето тоа не го кажува гласно, туку го мисли во себе, оти одеднаш се сепна, молкна и рече Ништо ништо!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тоа што го говорите треба да биде во согласност со тоа што го мислите, способноста да се најдат соодветни зборови за тоа што сакате да го кажете е во слободното изразување на чесните мисли.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А тајната на слушање на срцето е во вербата во самите себе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Јас го мислам загинат, а тој, еве, стои пред мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас си го мислам германски мајор, дека носи нивна униформа, а ваму тој ми зборува бугарски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сака да знае дека некој го мисли, како неизнудена обврска.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа што го мислиш никогаш не влегува докрај во зборот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Знаеш, знаеш. – Одговори насмевот на куклата низ растегливоста на двете уснички полуцрвени и тивки како мед – тоа што го мислеше дека не знаеш што зборуваш, само потврдува дека си заљубен до коски.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Го мислев Влатко како ќе се снајде во нова средина, ама гледам - нема проблеми, како што велите.“ „Супер!“ едногласно дорекоа сите.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Истото го мислам и за книгата Атеистички музеј.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ете, така, така треба да го мислиш јадењето, особено ова нашето, партизанското, а не лап - лап и пак гладен.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Јадењето треба да го мислиш... - Да го мислиш.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зборувај го она што го мислиш и што го чувствуваш, а не она што веруваш дека треба да го кажеш заради некого.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Додека сето тоа си го мислев, беа да ѝ го кажам на мајка ми, таа стана, ме праша дали веќе сум ручал, како она за што до пред неколку минути разговаравме, воопшто да не сме го зборувале.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тоа е она што го мислам - состојба на успиеност, бидејќи свеста е една формулација, една мошне произволна формулација на било што, па сепак не на нешто друго.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Утрото рано решив нешто да сторам, цела ноќ тоа го мислев.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Е, и јас истото го мислам. А гледај чудо, ги напишал еден сосема друг човек, турскиот поет Дулгер заде Мехмед ефенди.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Знаев и дека треба со свои очи да види дека некој навистина го мисли тоа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Кога влеговме во нашиот двор, таа застана и ми го рече она што го мислеше цело време: - Сакам да посадиме во дворот жива елка!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)