го (зам.) - наведне (гл.)

Пак бев тука, покрај нив (тие никогаш не се сретнаа сами, јас бев вечниот сведок на трепетот на нивните зборови и на упорноста на нивното премолчување, јас внимателно го набљудував секој нивни гест и секој израз на лицето, кои издаваа многу премолчани нешта), но сега, кога брат ми седна крај постелата на Сара, јас го наведнав погледот, и само слушав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Слушав, но ништо не чув, освен уморното тркалање на гласовите, а зборовите во кои тие гласови се обединуваа како да не ги разбирав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш, Паца го наведнала погледот зачистувајќи си ја футата и истргнувајќи си го фустанот преку колената рекла, повеќе како за себе, ама добро да чуе Спиро: „Ете, како да е вистина тоа што се вели дека златен свети Наум е чудотворец!“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И пак го наведнува, како овената трева, зашто чеканиот не е.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)