го (зам.) - навлече (гл.)

Го навлече мантилот и јурна од куќата. Улиците беа пусти.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Нана ѝ внимателно го навлекува мантилот за дожд, минатата недела наполни шеесет.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Станковски е прилично контроверзен човек, така што и покрај скафандерот на питомост што го навлекол (ко заштита, или етички принцип?!) последниве години, сепак се чувствува снажна енергија на преобликување, која не ве остава рамнодушен, се разбира, па брзо упаѓате во вртлозите на љубов- омраза што ги емитира тоа корпулетно тело на господинот сликар.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Еднаш, божем посегајќи по Орбит мастики, украдов кондом од трафиката, го навлеков на показалецот, и потоа прстот го бутав во презреано јапонско јаболко, замислувајќи какво е чувството да влезеш во нешто толку мирисно, слузаво и меко како што велат дека е во жена.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Страста е корен на сите гревови и зла кои го разурнуваат телото и душата и го навлекуваат гневот на бога; зашто тој сè следи, сè гледа; го гледа и она што за нас е невидливо; ни борави во мислите, ни ги открива намерите, тајните; се мачи и сè чини да нè одврати од лошите намери и да ни го покаже правиот пат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сурии жени би трчале по тебе“, му рече, му се приближи, го потфати преку половината и го навлече врз себе на тепихот под стопалата. Просто го зеде.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А најтајното место во ова царство е одајата со три печати, оти во неа сигурно никој нема да влезе, за да не го навлече проклетството врз себе“, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И еден ден, кога логотетот го свика советот по прашање воено, тој на крајот, откако советувањето заврши, побара збор и рече: „Пресветол и најмудар логотету; долго време веќе мислам и размислувам дека ќе го навлечеме врз себе гневот Божји ако не постапиме мудро: Бог знак ни испрати со Филозофот, и неговите чудесни дела што ни ги покажа овде кажуваат дека божја волја е него да го примиме како тринаесетти мудрец во советот наш, со тебе вкупно четиринаесетмина да бидеме.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Стоеше колебливо еден миг, правејќи несигурни движења со рацете, а јас во тој краток момент, со онолку прибраност колку што беше можно, успеав повторно да го навлечам фустанот на себе и да си ја вратам сигурноста.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Го навлече кловновското лице и појде по светот. Тираните го сметаат за шут.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Фројд заклучува дека „би било незамисливо... човек да го користи името на својот најверен пријател во животинскиот свет - песот - како пцост, да не постоеја двете особини кои го навлекоа презирот кон тоа животно: станува збор за животно коешто има доминантно сетило за мирис, коешто нема страв од измет и не се срами од своите сексуални функции.”**** **** Sigmund Freud, Civilization and its discontents. 14 okno.mk Наспроти животното, човечкото суштество, со својот исправен од, не ја губи само способноста за душкање, туку и можноста за анимална копулација.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тоа значи да ја одбиваш културната дихотомија што туѓото страдање го смета или за трагично или за (само) патетично, според степенот на општествена престижност на засегнатите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа значи да знаеш дека болката ти подлежи на исмевање, а пак да не престанеш да ја чувствуваш – и да ја пригрнеш автентичноста како иронично средство за оспорување на туѓото полагање право на сериозност, со што ја предизвикуваш вткајаната логика на општественото обезвреднување која ја тривијализира болката на несериозните луѓе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Неудобно мелодраматичниот етос на машката геј-култура ја објаснува големата вредност што таа им ја придава на извештаченоста, на изведбеноста, на неавтентичноста, на кампскиот хумор и на расчараното (но не и разочарано) гледиште кон љубовта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таквите иронични преупотреби на мелодрамата не ги оспоруваат казнените осуди од елитното општество на тој неугледен поджанр, туку свесно ги прифаќаат, а на нужно претераната изведба на чувствата што се сметаат за патетични ѝ го навлекуваат општествениот презир на кој таквите изведби и му пркосат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тука веќе немаше каде, и тие го изгубија сонот, - доволно беше на нас да падне сомнежот, на некој глупав начин да сте го навлекле на себе или некој само со прсте да поткажал на вас, о мајко моја!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Добро, добро е, многу добро што успеав да го навлечам да се исповеда.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Таа ми помогна да влезам во тоа, ми пробуши две дупки за ноздрите, го повлече патентот на грбот и цврсто го навлече преку мојата глава.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ми пасуваше како облека за нуркање.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А сѐ друго - милувањето, нежноста и благото предавање - беше она на што се надевав. Речиси.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)