го (зам.) - наговори (гл.)

Почна да го наговара одоколу да остане и налето момок, може не ќе жние токму со аргатите, ќе помага нешто на булукчиите, а и нему ќе му биде десна рака.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ова недвојбено укажување на него како на извршител на злосторот, па Мусли бег, загрижен од одмазда на дворот врз сиот негов сој, се опинаше да го наговори Арслан бега да се откаже од потерата по Владимира Акиноски и да моли, и да измоли заедно, со помош на беглербегот битолски, нивни роднина, што побрзо да му биде даден ветениот имот во Битолско.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Така, познат е случајот кога Хавелок Елис (Havelock Ellis) го наговорил познатиот поет Јејтс (W.B.Yeats), да проба мескалин и кога овој халуцинирал разни чудовишта и змејови додека гледал во шарениот столб за огласи негде во Челзи.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Љаке задоволно отиде да каже дека едниот, посилниот, го наговорил да се борат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ќе го наговориш мажот ти да направи дарение на манастирот, та така гревовите да му се простат.“ Тодора ги избечи очите: „Дарение!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Учителот ќе го наговори стариот. Само Арсо нека потрпи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сега ќе треба ти да го најдеш Илија и да го наговориш... Разбираш?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Вангел Русјаков се качил на втората плоча со својата ситна женичка и купот деца, додека Родна не успеала да го наговори нејзиниот Петре и тие да одат горе и да си шарнат една или две одаи со бела вар како Геле Колишев и Вангел Русјаков.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Камионот помина покрај него и го познав по гласот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Денес одиме за Сук. а утре, можеби на враќање, ќе го наговорам да навратиме тука.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Митре го пофаќа Колета и му шепоти: - Кој ли го наговорил?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Итрецот сакал барем по нешто да ја издвои собата на Сузи од изгледот на собите на другите девојки.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А јас верувам оти е блиску до паметта дека Ролан го наговорил својот пријател да не прифаќа нов сличен договор за да не го потемни успехот постигнат со првата слика.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сам, со туѓото минато како со свое со своето како со туѓо со „стодваесет и петте гласови“ кои, секогаш одново, го наговараат да се оддалечи од живата стварност сѐ додека таа, неповратна, не се претвори во јаз кој не се објаснува и кога ќе се преживее.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И сѐ така, некако го наговоривме. Дојде човекот. И убаво отпеа, за право. Јачи црквата, се нишаат иконите, свеќниците.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)