го (зам.) - наложи (гл.)

Тужбата може да се повлече и подоцна, сè до заклучувањето на главната расправа, но само ако тужениот се сог- ласи со тоа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако, пак, тој [тужениот] – во рок од осум дена од денот на известувањето за повлекувањето на тужбата, не се изјасни за тоа, ќе се смета дека се согласил со повлекувањето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Секој од трудот свој да има корист – тоа го налагаат и правото и правичноста!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како што тоа им го налагаат нивните погледи нетукашни, костумите нетукашни.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Ограничена активност, по Берлинскиот конгрес, пројавила и протестантската црква која успела да го наложи своето влијание само во источниот дел на Македонија (Разлог, Неврокоп, Банско).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По освојувањето на Македонија од страна на Османлиите, Исламот станал дел од македонската стварност.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Животот и книгите ме учеа на вистината дека никој нема доволно моќ да го создаде правото, ниту да го наложи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И сега, на овие верници во два бога, во идеолошкиот и во религискиот, требаше да им го наложи својот авторитет.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Продолжуваше, осуден на повеќеслоен егзил, да се провлекува по маргините помеѓу двата света, успевајќи длабоко да проникне и во едниот и во другиот, но без да го наложи својот авторитет за тие, докрај, да се дообјаснат и да се дооткријат меѓу себе.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Со одлука У.бр. 263/2009 на Уставниот Суд на РМ, беше касирана ваквата одредба, а Уставниот суд во своето образложение нотира дека со ваквата формулација „се создава можност работодавачот во димензионирањето на работните активности да ги повреди уставно загарантитраните човекови слободи и права во кои се и правата од работен однос и интегритетот на работникот“. 33 в) кон експлицитната формулација која прохибираше дека работодавачот не смее да наложи работа подолго од полното работно време на повозрасен работник (работници повозрасни од 57 години – жени и 59 години – мажи), беше дополнета со услов дека тој тоа не смее да го наложи „без негова согласност“ (чл. 23 од ЗИДЗРО/фев.13).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Татко често целото семејство го собираше во својата библиотека кога имаше нешто значајно да ни каже или кога требаше да го наложи молкот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А тоа е сосема логично.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто, во повикувањето на емоциите на возрасниот гледач, секоја сцена ја преодигрува поделената лојалност со која првобитно се одликувала борбата на геј-детето (или, можеби, борбата на секое дете) за љубов и признание, неговите истовремени напори да биде спонтаниот предмет на мајчиното внимание и да има доволна моќ врз неа за да го наложи тоа внимание.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нивната мажествена родова кодираност истовремено го налага единствениот и историски особен статус на настанот и произлегува од него.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мора да се знае дека се случуваат само еднаш, затоа што самата нивна дефиниција налага да изгледа дека не се одвиваат според сценарио: за да се квалификуваат како „настан“, мора да се состојат од единствено, самоникнато дејство што завршува еднаш засекогаш кога ќе дојде крајот и мора да не може да се повторат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога Вацлав Нижински го подражавал чисто изгледот на тенисот, како да е изведба или танцова приредба, а не спортски натпревар и кога се послужил со особените движења на тенисерите како основа за својот прочуен балет Игри од 1913 година, критичарите се згрозиле: се бунеле дека изгледа воопшто не ги разбрал вистинските правила на играта и целта на играњето тенис.289 Не е случајност, тогаш, што спортските натпревари – со еден-два ретки исклучоци – никогаш не се преодигруваат, препоставуваат, преизведуваат точно онака како што се случиле првиот пат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во разните спорови што се воделе во врска со ослободителната борба тој успеал да го наложи своето мислење и став.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Бидејќи во Турција не се признаваа нации, туку вери, а овие беа олицетворени во признатите автокефални цркви, основањето на Бугарската егзархија го наложи и административното воведување на бугарското име за сите поданици на султанот што се приклучија кон таа единствена словенска православна црква во границите на Турската Империја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Голема моќ е да умееш да бидеш губитник, победник во поразот, кој сам по себе ни го наложува трагизмот на животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тие стануваат верни, не избирајќи средства, низ војни, жртвувања, во остварувањето на имагинарната божја мисија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Можев во тогашниот Тунис на Бургиба, кој беше во зенитот на својата владетелска моќ, да ја доживеам реакцијата во арапскиот свет по поразот...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Титовиот погреб беше официјално најпосетениот закоп на некој владетел во минатиот век...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во дезориентираниот арапски свет по поразот од Израел Арафат ја гледа историската шанса да го наложи своето лидерско кредо.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бродот Галеб, Титовиот син воз, беа само симболи на едно време, на едно владеење, кои немоќните политичари кои се сметаа како наследници-спасители на Титова Југославија, како да сакаа да го наложат невозможното, исчезнато, дел на еден дамна скршен владетелски сон.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко, поради шеќерната болест што почнуваше да го нагризува, повеќе се задоволи да ја гледа баклавата и само да ги лизне позлатените слатки кори од своето парче, додека го слушаше Камилски, веднаш помисли на улогата на овој драгоцен десерт кој постоеше во целиот тек од постоењето на Османската Империја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко убаво ќе се сеќава на големото чистење кое ќе го наложи Ататурк на арапско-персиските синтагми и посебно лексичките од турскиот јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Новите освојувачи на Балканот, Османлиите ќе го наложат новото тројство: шеќер- ориз- путер, од кои првиот и последниот елемент влегуваат во составот на баклавата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Второ, за адаптација на простор се предвидува исплата на 30 просечни плати со можност за повторно користење на средствата доколку тоа го налагаат промените во техничко-технолошкиот процес или видот и степенот на инвалидност на лицето.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Овие средства не можат да се користат повторно пред истекот на три години, освен за адаптација на работното место доколку тоа го налага техничко-технолошкиот процес.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Наспроти сите притаени сопирања од страна на Татко да појде во родната земја, Мајка беше решена да се најде и на жртвеникот на враќањето, небаре сакајќи, со самото минување на границата, да ја обезличи, да нѐ ослободи од нејзиното митско присуство во нашите животи, да го наложи чинот на враќањето како нормална состојба, како и за сите други луѓе на земјата, како нејзин реванш над балканската историја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Потем успеваше на своите книги да им го наложи среќниот распоред, како противтежа на нашиот егзил.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Заедно со Мајка, тие беа на браникот на нашите животи во балканскиот егзил што ни го наложи судбината.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во тоа Татко го гледаше чистиот континуитет на јаничаризмот, колку што беше голема немоќта да се открие вистинскиот континуитет кој одеше кон обединувачка апотеоза на прекинатите развојни линии, при што зајакнуваше илузијата кај новите победници - да го наложат погрешниот континуитет кој почиваше врз утописки основи, за да го достигнат, вистинскиот, органскиот континуитет.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кога оцени дека е тишината погодна да го наложи својот авторитетен глас, секретарот, Трим Тоска, Албанец, познат првоборец од овој крај, стана и ги претстави присутните со избрани зборови, најпрвин претставникот на централниот комитет на Партијата, потем претставниците на Министерството за градежништво и урбанизам, па локалните функционери, како и биологот Цветан Горски, Јагулче Дримски очекуваше да го слушне и своето име. Ама, ништо!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Како да се именува тоа што уште од почетокот на романот го наложува своето присуство?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Особено тогаш кога тоа ни го наложуваат обврските“, вели додека пребарува нешто по џебовите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Јас сакам да услужувам, и затоа сум му жртва на животот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Го правам она што ми го налага мојата вера, мојот ум, моето срце, моите најдлабоки уверенија.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сега, имаме листа на луѓе кои зборуваат кинески и кои праќаат „input” во собата и нека човекот во собата „го извршува” програмот читајќи го и правејќи го она што го налага програмот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)