го (зам.) - напади (гл.)

И уште тука се виде дека четворицата ортаци што го нападија Турчинот не јадат леб на една софра.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тие — Грците Цицовци, Кондиловци, Кацигаровци за една две недели довикаа од Лерин регуларна грчка војска и го нападија Ѓура и од неговите „бугарски" села.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На поп Петка му одговори на здравоживото ладно, бидејќи одамна се караа по семејни причини, и му го покажа со глава малиот Крчо со неколку зборови: — Еве, го, го доведу, ама гледај да не го нападиш па оти со мене ќе си имаш расправиа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ете, така златна стриничке, си го напади детето, сега токо плаче, како бабата Бисера Манџикова.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Поможи ми, мори мајче! И на вој век и на тој мајка ќе те знам. Земи, земи, одврати му ти вода, јас ќе му пеа љубовна песна, белки ќе го нападиме натемато од него, да се прибере, да си го земиме воа сиромашчето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Едно дете има попот и тоа си го нападил да се главуа по туѓите луѓе! — плачеше Бисера и не можеше да му помогне на постраданото братче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Море, доброутро, домаќину, бре! — вика Манџик, братучед на Крлета и сака некако да го протера слепото магаре покрај Малови, ама овие знаат тој што сака и со една сопа го нападија над кале.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој не ора, не копа, не жние, не врши. Него бегот не може да го псуе на вера и закон, не може да го продаде како другите чифчии, но сепак може да му удри некој и друг дипшик, да го измаскари и да го напади предвреме без да му ја исплати заслужената руга.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Море ми, шо направи, синко, оти го напади агата, ќе не јаде тој пес Адем! — почна да се тапка мајка му.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само да го нападам ова црвче што ме нагризува под лажичката.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Треба да го пукнеш ѓаволот, вели Уља, треба да го излажеш дека не ти е жал за децата, да го нападиш од дома. Во туѓо село да го нападиш, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
После го одврзавме човекот и го нападивме. По години, се разбра дека избегал во Америка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)