го (зам.) - нареди (гл.)

Тоа му помогна, мозаикот од настани, бавно и коцка по коцка повторно да го нареди, но овојпат по обратен ред.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тетка ми со шамиче ги бришеше солзите, а јас во тој момент, веројатно поради начинот и содржината на сето тоа што го нареди не можев да заплачам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
„А кој бара од тебе ангелчиња.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе насликаш петокраки на двете страни од сандакот и една озгора, на капакот. Ништо повеќе“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Немам тенеке за да исечам ангелчиња и да го украсам ковчегот, другар Ѓурчин“, реков.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ова ти го наредува власта, а власта никогаш никому не му останува должна", ми нареди Ѓурчин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Седна задоволна и додаде: - Паметна е таа моја сестра, знае да си го нареди животот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Од нога му нареди на Евдо, бидејќи негов постапалник, како знае и умее да најде безбоен конец, јадици со црви и стап по своја должина; на Ване, да испразни една торба и да ја наполни со свежи коприви; а на шоферот да наполни испразнети конзерви минерски карбит и рударски фитил; а самиот прв ги навре износените патики и на целата екипа тоа не им го препорача туку им го нареди, макар што секој од нив знаеше дека по снимањето ќе се вратат со партали на стапалата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Еден е саатот насабајле! Ах! Ебате беља!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сакаше пак да чисти, да го нареди дуќанот, украсчињата...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ги здогледувам сказалките... Токму тие од станицата Орсе... огромните сатови...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Така е, брате. Каков што го наредил господ животов таков тој и ќе биде.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Таа велеше дека, кога работ- ник ќе биде ставен во притвор, органот што го наредил притворот (судот) е должен, во рок од три дена, да го извести работодавецот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
НЕДА: (Влегува.) Господин Луков, јас... јас ќе појдам кај сосетката, во врска со она што го наредивте.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)