го (зам.) - насети (гл.)

Татко сигурно го насети моето неодредено чувство на вина.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Али Фети го насети позитивниот одговор на својот внук и продолжи: Ние, синко, сега во Турција живееме во клучно време, сами го менуваме текот на судбината.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Али Фети тоа убаво го насети и продолжи: Ти, синко, успешно ги започна правните студии во Измир, а и работеше со најпознатите адвокати, би било убаво да ги продолжиш на Цариградскиот универзитет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јас тоа не го реков, мој Камилски, туку ти тоа убаво го насети: постои поврзаност помеѓу балканските јазици, наспроти тенденцијата за создавање вештачки меѓународен јазик за сите и јаничаризмот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се исплашија од нешто невидливо кое само тие го насетија. Потоа се слушна како скрца ковчегот, како се потстресе.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но отец Иларион знаеше дека Бонети не мирува, па често кога ќе го насетеше дека се вртка крај нејзината одаја, ќе се накашлаше давајќи му знак дека е буден, или ќе ја отклучеше вратата од својата одаја давајќи му време на Бонети да се повлече, да не дојде до кавга, до расправија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Останав со Луција; таа ме бакнуваше страсно во устата, како да сакаше нешто да ми надомести; мене ми се гадеше и ми се блуеше; ми зборуваше дека тоа со народниот дух е сериозно, и дека сум требал да признам, но не сѐ и не одеднаш; дека сум требал да признам нежно, а не со гордост; не ја слушав, оти свеста ми беше на работ; ја прашав дали забележува дека боите воопшто не се обоени, и дека мирисите воопшто не се миризливи; попусто се обидував да го насетам мирисот на цимет во нејзината коса, оти веќе го немаше; бев сосема прилепен до нејзините гради, и ги чувствував на моите, но тие беа како брадавици на некаква мермерна Венера; всушност, чувствував дека светот е страшно изморен, и дека сите тие бои, мириси и допири се веќе стари, дека им треба обнова.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа секако ќе знаеше да го насети присуството на волците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Постоеше тука нешто, што тој го насети уште во првите вечери, а една вечер веќе не можеше да не запраша.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Марија повеќе го насети, отколку што го слушна неговото присуство во дворот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не топлиот ветер, не промената на времето, туку неговиот здрак што го насетило моето срце, проклето да е!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сакал или не, со конечност увидувајќи во каква положба се наоѓа, не можеше а да не го согледа единствениот можен излез: претстојната, неизбежна, несакана, но и спасоносна посета од невидливиот последен гостин кој, каде и да е, со оглед на неговите години и пораките што ги добива преку телесните тегоби, ќе дојде без да заѕвони, без да тропне на врата, без да направи шум што ќе го насети неговиот грифон.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но тој не го насети тоа. Добро, не само тој? Многумина поминаа под тоа кубе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мајка од далеку, по чекорите, го насети неговото идење.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Со генералните идеи на движењето, беше в ред, можеше да го насети правецот на историјата, за да не ѝ се испречи пред неа, па таа со најмал удар да го совлада, да го обеспати, да го обезнадежи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тој не можеше да го насети мигот, кога да се заблагодари.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко ѝ и тој славен кадија, по неколку генерации, прв го насети крајот на Царството.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко, кога нѐ виде сите собрани, пред куќата, на прагот, готови да полетаме, како семејство, кон најблискиот облак, за да ја минеме границата, веднаш, по силната возбуда што ја почувствува во мигот, претпостави дека Мајка или го насетила денот на конечното заминување или веќе наминал претпазливиот Гури Порадеци којшто, свесен за критичноста на мигот за опстанокот на побратименото семејство, не сакаше ништо да му препушти на случајот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Твоето име нема да биде заборавено, зашто ти беше сиот вдаден да го видиш она што другите не можеа да го видат; да го чуеш она што другите не можат да го чујат; да го насетиш она што другите не можат да го насетат; да навлегуваш во тајните кои на другите не им се достапни.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)