го (зам.) - нахрани (гл.)

Невестата Митра си ја знае својата работа. Рано ќе меси, крмакот ќе го нахрани, вода ќе залее, тиква ќе кладе да се свари, слама ќе извади, вечера ќе пригоди и денот поминал.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ноќва, од пределите на детството, би стигнало нашето црвено ждребе, за да го помилувам и кршејќи залаци леб да го нахранам, за потоа одново да се разигра виштејќи и потскокнувајќи и своите тенки копитца натопувајќи ги во месечината и со нив ставајќи златен печат врз детството.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тие го учат Американецот со што да го нахрани своето тело.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Веројатно ви е познато колку може да ви го нахрани егото читањето на нешто што сте го пишувале пред дваесет години, па дури и тоа да се поништени чекови.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Откако желката го нахрани, полжавчето слатко заспа, заборавајќи на невремето.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Понекогаш се враќаше со изненадувачка ненадејност, без претходно предупредување, како нешто живо во неа, што било заспано, па се разбудило од силен удар и било гладно и имало потреба да го нахранат, а неговата цена беше болката.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И таа сака да го нахрани со тоа за појадок.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Морам да го нахранам добитокот. Да го напојам. Морам да издржам!“
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Знаеше дека е доцна, дека мора да побрза да го нахрани добитокот, да го напои, но чувствуваше некаква чудна безволност, па уште дваесетина минути по разбудувањето остана да лежи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Кога забележа дека го нема? – ја распрашував додека ја превртувавме наопаку цела куќа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Бак заспа откако Љубе го нахрани, а тетка ми Ане дури и запеа кога тој и ја пушти нејзината омилена песна „Карузо“, во изведба на оперскиот пејач Павароти.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ние двајцата, Саше и јас, без да нè забележат, отидовме во неговата соба и си пуштивме наша музика, како што и им одговара на едни вистински кич деца.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Фрањо беше малечок мрзливец што Лета многу го сакаше, но не баш толку многу и се грижеше за него. Ѝ се случуваше да не го нахрани навреме, или да заборави на него подолго отколку што би требало.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Морам да го нахранам моето тело со искварената набрекнатост на непознатото, на неблаженото. На туѓото.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сега сета суштина на неговото постоење беше само во тоа да не го изгуби од пред своите очи тој идеално направен круг во небото, а низ неговата крв и низ сите негови можности да чувствува наеднаш му се будеа сите богови со нивните усвитени кораби, сите бели атови и нивните боговски колесници, сите затрчани младичи со факели и сите Сончеви Мајки, што го чекаат тој морен патник зад првиот брег, да му постелат и да го нахранат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Вечерта, туку што го нахрани и го заспа Карл, кога пак ги слушна повисоките кавгаџиски гласови на долниот кат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
„Го најдов и го доведов. Ќе го нахраниме и ќе го облечеме. Ќе се моли за нашите души.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Го најдов светово човече во грмушка“ рече дивиот човек.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Треба да му олесни на небото, како би можело послободно да дише, а исто треба да се засити жедта на сувата утроба на Земјата, како би можела да го нахрани и освежи и размножи животот на неа.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
-Спушти ме мене, нахрани го гладниот јастреб! – инсистираше старецот, закотвен во скутот на Еразмо. -Како да го нахранам?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Живни. Имам вреќа нов овес во кујната – да донесам за да го нахраниш побратимот?“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сигурен сум дека ниту еднаш во периодот меѓу единаесеттиот и тринаесеттиот век, барон, трубадур и работник не се споиле толку хармонично како што се случи тоа со нивните паралели таа вечер, на ранчот на стариот Елисон.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Го одведоа во топлиот мравјалник и го нахранија.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Таа мораше самата да го нахрани.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)