го (зам.) - одвлече (гл.)

Европската свест е обележана со дуалистички одговор на прашањето за човековата природа, според кое човек е составен од два дела различна природа, дух (душа) и тело коишто немаат иста вредност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Духот е кормилар, знаење, вечност, а телото е минливо, затвор и место на измама; со својата заплетканост во светот на физичките односи го ограничува духот и го одвлекува од неговите цели.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Нешто друго ми го одвлече вниманието.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Јас со сета сила јурнав и ќе стасав да се мушнам во мртовечкиот сандак, ама тие жените со оние нивните дојки ми го одвлекоа вниманието.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во еден момент нивната смеа ми го одвлече вниманието.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тој беше строг родител. Сакаше сѐ да контролира.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Секое нешто можеше да го одвлече неговото внимание од пакувањето, толку му беше одбивно тоа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- па го одвлече и Грдана по себе, го повлече или се потпре на него.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Веруваше дека така ќе биде и овој пат, макар што неговиот живот и неговото судење, на Балканот, беа толку комплексни, комплицирани и извртени, што интуицијата можеше Чапаева да го одвлече во друга насока.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
-Дури кога ќе се најдам на ваква патека сфаќам зошто не ги претпочитам широките улици по градовите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но Даскалов без некоја поодредена намера ми го одвлекува вниманието од збунетоста: - Патекава нуди чудно задоволство - вели тој.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И додека со огромна љубопитност ги разгледуваме изложените експонати, внимнаието ни го одвлече појавата на телевизискиот екран на знакот на солунскиот ТВ канал и најавата дека ќе биде емитуван документарен филм насловен: “Πρεσπα η καρδια της Μακεδονιας”.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тетка Рајна за целото тоа време се обидуваше да ме зазборува за нешто друго, да ми го одвлече вниманието, но гледаше дека не ѝ успева, па и таа замолче.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога е средено, сѐ, по оној ред, што си го има за себе секој човек, тогаш не постои ништо друго што би можело да го одвлечува од работата, и тогаш човекот е слободен да го стори најдобро сето она, што треба да го стори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мошне мудро се вмеша во разговорот за да им го одвлече вниманието на Саво и Снеже им го одвлече од темата за Бечеј, Нови Сад и Качарево.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Месечината го минала патот пред неговиот прозорец и го одвлекол својот зол зрак.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Десет илјади, му рекоа, а тој само што не прсна, какви десет илјади за оваа сува слама во измитарена кожа, кога тоа чудо нема ни заби, немаш заби ни ти, му рекоа браќата, понесени од љубовта на Отец Симеон за белата душа и рекоа уште нешто, заради што пенушката помодре и им ги покажа забите, па тие веднаш се снајдоа и го одвлекоа коњчето, сеедно, не е само тој купувач на овој вангелосан свет.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Климент Камилски за миг го одвлече Татковото внимание за прашање што му го постави за генезата на распоредот на книгите во библиотеката, па се надоврза на темата на запалувањето на Александриската библиотека: И на запад страдале книгите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со благост на човек меѓу коњи и со коњи израснат, со наслада наслушувајќи го жуберкањето на чешмата, Татарот го одвлекол белиот Лебед кон коритото.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Па? - Види Алек, може да се случи нешто да им го одвлече вниманието на луѓето.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
ТРОШЧЕЈКИН: Па знаете, мене ни земјотрес не ми го одвлекува вниманието, ако заседнам над работата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Другите деца се затресоа и замолкнаа кога видоа како крвнички Ибраим го одвлече нивниот другар.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Да не дозволи ситните провокатори да му го одвлечат вниманието од патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Свето го фаќа Анѓеле одзади и го одвлекува од Аце.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
„Во мансардата!“, врескаше. „Таму е тоа!“ Тоа беше слаб трик за да го одвлече на време горе.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Но брзо сфатив дека станува збор за неважни поединости стокмени со единствена намера да ми го одвлечат вниманието.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Стариот писател настојуваше да дознае повеќе поединости за смртта на Самоников.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Чекаат да ја видат баба Донка зарадувана, и, кога во плевната ќе се надомести она што пред година дена го одвлече водата, тогаш сосем искрено ќе ѝ ја кажат вистината.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Границите постојат за да бидат скршени од човековите активности. 66 Дечиња-зајчиња се деца помали од 13 години (понекогаш дури и од 6 или 7 години), кои си играат со агентите на граничната патрола, со цел да го одвлечат нивното внимание од семејствата се обидуваат да претрчаат преку границата и да влезат во САД.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Крајната цел не е да се уништи, туку да се поправи, да се направи подобар.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Не поминаа ни петнаесет минути откако легнат се обидував да читам и така да ги оттргнам мислите од мојот надуен мев, кога вниманието ми го одвлече ритмичен, повторлив звук што не можев да го дефинирам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Повторното ѕвечкање на чинијата врз масата, кое доаѓаше од стомакот на тетка Марија што се тресеше од смеење, ја потсети на лутината, па замолчи и пак луто ја погледна снаа ѝ.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во сето тоа Дедо Мраз зјапаше, плашливо збунето, до оној момент кога најубавата кукла повторно му го одвлече вниманието, кога нејзината виткост ги надрасна сите убавини што поиграле пред неговите очи, сите волшепства што зачукале на неговото срце.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Има намера да ми го одвлече вниманието на другата страна - се досетив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)