го (зам.) - одрече (гл.)

Од друга страна, Дерида го одрекува постоењето на такви нешта И оттаму заклучува дека смислата не е одредена.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Комбинирајќи ги двете, се обидов да направам нешто со печатите. Дали го сметате Швитерс за типичен претставник на модерната?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На пример, при изнесувањето на тврдењето дека јазикот нема никаква одредена смисла, се чини дека Дерида изнесува едно тврдење со одредена смисла.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како би го дефинирале значењето што Курт Швитерс го имал за вас? Јасно е дека Раушенберг, во 1953 или1954, ја видел изложбата на Швитерс кај Дизни Џенис (Disney Janis) на 15 East 51 street, бидејќи истовремено тој излагаше кај Бети Парсонс (Betty Parsons), која се наоѓаше на истата адреса и на истиот кат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Меѓу нив имаше едно или две дела изработени со печати. Некои современи уметници чие творештво е сродно со творештвото на Курт Швитерс го одречуваат непосредното влијание и зборуваат повеќе за некакви заеднички преокупации од кои пак произлегуваат слични форми (тоа е случајот на пример со Раушенберг (Rauschenberg) во однос на COMBINE PAINT­ INGS.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Витгенштајн мисли дека смислата мора да биде одредена; затоа тој го постулира постоењето на едноставни објекти како значења на извесни знаци.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Изгледаше како да го притиска некоја огромна сила, нешто што му навлегува во черепот, што му удира по мозокот, што го преплашува во убедувањата, нешто што речиси го убедува да го одрече доказот за својот разум.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нараторот дента на посетата на Атеистичкиот музеј беше со борбено настроен дух и не престана да одговара на провокациите на своите собе­сед­ници, особено на А.А., еден вид „сфинга”, предзнак на зла судба, чија задача е да го одрече неговиот „буржоаски космополитизам”, еден од најголемите гревови според владејачката идеологија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не треба да се докажуваат фактите што странката ги признала пред судот во текот на парницата – но судот може да нареди да се докажуваат и вакви [неспорни] факти, ако смета дека странката со нивното 159 признавање оди кон тоа да располага со барање со кое не може да располага.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судот, земајќи ги предвид сите околности, според свое [слободно] убедување ќе оцени дали ќе го земе за признаен или оспорен фактот што странката првин го признала, а потоа наполно или делумно го одрекла или го ограничила признавањето со додавање на други факти.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А само малку подоцна, она што го беше рекол дотрча да го одрече Мал Борче.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се обидуваше несреќникот да се измолкне од ѓолчето, (меѓувреме сигурно беше разбрал дека Кире е префрлен во кадровското на Републиката), од она обично ѓолче со плитка вода а всушност сѐ повеќе заглибуваше во една прилично длабока локва со кал.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сега тврдеше дека немал намера тоа да ми го рече; дури воопшто и не планирал да ми спомнува такви глупости, нему тоа што го рекол му се испуштило, и тоа сосема случајно; а потоа објаснуваше, објаснуваше...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе спомнам недоразбирањата колку учат Од средбите на постојното со илузорното Кога предметите еден до друг притрчуваат За да го одречат или потврдат спорното Овде нема роднини а сите блиски Отскитаа во посветли простори Во одаите прозорците се ниски Потсетуваат на натрапници а не на гости Така е и со ветрот во градината Наминат во невреме, самиот како што вели, Ламбата е згасната, па сепак виделината Заборавена зрачи од ѕидовите бели.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Песните го одрекоа она што го говореа Го искорнаа она што го мислеа Какво апсурдно однесување: Решиле да бидат слободни!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Го истопорија да седи на столот за сведоци и требаше само да го потврдува или да го одречува она за што ќе биде запрашан, а тој се правеше дури и непотребно невешт.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)