го (зам.) - осакати (гл.)

Очигледно е дека ова окаменето и немушто битие немало сила да ја крене секирата и да го осакати своето стебло.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
- А ако го осакатеше? – рече Трајанка.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Човечкото суштество прави јасна разлика меѓу себе и светот – може да сочувствува, може да биде бесчувствително, но секогаш мојата болка е моја болка, и мојата радост е моја радост, колку и да ги споделувам со другите; а болката и радоста на другиот никогаш не можат да бидат во потполност мои.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во дворот Јанчески дотрчаа жителите на Потковицата и никој, освен Турците, не веруваше во приказната што лелекајќи низ дворот ја огласуваа Јанческите: Руса нивна во визбата, на некоја шајка, си го огрубела лицето, за малку и виделото ќе си го осакатела, но и никој не ја оспори гласно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тие го претставуваат неговиот неуспешен обид да се издигне над општествените, културни и политички прилики коишто секогаш одново го осакатуваат и понижуваат.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
А кога не можат ниту да побегнат, ниту да се уверат дека другите се само прецизни механизми, чувствуваат како другиот да го осакатува нивното Јас, како да ја касапи внатрешноста на тоа Јас, и тоа чувство ги полни со страв и со омраза. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
По операцијата што му ја направија на Темелко на вилицата, болничарот му рече на сакатиот: „Ах, го осакати... Тешко ја склопува вилицата...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)