го (зам.) - откине (гл.)

И тотаму тогаш мајка и на Нешка се стори пред него и го откина од овие две разбеснети страчки, ги напади далеку, а страчето што беше го фатил му го врза за нога со едно сиџимче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се загнаа татко му и стрико му и го откинаа Муарема со многу извинувања „да не фаќа кусур на детето", бидејќи е лудо и аџамија, не знае што прави.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Крвта бликна и му го облеа лицето, а Толе збесна. Со еден скок го фати сега за гуша Аќифа, му го откина јатаганот и, дури да посегне Толе и дури да го спречат другите ораџии и сеирџии што се загнаа да го откинуваа, Толе замавна и тилот од Аќифовата глава се оддели од другата половина и Аќиф се испружи на сред чаир.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кољо го откина двогледот од очи и рече, подавајќи му го на Трајко.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На, држи го конецот, држи го се дотогаш до кога некој од мртвите раце не ти го откине...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Избезумен со глава го удри в лице и во истиот миг му го откина од рака камшикот и му врза два нишани од уво до уво.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- А ти, бре Прокоп, како е со твојата работа?! - како од бочва праша Аргир и го откина од мислите молчеливиот блед работник, којшто седеше збунет и притиснат понастрана од тајфата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Почнало да се вртка околу себе за да го фати несреќното опавче со забите и да го откине.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Се налутило толку силно на своето долго меко опавче и сакало да си го откине.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Не знам како собрав сили да го отчипчам од жената, да ѝ го откинам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дај му малку ветар и готово е не само очи да ти извади, ами и срцето да ти го откине со своите валкани прсти...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И неочекувано откривам како во мојата замисла Виктор наеднаш ѝ приоѓа, како со еден зафат на раката ѝ го откинува десниот ракав, а потоа секавично неговата рака повторно се крева и сета десна половина од фустанот останува згмечена помеѓу неговите прсти.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Измолкнувајќи се наслепо од вриежот тој се домолкна до едно парче од масното платно, повлече, чувствувајќи го пленот, а потоа го откина.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)