го (зам.) - парчосува (гл.)

Додека шишенцето кружеше меѓу наседнатите, додека постарите мезетеа од сирењето и зелјето, Кирил го парчосуваше јагнето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дел по дел, камче по камче од мозаикот вадам, Едното го растурам на две, на три, на многу, го парчосувам Едното и пак го редам, го подредувам во Едно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се стемнило небото, молскавици фатиле да го парчосуваат, се затресла и распукала земјата...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)