го (зам.) - пика (гл.)

— Ами, па ти мајко. Токо ми го пикаш в очи тој шебек.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не знаеше Петре за одењето на жена му кај попот Никола и за прокудата што таа му ја токмеше, ама стравот од такво нешто никогаш сосем не исчезна: цело време тој само го туркаше надолу, му го пикаше перчето под вода, ама тој сепак одново земаше воздух и живуркаше небаре секаква ава му одговара.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И го пикам под гушата, го алкам секаде по главата, по газето го милувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- НЕ, не и не! Јас само сакам да не си го пикаат носот таму каде што не им е местото.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Штом ќе се разгласеше дека војната завршила, луѓето сета комина што ја имаа (од сливи, од дренки, од муренки, од грозје, од кајкушки и оскоруши) ја вадеа од бурињата и ја носеа на казаните крај езерото да ја печат; се носеше и комината од црковните сливи и лозја и деноноќно се печеше ракија, и деноноќно се пиеше; пиеше старо, младо, машко, женско; како што капеа казаните - така луѓето со чашки, со филџани, со канчиња, со матарки, црпеа од ракијата, пиеја, наздравуваа еден на друг, ѝ наздравуваа на слободата, се бацуваа, пиеја колку што душата им сакаше и не им сакаше, кој како ќе се испијанеше скокаше сосе алишта во езерото или пак луѓето го пикаа да го оладат и отрезнат; но по секое отрезнување - започнуваше ново пиење.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Им го пикаше шишето на луѓето в уста и им велеше: „Одрицаетсја од пиење, раби божји?“ Тие одговораа: „Не одрицаетсја!“ и го креваа шишето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Пелагија се наведнува врз старецот, за последен пат го пика своето кадро во неговите очи, нежно го допира со прстите по челото и се исправа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Брзата струја го поземаше, го вртеше околу коренот на врбата, го пикаше во муљта долу, само не можеше да го излаже, тој ѝ ја дозволуваше на струјата таа игра само затоа што му беше убаво, оти му ги разбркуваше сите мисли од главата, остануваше само една: да не биде прелажан, навреме да насети кога таа сака сосема да го сплетка во жилите на врбата или муцката да му ја напика во тињата, ама тој тогаш со едно турнување со нозете и со едно замавнување со рацете како ѓуле излетуваше на плиткото веднаш зад врбата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ѓубрето што го пикам под вратата може да ја почека метлата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Барем за ѓубрето времето нема зошто да брза!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сите се растргнаа настрана. Само Мира го пикаше лицето во дланките и плачеше.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Имаше ли ум кога го пикаше зрното в уво? - се лутеше мама.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)