го (зам.) - плесне (гл.)

И белото топче, кога ќе го плеснеш по газ, лета кон целта на крилјата на молчењето.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
И ако за помалку од осум секунди, според пресметките на статистичарите, не го плесне по лице, значи се согласува да биде избраничка на неговото срце.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Го плесна големиот задник врз школката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Имам“, рече тој со наведната глава, небаре таа сега ќе го плесне. А не знаеше што значи тоа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не дека не се прелажа многупати поради тоа, не дека вниманието што го покажуваше за сѐ не го плесна како шамар.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Претпоставувам дека ме викале забла, но сигурно никој не се осмелувал да ми го плесне во лице.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тогаш од пепелта на самотијата се зададе Давид, на мнозина им се стори малку подгрбавен и омлитавен, киниса средполе, однапред отпишан и прежален од сите, да му се истопори еден на еден на титанот, мечка страв мене не страв, нешто си мрмореше самиот на себе додека ја токмеше прачката, срдито си велеше доста тука се пееше прачка имам кураж немам, време е да има варено млеко за нашите деца, време е на пазарите да има и цреши без црви и со црешови семки да се запише дека тука нешто вистински постоело.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Беше навистина еден на еден. Мал, мал ама техничар, Давид го плесна со каменот од прачката Голијата средчело, сѐ се заврши мигум, Давид мигум фрли поглед кон скришната ѕвезда на небото и додека сите вџашени се прашуваа до прачката ли е, до каменот ли е, до раката ли е, мрзоволно киниса накај дома, како што денешнава младеж пред полноќ мрзоволно се качува на последниот автобус за приградската населба.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
За пример на новите поколенија големиот бран јавно го плесна по уста Јулие Цезар и го оневозможи да ’рчи а неговите поданици барем една ноќ да бидат на раат пред утре сите да запеат богојавленски песни под пазувите на бранот набабрен од многу љубов.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)