го (зам.) - поврзе (гл.)

Се разбира, тој бил изненаден од едно вакво барање, но не можел да не го поврзе тоа со неговата ситуација, со „мувата на капата“, со Ерменката.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Едноставно, не знаев што е егејка. Не го поврзав тоа со Егејско Море, иако имав петка и по историја и по географија.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И тогаш врвот на штосниот палец, тежок како олово, се истегнува во секавичен јо-јо трик а невидливата нишка што го поврзува со раката на убиецот минува странично низ черепот на Ралфи, токму над веѓите, профучува угоре и пропаѓа, сечејќи го крушкастото торзо дијагонално од рамото до градниот кош.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Татко продолжуваше, овој прв ден во градот крај реката, да го поврзува со својот последен цариградски ден, макар што, меѓу нив, имаше поминато дваесет години.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Таа прва, генерална асоцијации на театар (која е лајт- мотив, нишка која го поврзува целиот филм) сепак е мамка, илузионистички трик на Гринавеј, еден од многуте во таа толку забрзана, драстична и морбидна игра на раѓање-убивање, што гледачот го губи “стварносниот компас” (да, чиновите завршу­ ваат, декорот се менува, публиката аплаудира, но мртвите глумци не стану­ваат!) и веќе не е способен строго да ги разликува линиите кои, прво, ја разделуваат самата комплексна театарска сцена, потоа оние линии што ја разделуваат таа метастазирачка “сцена” (многу поголема од самата себе!) од публиката во “театарот” (многу поголем од самиот себе), а на крајот гледачот (а кој гледач???) има проблеми дури и себеси да се лоцира на некаква си мета (филмска) позиција, бидејќи една од основните стратегии на Гринавеј е разнишувањето на било кој “стабилен” агол на гледање.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Според правилата за рекламирање, забрането е рекламирањето на жестоките пијалоци, како и рекламите наменети за младите кои во себе носат пораки кои го поврзуваат пиењето со возење кола, или кои поттикнуваат прекумерна употреба на алкохол.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Псевдонимот често е преведуван како “Eros, c’est la vie”, додека Роберт Лебел го интерпретира како “arose, c’est la vie” и го поврзува со маличната функција.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ова најнапред можеме да го доведеме во врска со општата тема на распаѓањето и гниењето на живата материја, што во некои филмови Гринавеј го поврзува со деградацијата, нпр. во СТОМАКОТ НА ЕДЕН АРХИТЕКТ и во “ГОТВАЧОТ..., кадешто љубовниците во еден камион полн со гнило месо (декаденција) заминуваат кон новиот живот, испрани со водата и со благословот (прочисту­вање) на Готвачот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А COUPS TROP TIRES може да значи и спасен во неволја. Tirer un coup е вообичаено во идиомите, tirer un coup de fusil - “да се испука куршум од пушка”, што Шварц го поврзува со раздевичувањето.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ќе ја преораме сета руска земја, ќе ги поврземе со канали ледениот север и топлиот југ, ќе го поврземе морето со пустината, земјата со ѕвездите, порачуваше Сталин.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Само полифоните песни мо­жеа да го поврзат со отсутните, а никогаш не се знаело, по­ради клетата граница, кои беа живи, а кои починати...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Никакви загатнувања. Никакви обвинувања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во секој случај во разговорите со неа не се навестуваше ниту една личност, ниту пак беше спремна да укаже на некој момент од минатото што ќе можев да го поврзам со нејзиното мајчинство.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јапонските современи уметници мораат да најдат начини да го поврзат ова наследство во еден поширок поим, бидејќи овој “пасош” не е повеќе од важност дури и во рамките на Јапонија. Tadayasu Sakai е критичар на уметност и заменик директор на Музејот за модерна уметност Камакура.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Има ли таму некаква значајна врска што ја поврзува културната практика на пеење контратенорски улоги со некој образец на афект, со некој посебен начин на чувствување, и која го поврзува едното или ги поврзува и едното и другото со хомосексуалноста?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сакам да ја дистанцирам од нејзиното старинско, исклучиво, елитистичко значење и да ја употребам во описна, квазиантрополошка и, пред сѐ, прагматична смисла – најнепосредно, како ознака за севкупноста на генеричките практики што го поврзуваат општествениот живот со дискурзивните облици и бихејвиоралните конвенции,157 а со тоа и ги дефинираат, во различни општествени контексти, особените хоризонти на очекување во врска со говорот и со личната интеракција.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Светиот дух, кој го поврзува и го движи тркалото за да се создаде животот – објасни старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Еве на кој начин самиот Шатев го поврзува и го објаснува местото на Делчев во гемиџиската акција: “Тој (Гоце) наполно го усвои, го поддржуваше и одобруваше таквиот вид на борба (диверзии - динамитни акции), зашто беше против едно предвремено општо востание кое при тогашната општоевропска и општобалканска положба, освен што немаше да даде некои позитивни резултати, напротив, ќе ја растроеше уште повеќе ВМРО, без дури да се предизвика каква и да е интервенција од страна на големите сили.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Маќеа - уште еднаш колку грубо ми прозвучи, иако кажано со шепот, како нешто навредливо, и во тој момент такво нарекување воопшто не можев да го поврзам со таа нашата нова мајка, со Вера.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Маќеа сакаш татко да ни донесеш, сакав јас така грубо да му речам, но во тој момент ми излезе пред очи ликот на учителката Вера и не знам зошто тоа „ маќеа“ не можев да го поврзам со неа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Јас му велев дека таа нишка на душата што го поврзува од мигот на раѓањето до сега не може да биде прекината, му кажував дека очајот го спречува да ја забележи таа нишка, но тој одмавнуваше со главата и велеше дека очајот не го спречува да ја види нишката, туку начинот на кој тој самиот се менувал ја скинал таа нишка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во неговото тело немаше ни страст ни задоволство кога водевме љубов.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во текот на еден живот човековото Јас е обликувано од искуството онака како што каменот е обликуван од морето во текот на многу столетија; Јас е центарот на гравитација на сопствениот универзум, тоа е чувството за себе и светот; тоа јас го издвојува човечкото суштество од светот, но и го поврзува со светот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Постојат луѓе чие Јас не е сигурно во себе, нивното Јас некогаш одамна почувствувало дека нема право да постои и остатокот на светот во секој миг може да навлезе во него, па сега за нив не постои граница помеѓу нивното Јас и она што е не-Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сознанието го поврзува оној што сознава со она што е за сознавање.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Чудно што баш во таа ситуација се присетив дека човекот пред мене се вика Стојан, и што тоа веднаш го поврзав со една мисла на Димитар Талев во “Преспанските камбани” дека сите Стојани во Македонија се дојдени од село, и што, најсетне, дури не по сопствена волја, се насмеав а човекот, не сфаќајќи што ми се мота низ главата само ме прекори дека тука нема ништо смешно, дека вака било, онака било, главно само за тој фамозен ѓон зборуваше, и за тој Шилото кај кого требаше да отидам.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Ма, не. Го поврзав тоа со самотијата на тетка ми Јана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Џон веднаш го поврзува ова чувство со она што често го чувствувал во присуство на татко му, перфекционист, критичен, претерано сериозен човек, со кого се натпреварувал, но и од кого се плашел.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Самоубиство од некој кој насмеано го живееше факултетскиот систем?!“ - се запрашав бојазливо и потоа сфатив дека самоубиството не успевав сликовито да го поврзам со систем: отскокнуваа алки и кукачки кои ме поткачуваа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Патем, тоа важи и за терминот „андерграунд” (кој многумина често погрешно го поврзуваат со култот кон дрогата кај нас), кој не постои во вистинска смисла ако го прифатиме мислењето дека целата држава ни е „андерграунд” (колапс на стопанскиот, па и на правниот систем).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Според нејзиното скришно верување, клучевите требаше да го поврзат семејството со старите куќи, но и со небото, верувајќи во божјиот благослов во новата земја во која се вселувавме.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во куќата крај реката се вселивме во првата година по Втората светска војна, во времето на ослободувањето од фашизмот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мала и неважна фигура во политичкиот живот на една мала земја, човек кого судбината едноставно го поврза со предизвикот на големите настани, а тој не се двоумеше како треба да се одговори.“ Професор – доктор на науки Лазар Јовановски.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Освен тоа, филмот е целосно пронижан со Хичкокови мотиви (парот што го поврзува, заклучокот и сл.) и пред сè, него го одликува извонредно снимената секвенца на убиството на Caypory.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Какви сѐ не тајни го поврзуваат Рибинск со Белото Море, тоа не го знаеле дури ниту оние коишто најмногу страдале во тие краишта.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но, само јагулите ја имале судбината да го остварат кружниот пат, да го поврзуваат благиот и солениот дел на нашата планета.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Она, кога наеднаш ќе ми се пристореше дека ми доаѓа отспротива некоја од оние личности за кои знаеме дека се засекогаш заминати.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не знам зошто но овој случај веднаш го поврзав со она мое искуство што го имам од улицата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Со години се обидувам да се доберам до една од нив (веќе спомнатите Пријатели, објавени во 1986 година), бидејќи навистина би сакала да си ја имам дома.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Спомни им го Умберто Еко (Umberto Eco) и прашај ги, потоа, своите студенти за првиот наслов што го поврзуваат со неговото славно име.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Со Шон Конери (Sean Connery) во главната ролја, се разбира!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сега јас не се навредив од ова што ми го рече Петре Даскалот, ама брзо го поврзав ова со она што ми се случи дома, така што сега навистина ми стана шубе дека нешто се готви.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Како и кај Leonardo, чинот на гледањето, со кого управува духот, во етимолошка смисла настанат од theorie, theorien, ги покрива сите феномени, какви и да се и колку и a priori да се разнородни, со okno.mk | Margina #3 [1994] 19 една иста еквивалентност: од моментот кога ќе станат забележливи, кадарни да се соединат со сите нешта кои ѝ подложат на перцепцијата, и, постепено, кадарни меѓусебно да се заменуваат; исто така кај Duch- amp, чинот на гледањето, теоријата, станува спекулација не за самите феномени туку за одно-сите меѓу нив, или попрво за привидите на феномени, за комбинаториката која го поврзува универзумот во две, во три, во четири и во n димензии, и која (теорија) од секое нешто прави сенка на нешто друго, што и да е тоа, од секој облик проекција на некој друг облик во кружната игра од анаморфози која овој пат се управува според законот на една повеќедимензионална геометрија, сѐ до онаа точка кога, како што Duchamp пишуваше во Белата кутија, веќе не се прави разлика меѓу два слични облици.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Да го оставиме овој проблем на страна. ]е го допреме - за да имаме и друг агол - инсистирањето на темата на хермафродитизмот кај обајцата и, на пример, блиската иконографска релација која се чини го поврзува Leonardoвиот цртеж со перо на кој е претставен машки акт со четири раце и две глави, (11) хермафродит составен од еден младич и еден старец кои ги симболизираат Задоволството и Болката, и сликата насловена како Момче и девојка на пролет, која исто така е посветена на темата на хермафродитизмот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)