го (зам.) - погали (гл.)

Ќе ми дозволиш ли да го погалам, Еди?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Барале, пребарувале, запреле пред козлето сторено јагне, го погледнале добро, дури и го погалиле.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Учителот благо, татковски, како никогаш досега, го погали по главата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тогаш арамбашата Чанак го погали неколку пати по бушавата коса и му рече јасно и гласно: — Ајде, Толе, расти побргу, да пораснеш и да дојдеш со мене арамија, да го проплескаме заедно Адема ваш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа го погали, го подигна речиси набожно и се загледа во рубите што лежеа во него, што ги носеше со Крстана пред дваесет и две години.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Старецот го погали, потоа го фати околу вратот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Приказната на Вилијам Велман како во почетокот на дваесетите го научил занаетот режирајќи филмови од две ролни - „Сцената покажува правлива улица пред салунот; едно кученце лежи на скалите; херојот излегува, го погалува кучето и се качува на коњот; арамијата излегува, го шутира кученцето и го јавнува коњот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Баба му го погали по лицето и му рече: - Убав сон си сонувало, внуче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Дедо Спасе го погледна, го погали по главичката и пак се загледа некаде пред себе и се замисли.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тогаш госпоѓата Гологанова се наведна, не за да го погали за збогум - на тоа таа не се осмелуваше да реши - туку само одблизу да му истепка некој љубезен збор, но Грифонот така се назаби и подзгрче, што таа во себе почувствува олеснување од помислата дека ќе се спаси од него, ја натера да зажали и да стане свесна колку погрешила што го зела дома.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Госпоѓата Гологанова, насмеана, веројатно повеќе од учтивост кон домаќинот одошто од љубов кон кучето, се наведна со намера да го погали по главата, но кучето ѝ се назаби и згрче отстапувајќи само чекор, при што зазеде понападна положба.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Убаво моделираното розово носе му ја душкаше брадата на Милан, а крзнестата предна шепа, со вовлечените канџи, како пувка за пудрење, го погали образот на Милан.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ја подаде раката кон него – беше тоа бавно движење, можеби сакаше да го погали, а потоа, пред да го допре, ја сврте раката кон себе, подеднакво бавно ја приближуваше раката кон своето лице, но пред да ја спушти на него ја пушти надолу, во скутот врз излитениот фустан.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Не те очекував,“ продолжи мајката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Брат ми ја запозна Марта Бернајс токму на својот дваесет и шести роденден.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А оној ден во паркот, таа со едната рака го прифати глуварчето, а другата ја пружи за да го погали детето, но пред да ја допре неговата глава нејзиното тело се затетерави, и таа одново се фати за оградата. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таму најде три спомени: во времето кога за неа многу нешта на светот сѐ уште немаа име, едно момче ѝ подаде остар предмет и рече: „Нож“; во времето кога сѐ уште веруваше во бајките, еден глас ѝ шепотеше за птицата која со клунот си ги раскинува градите и од нив си го откорнува срцето; во времето кога допирите ѝ кажуваа повеќе од зборовите, една рака се приближи до нејзиното лице и со јаболко го погали нејзиниот образ.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таткото со насмевка го погали по косата: „Да, навистина го мислев тоа, што не значи дека те сакам помалку.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се сеќаваше само дека го погали по главата, но колку и да се трудеше сега, не можеше да се сети што точно му кажала.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Светот добиваше ерекција кога ќе го погалеа нејзините долги, клавирски прсти. И тој исто така.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Башмајсторот сега пред сите го погали по косата, а потоа веќе се израстурија и позаспаа под своите забани.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Змејко сега со другата рака посегна и да го погали по главчето и по ушите, сеќавајќи како му се ежави под прстите тоа малечко парче живот, што не знаеше за ниеден друг таков допир по своето телце, освен допирот на јазикот од мајка му, некоја итра, брзонога срна, но јаренцето ни сега не се обидуваше да избега од него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со прво ќе го погалат кучето по вратот и потоа, наеднаш, ќе го фрлат. Како дабова пењушка. Колку е големо човечкото лицемерие.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Полека чекорејќи, влезе во стајата и љубопитно гледајќи го коњот, го погали по јакиот врат, го повлече за ретката грива и му се наведна над увото.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Полека чекорејќи, влезе во стајата и љубопитно гледајќи го коњот, го погали по јакиот врат, го повлече за ретката грива и му се наведна над увото.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Бојана го погали Александар по образот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Бојана го припи своето тело до Александар, го погали по образот и му ја стави главата на нејзиното рамо.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
- Алек, Бојана го погали по образот... те молам дај ми го.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Коњот пак, кога отиде таа да го погали, само што му ја стави раката на вратот кај гривата, тој за'ржа. Вервај, мене ми се скина срцево.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Пред заминување домаќинот Петре го погали кучето и го чучна пред влезната врата.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Криво ми е што немам ништо за Карл. Ќе се видиме. Го погали малиот по косата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Елена тргна да го погали, но синчето на Марија веднаш заплака.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Внимателно го погали по меката косичка...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Најмалиот Илко, крстен на стрика си, писна и побегна кога сакаше да го погали и да му даде некое оревче — залажачка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Им ги раздели кадијата ѓевреците и секое го погали по глава со по некој утешен збор и она: Машала, машала.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И насапунетата садомијачка рака да ја прогласуваат За среќна рака на судбината која барем не е здодевна Ви велам секакви доаѓаат да ме видат да ми го погалат сонот Доаѓаат и в недела отшто е отворено Доаѓаат и такви кои говорат дека сум била дембелка Како некои шеесетиосмаши што ги запоседнале фотелјите на власта Јас и ден денес не знам и не ме интересира кои се тие шеесетиосмаши Ама искрено речено се навредив од неумесната споредба Кои се пак тие да велат дека сум дембелка И уште да ме споредуваат со некакви шеесетиосмаши Ако продолжат така само ќе го расрдат коалиното братство И нема да се вратат дома без гребнатини од нашите канџи За спомен и долго сеќавање од коалите дембелки
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Летка со задоволство повремено ја пушта својата лева рака и го погалува од раменото до лактот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Тоа го ценам кај дамите со реноме“, рече авторот намерно служејќи се со постилизирано изразување за да го погали малограѓанскиот менталитет на коконата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Пандо го погали по глава и рече: - Не, синко, ништо не си ни раскажал...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Нумо се искашла и со десната рака го погали пиштолот што го грееше во пазувата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- А за Ѓорѓи?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Само го погалив по главата малечкото, и клекнав, богами клекнав убаво за да проверам дали видов сѐ како што треба".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Го извади, го погали, му даде јадење и вода и го врза во една грмушка.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Во немирните сонови само него го сонуваше, само неговиот лавеж и квичеж го слушаше и се будеше возбуден: излегуваше во дворот да го побара во куќичката, да види дали е тука, да го погали, да го успокои.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Таа се поднасмевна со крајчињата на усните и со мака прошепоти: - Златно мое дете... - и пушти рака да го погали.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ја праша мајка си: - Што е тоа пубертет: Таа се насмевна, го погали по главата и со прстот му го допре мозолчето што му беше излезено на челото: - Еве, ова е, синко, пубертет... - му рече.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Не бара да се протера кучето или да му се лути на Винко: „Навистина, како си смеел да поведеш куче на логорување, кога знаеш дека не е дозволено...“, туку и тој почесто ќе клекне крај него, ќе го погали и ќе му рече нешто како на човечко суштество што разбира.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Го погали по лицето: - Ве љубам. Конецот ќе ве врати кај мене. До повторно видување.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Некое меко дупче му стои озгора на главата и се плашам убаво да го погалам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Посакуваше токму тоа свежо ветре да го погали како мајчинска дланка, да му ја разбушави косата...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Посака тато да го погали по косата како што тоа го правеше до пред две години.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Секој сака да го погали, да му даде парче леб, да го повлече за уши, а тој враќа со весело мрдање на опашот и се обидува да им лизне лице.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Фимка го погали по глава, молејќи го: - Не, не прави така, не чини, не очајувај...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ѓорѓи клекна, го погали местото, од Киревица зеде две свеќи, ги запали, ги стави меѓy двата камења и тивко прошепоти: - Светлина од мене и од синот. Жив е тој...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)