го (зам.) - поима (гл.)

Му остана желбата да одлучува, притисната некаде во темните места на душата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Проповедникот На д-р Ѓорѓи Зафировски Никогаш и никаде Тој не спомна нешто што ние живите го поимаме како време, и ете, во суштина, ние се разликуваме од Проповедникот не сакавме или пак не можевме да сфатиме дека нам не ни одминува времето туку - животот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Таа депресивна атмосфера во која го најде потонат градот кој онака жив и разгргорен, ориентално темпераментен каков што го пречека кога за првпат дојде во него и кого и рабинот го поимаше како капија на Истокот, како европско предворие на Леванот и Бисер на Ориентот, свесен зошто го нарекуваа и Мајка на Израелот и Втор Ерусалим, сега при второто враќање во Солун го доживува како старо, разурнато гробје.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)