го (зам.) - помириса (гл.)

Воопштено зборувајќи, ако не може да го okno.mk | Margina #11-12 [1994] 13 види, да го слушне, да го почувствува, да го помириса, тој не може да го напише.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бонети по некое време зеде едно малечко парче, го стави во чинијата, штулна со двата прсти од него, го погледа како да фаќа нешто гнасно, го донесе полека до носот, го помириса, а потоа го стави в уста, постоја така не џвакајќи го, а потоа откако го изизврти во устата, го голтна со напор.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Скина едно и го помириса. - Не мириса, - рече.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Старецот го прифати шареното, пластично ќесе, го помириса првин убаво, шмркна два-трипати, па го наполни луленцето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Убаво го гледаш, многу блиску ти е, но не можеш да го допреш, ниту пак да го помирисаш. Стаклото ве одделува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Низ чадот што излегуваше од рерната и низ мирисот на изгорено можев да го помирисам неговиот здив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Како ситото куче кое без да го помириса фрленото парче месо со лесни чекори ќе отрча понатаму!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И преку него ќе го помирисаат здивот што се зададе од главата на бурата, стуткана во стоте капути од ветриштат тешки, недостапна за ниеден жив, недопрена од ниеден човек, а пред која се покорува сѐ, само тој не!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Го подаде едното рокче, го помириса свежиот пролетен воздух, па кога се увери дека пролетта навистина дошла, ширум ја отвори вратата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ја пушти раката кон едно цветно гранче што допираше до прозорецот; го скрши; пред да го помириса, забележа пчела нурната во цветот; го остави гранчето на прозорецот и почна да ја набљудува пчелата; ја гледаше колку е занесена во цветот што не узна дека гранчето е оделено од дрвото и дека се наоѓа во неговите раце; дури и кога со сламката ја помрдна малку, таа не одлета; цветот ѝ беше како рудник во кој длабеше: кога го собра сиот сок, кога го испразни, излета и зафати да врти низ лабораторијата, да зуи оддавајќи немир, паника.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)