го (зам.) - посведочи (гл.)

Во човекот почива, тврди тој, една моќ на раскинување: тој може да се изземе од својот контекст, да избега од националната сфера, да зборува, мисли, создава без веднаш да го посведочува тоталитетот од кој еманира.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На својата пријателка Ема, Лена ѝ кажувала, тоа Ема самата ми го посведочи, дека забележала оти Симон ги менува своите навики.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Венчаните денес секогаш можат да се разведат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Разводот е една од многуте повластици на бракот, една од многуте придобивки што им следуваат на тие на кои им е дозволено да се венчаат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, како го окончуваш она што, кога првпат си се впуштил во него, си решил – во интимен обред на потврда што си го одиграл пред сите пријатели кои свечено си ги задолжил да го посведочат – да го викаш „доживотно сопатништво“?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А откако ќе се оконча, како си го нарекуваш следниот љубовник?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се сосредоточува на текстот од интервјуто за „Der Morgen“ кој му се враќа во мислите збор по збор, онака како што го даваше тогаш, пред девет години, имајќи ги пред очите како негови први читатели, татка си, реб Апфелблум, своите ционистички пријатели од Жешов, авторитетните рабини на Берлин, дури и неговите просветени професори од Виена кои во неговото доживување стојат, тројцата, со широко разлистани весници, потчитуваат од неговото интервју, а потоа задоволно фрлаат меѓусебни погледи преку рамките на очилата и цвикерите и задоволно го одобруваат прочитаното...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таму постои силно ционистичко движење кое очекува да го посведочи засновувањето на нашиот дом во Земјата на Израел”.  Му се слушаат чекори во ходникот, па сепак не сака да го прекине текот на пријатните сеќавања.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога веќе е забележано твоето присуство овде и тоа во ова време, и кога една толпа луѓе се спремни да го посведочат тоа, поразмисли, на што би личело твоето евентуално негирање на вистинската состојба?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)