го (зам.) - потпали (гл.)

Една приквечерина, додека го дишеа опојниот мирис на сеното, припиени еден до друг, некој мина крај кошарата и им свика: „Внимавајте, ќе го потпалите сеното...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Со таа мисла се врати во подрумчето, внучињата уште спиеја, па таа полека, внимателно, го потпали ќумбенцето.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тие се околу 15-16 души неразбрани луѓе; од секогаш нашите браќа во Солун беа заплашувани: ’Ако не ни дадете пари, или ако фатат некого од нас, ние веднаш ќе го потпалиме динамитот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)