го (зам.) - поучи (гл.)

Немаше кој да го поучи, на која традиција да се надоврзе.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И не беше ли тој, Сатаната, што го поучи него, лицемерно, да не отиде и да не се сокрие со сите други луѓе на Имотот, туку да остане овдека и да се обиде да ги смилостиви поганците со леб и сол?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ами ајде да правиме абер на началството во Битола, да му напишат некое писмо, да го поучат, понакараат, белки ќе се арниса од виа работи, — предложи Гуле и сам отиде еден ден „ на пазар" и му ја изнесе на Лозанчев и Дорев сета Толева работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога му го предаде писмото Гуле на Толета, овој ја заврте главата и му рече: — Не зборуа со мене, побратиме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Случајно го отварав профилот на татко ми на Facebook, зошто тој ме натера да го поучам како да си го управува и тука ме најде Змејко.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Синот можеше да го поучи дека љубовта често наоѓа замена.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Доближи ми се. Копнеам да те видам и да те допрам. Дојди, ќе си позборуваме.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Главурдест сум и искокорен, рече. Се обидов да го поучам: Нема грди птици.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Откога видел Силјан оти не веруваат, почнал да им кажува што му правел на татка си, како го поучувал татко му и тој не слушал, како се главил со дуовникот, како влегол во морето, како се нашол на долна земја, како правел муабет првата вечер у Аџи Кљак-кљак, како му прикажувал за старецот што го отепале децата и што колнал, како излегле двата извора од кога им изумреле сите деца од големата сипаница, како се сторил штрк и си врзал шише на гуша и како патувал од штрковата замја преку широкото море, како дошол над Плетвар и го окршил шишето, та си останал штрк и си дошол дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Подоцна се сетив и на она легнување во сандакот, што Ристе патем ми го прирече.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ќе изумиш нешто со јажиња место рачки - го поучив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Па ете ... На народецов му се нужни нови маченици што ќе го поучуваат да не ја влече судбината за опаш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби тоа беше претсказание. - Какво претсказание?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Простете му на својот верен слуга што ви додева за таква ситна работа. (Кадијата го поучи Суља како да зборува ако излезе пред султанот).
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)