го (зам.) - почне (гл.)

А толку често се случувало и се случува преку денот да изгубам и триж повеќе време, отколку она божем изгубено време наутро заради кое сум го почнал денот толку онерасположен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во тој дух и го почна разговорот една приквечерина, додека го пиевме кафето по кусиот одмор попладнето, одбегнувајќи ја на тој начин, колку што беше можно, жегата на денот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Симон ја открива својата судбинска задача, на своето родно село да му помогне обезбедувајќи му вода по примерот на предокот Никола Поцо, а истовремено со тоа тој за своето дело што го почнал добива архетипски мотив на вечна борба на човекот со природата како окосница на повеста на семејната и маказаречката историја кои меѓусебно се преплетуваат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Знам само дека е почеток на август, во тие денови лани го почнав копањето па бунарот. Мачно и мртво копање.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во исто време Линда Бари ги организираше своите работи.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Произволно одбрав еден квадрат и го почнав стрипот „Живот во пеколот”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
А вие, знам, ќе го продолжите она што го почнавме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Купот занеме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И го почна своето важно слово.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Печалбарскиот живот го почна со тајфата на Аргира, неговиот вујко.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Мајка прозборе колку за да го почне разговорот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Веќе копнееше за човечки збор, за нежна мајчинска грижа, за топлиот светол дом, за училиштето кое сигурно веќе почнало да работи, за другарите кои го чувствуваат неговото отсуство и ги пече неговата неизвесна судбина, но колку повеќе им се предаваше на мислите, колку повеќе се пушташе тие да го водат, толку повеќе го разјадуваше немирот, па стана, иако уморен, се фати за секирата и го почна својот двобој со Јурукот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потоа го почна својот вообичаен колибарски ден.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тие малку се одморија, се погреаја на огнот, пивнаа по две-три голтки од дедо Димовата стара ракија, па го почнаа напорното качување кон Гола Глава, кон колибата на дедо Иван.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Таа, оваа и само оваа песна секој час ја запеваше целиот ден и со неа го почна денот и утредента изутрина откако стана.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Разговорот го почна старецот кога ја прегазуваа водата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
- Со денови, со недели, и предпладне и попладне – го почна своето раскажување тогаш осумнаесетгодишната автоматичарка – дека не сме ја изгубиле оружената борба, туку привремено ја прекинавме поради предавството на Тито кој во нашите редови уфрли свои агенти и шпионони и потоа ги затвори границите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Значи сте од Македонија? – го почна разговорот домаќинот. – Јас таму сум бил едно десетина пати. За трговија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ни на крај памет не ми паѓаше дека 50-годишнината од објавувањето на мојата прва песна (1954 год.), со која го почнав својот долг поетски пат, ќе ја одбележам со книга проза!
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Лисјата на дрвјата го почнуваат својот внатрешен немир; избувнуваат, пламнуваат и гаснат во севозможни бои; капат и ги покриваат двете патеки што водат до куќата на брегот: едната се витка по брегот спирално криејќи се меѓу дрвјата, а другата искршена како недоотворено мајсторско метро, се крева нагоре од едната страна во ци-цак; птиците црцорат, прпкаат низ крошните, ги ронат лисјата обземени од возбуда на своето скоро заминување во други краишта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
По мал застој, Луков го почнува движењето по истата врвица, но сега во спротивна насока.) Во ред.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Цане, го почнав јас својот најмил разговор.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Разговорот го почна секогаш брбливата Душка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Не сум венеролог.“ Очигледно Иван одговараше со стрпливост не знаејќи ни самиот како да го почне разговорот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го почна првиот. Неколку дни пред тоа го гледаше како мрцвари некакво момче на ринг.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Господи, зошто го почнав писмото со некаков мирис на треви?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сега му стана јасно, дека токму поради тој друг инцидент реши денес ненадејно да дојде дома и да го почне дневникот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Реков дека ќе ги раскренам садовите и дека треба да ги измијам за утре да го почнам денот со чист прибор. Тоа со садовите траеше кратко.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Додека други го живеат животот Јас го теоретизирам Го оградувам Го тероризирам Се препнувам од него Го канонизирам Го филтрирам и проучувам Го анализирам А потоа нестигнувајќи никаде До никакво откритие и заклучок Го синтетизирам За да можат утре Моите деца Да го почнат овој процес одново Кутрите тие! 2007
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Посакувам да ти ветам бесрамнику Штом студен здив твој сетам Секој мој стих повикува на двобој Мунковски испиен блед лику И ќе го вплетам во тебе знај Ко игла со која Дервишот Ја докажува моќта на потсвеста Гласно во овој миг велам – Иш Искреноста е мудрата сестра Направи трик – исчезни Да го почнеме од почеток нашиот крај 2007
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Секогаш кога ќе го почнеше разговорот за тоа дека е крајно време да ја одведе кај своите, да ја запознаат, да ги запознае - тој одговараше дека нема време.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Се покаја што го почна овој разговор.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но, утредента, кога се обиде да им напише писмо на мајка си и на сестрите, мораше повеќепати да го почнува писмото одново.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Така го почна Доста ќилимот за Нешка и, навистина, до Велигден го доврши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дедот Петко ги собра сите сили и знаења и го почна муабетот: — Еве, невесто Досто, јас пак дојду.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе ја напише набрзина задачата и ќе си го почне старото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Попот влезе во олтарот, тури темјан во кадилницата, го наметна петраилот и го почна утрењето со: „Благословен бог наш, всегда, нинје и присно и во вјеки вјеков“, а Куле веќе застана на певницата поткачен на едно столче, и откако одговори „амин“ почна да ги чете утрените псалми.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Почетните тешкотии ги надминуваме и со Евтим почнуваме да се чувствуваме рамноправни со оние што своето школување го почнале на седумгодишна возраст а не како ние на единаесетгодишна.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Нему главна работа му беше откуп на боровинки, ама тој ти бил поврзан со некого во Црвениот крст во Битола и така тој го почна бизнисот со стрептомицинот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таквите луѓе не се откажуваат од она што ќе го почнеа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Од 1961 година, кон крајот на август, во овој мал град се одржуваат Струшките вечери на поезијата: на мост на истекот од езерото, каде што се формира Црн Дрим, се читаат песни од поети од светот, таму каде што јагулите-женки го почнуваат своето патување кон Средоземното Море потоа кон Саргасовото Море, кога се ближи времето на затворање на животниот циклус.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Војниците се растурја во групички, полека се вратија, во шаторот за да го почнат денот онака како што беа навикнати.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Си ги избришав чевлите и веднаш бев казнет.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Подоцна, додека од мансардниот кат на Dom Literatury го следев зајдисонцето со звукот на камбаните од Катедралата и со директен поглед врз плоштадот и Кралскиот дворец во реставрација, смислив како ќе го почнам својот реферат на научниот собир „Националната идеја како истражувачки проблем:
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но, камерата не го прикажува оној што се препна, што падна на средината од патеката, а кој пред трката важеше за еден од фаворитите.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Токму кога го почнав својот (страстен) коментар за американскиот менталитет, авионот фати висина и внатре, како по команда, патниците се раздвижија и расприкажаа.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Димитар го носи искуството „на парцели“, карактеристично за луѓето на возраст меѓу четвртата и петтата деценија, кои го живеат овој историски (транзициски) период на овој географски (екс-југословенски) простор, можеби затоа што неговата лична судбина е уште поиндивидуална.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но, веќе имаше по десет кога го создаваше „Волшебниот брег“, шеесет „Јосиф и неговите браќа“, а „Доктор Фаустус“ го почна на седумдесет години.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Потоа, повторно го почнуваат сето тоа, но овој пат менувајќи го користењето на објективот, и сцената е, значи, снимена во општ план, потоа, потполно одблизу, потоа потполно во гро-план.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Така го почна разговорот мајката Роса. Таа е едноставна жена, ама мудра и благородна.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се искашла. И го почна раскажувањето: - Во нашето село имавме две даскалици. Марија и Софија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Знаете дека со интервенцијата на Англичаните во Атина и со потпишувањето на Договорот во Варкиза кога ЕЛАС мораше да го предаде оружјето, грчката реакција го почна белиот терор и прогонот на демократите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На овој начин ќе се создаде впечаток дека ДАГ ќе го почне нападот во насока на Нестрам - Костур, а со тоа ќе се сврти вниманието на непријателските единици кои држат позиција на Алевица - Гинова.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Решив, и покрај тоа што таквите нешта ми се најстрого забранети, незабележано да ја кренам слушалката од другиот телефон што нѝ е в кујна и да го наслушнувам разговорот што мајка ми тукушто имаше намера со некого да го почне.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А, јас ти ветувам, - заврши со свечен глас мајка ми, - дека романот ќе го почнам уште денес.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А, ми вети дека уште денес ќе го почне романот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Везењето го почнав на полна месечина, по редот завезов три парчиња - едното го фрлив во Серава да го однесе, другото в огин го изгорев, а третото парче, еве мајстор Миклош, сега тебе ќе ти го дадам, оти таков е обичајот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И зошто писателиве така пишуваат: на почетокот ќе “дават“, ќе “дават“, па дури подоцна ќе го почнат интересниот дел.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Нема денес колач – мирно одговара мајка ми – тамам мислев да го почнам, се расприкажавме со Бреза и помина времето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Што им треба таа работа?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)