го (зам.) - праша (гл.)

Ми раскажа дека браќата на Добрата Душичка, штом дознале за смртта на Макс, ја вратиле сестра си во Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- го праша водачот на патролата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Што прави мојата девојка? – ме прегрна и ме бакна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Гледав телевизија. Го прашав што сака. Молчеше.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Дедо ми, ако го прашаш, поубаво ќе ти раскаже. Тој планинава ја знае како буквар.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
— Каде е Шаќир, чичко Алекса? — го праша Јован Бајракот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„И ти тогаш замина?!” го праша Круме.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Бев болен и мал момчак чии прсти тогаш не допреле женско месо и можев да знам дека и со маки ќе се исправам, ќе допрам врв на нож до грлото на килавиот Јаков Иконописец што пошол сам од Кукулино по нас да ја одмаздува својата споулавеност и да го прашам кој ќе го одбрани од казната за која треската ме определила, и можев да ги прашам засипнато другите по што се позрели од мене кога не процениле како и од кого горел Круме Арсов и кој е грешниот светец дојден да го убие волот на Цене Палчев или на Чучук-Андреј или на Осип Сечковски, не знам, на еден од луѓево чија желба е да донесе камења, два и тешки, за воденица со мрак под покривот што ќе е светлост само за призраците, и пак не станав од сламата на Никифоровата кола, еднаш со скршена, сега со втора оска, а небото не се уриваше со бучава како што мислев и не летаа ни врани ни пропаски, ни некои евангелски птичиња со црвени вратови и со грпки, само татнеше под нас земјата во која коските на мртвите се кршеа една од друга и нѐ предупредуваа да клекнеме и да се помолиме за црвите во нивната шупливост, и чувствував со ноздри дека ќе испука дамкавиот камен од кој се спуштија Онисифор Мечкојад и Јаков Иконописец и ќе пушти од себе стеблики со горчливо млеко во себе, меѓутоа слушав шушкаво дишење, свое бездруго, останувајќи бессилен под влажни сенки како под кожа на страшно голема гуштерица, и си реков не си веќе жив, сполај му на господа, сонуваш мртов сон обидувајќи се да мрдаш со прстите во опинците, си раскажував, а во тие опинци уште лежеше студот на водата од потокот што го прегазив кога се враќав од Мечкојадовото засолниште во забелот, во тој ден или вчера, пред сто години можеби, и го барав со внатрешниот вид на очите среќниот миг на детството од дните кога со врескање се прерипува баднички оган, наеднаш без возбуда да се сетам дека бев премал кога мајка ми умре заедно со мојата новородена сестричка и кога татко ми отиде и не се врати, едни да докажуваат дека загинал од димискија, други да се колнат дека се преженил кадрав и убав, животворна сила заради која и света Петка повторно ќе можела да се најде на земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Како се чувствуваш батка по оној наш слом и насилното враќање дури на појдовната точка?“, го прашав еднаш и со љубопитство чекав како ќе се постави.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Еднаш ќе треба да го праша Френк, својата општа база на податоци, зошто американските гости обично ги носат клучевите од своите хотелски соби со себе кога излегуваат, додека европските гости своите ги оставаат на рецепција (што е навика засилена од тешките привезоци).
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Да го прашаме ли Крлета или ич и да не му ни кажуеме?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Србин молежливо го праша Љакета: - Љаке ти да не знаеш што сме?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ќерка му Кала му реди водени крпи на челото и го прашува: - Со кого зборуваш, татко?
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
„Зошто не ги пуштите дома оние кои сакаат да си одат?,“ го праша Клара доктор Гете едно попладне во просторијата во која плетевме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мразот ѕвечна удирајќи по тешкиот кристал.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Јас ништо не смеам да го прашам Јона. Знам: ако го прашам, ќе си го однесам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој ова за жените го кажа откако авторот го праша што би знаел да му каже за Едо Бранов од Струмица.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ами нешчо друго да направиме, ќе ме послушаш ли ти мене? — го праша по третпат и остро го погледна кон повреденото место.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Читаш ли од Молитвеникот што ти го донесов?“ го праша наеднаш Марин рибарот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Со што можеме да ве послужиме?“ го праша Петра внимателно следејќи ги постапките на гостинот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога го праша дали би сакал да направи филм со неа, тој рече: Секако, и дека знае сè за андерграунд филмовите и дека некогаш студирал режија и сето останато што оди со тоа, но тогаш одеднаш Нико се појави со еден холивудски актер Том Бејкер.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Па така, Сем наредниот ден повторно го праша стариот човек за неговата тага и отсутност. A тогаш, стариот Елисон му го раскажа настанот со Кинг Џејмс и неговите закани и наредби, што вродија со таа негова бледа меланхолија и чувство на уништеност.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Многу ме интересираше зошто најмалата клацкалка не беше сменета, па го прашав чичкото.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Наместо нешто во врска со името, таа неочекувано го праша: „Те чека ли во Скопје нешто неодложно?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Го виде Богуле еден ден, се зачуди и го праша: - Каде си научил да везеш дедо?
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тој не забораваше пред голема радост или пред голем страв да го праша Србина да стави камче во матарката за да му затропа додека оди и да му го чува стравот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Повторно го имав тоа чудно чувство дека зборува слично на оние “замаглени” книги што брат ми ги обожува и кога ќе го прашам да ми објасни што се раскажува во нив, оти слабо разбирам, тој ми вели: - Што глупаво девојче си бе, Брезо, немаш шанса!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Вие ли сте Трпе - го праша џандарот на врата. - Да.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Се обидуваше да си го претстави Џони Мохак, но не успеваше.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Побара да го прашаме готвачот дали може да зготви тртник од нилски коњ.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тоа ли е сѐ? Го праша со очи осамениот палјачо.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не тргајќи го погледот од снагата на девојката го праша Марка: „Тогаш зошто се шофери?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Велам: старички му подава вода и сол на намерникот и го прашува каде е нејзиниот син...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Коа чула царицата збороите од момчето, и таа се учудила и се уверила оти се избудалило и се померило со умот, и ошла при царо, та му кажала.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Се замисли подлабоко. Седна на брегот до старецот да собере храброст, да го праша што се случува.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
- Ами децата твои кај се? - Го праша Рангел. - Кај се? Едниот вземи...
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- „Ти мажа ми го жалиш и нејкиш да ручаш без него; а тој?!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Додка Турците ја викале Ашìчешме.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
(четвртиот не престанува да дроби, прашува дали во близина се сканирани 25 луѓе, тие го прашуваат дали сака мртво или живо месо, Дебил вели: Зомби месо сака не, се уфрлуваат некои телефонски повици, какофонија, хаос.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Така изѕемнат, одвај отворив уста за да го прашам игуменот каде води онаа врата наспроти собата каде што седевме ние.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Су, со погледот кренат нагоре, со дланките стегнати врз шанкот, го повтори изразот во себе шепотејќи со усните, откривајќи ја убавата низа заби во устата од коишто Едо не можеше да го тргне погледот и потоа се вдаде во Еда: „Што ќе порачате?“ го праша по нашински Еда, а не Марка, како да ќе го чести.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Знаеш што е тоа Гоби? – го прашав Борче. - Ај бе, не зезај, дали сум знаел!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Можев да го прашам додека одевме накај дома, но сега е доцна.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сакам да го прашам нешто, ама не можам да се престрашам. Се ребрам само.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не го праша за содржината и за авторот, едноставно посака и тој да ја прочита.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
— Дојде ли стрико? — ,го праша Толе колку да проговори нешто.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сакам да потрчам, да го припрашам уште нешто, уште колку време ќе служи војска да го прашам, ама не можам да пречекорам, од место да се помрднам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не сакав да го прашам какви се неговите планови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Маркос се доближи, се загледа во неговите малечки очи, го фати за офицерскиот појас и со развлечен и возбуден глас го праша: - Готов ли си да го образложиш планот и да го убедиш Захаријадис и неговите генерали - пријатели?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Што е, брате“, го праша Марко, „да не ти се потребни пари да си го платиш испенџето и џизието?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Потоа го праша дали за овие неколку дена што престојуваа овде, веќе имаат одредено мислење што ќе биде со селово - каде ќе припадне...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Требаше веднаш да го прашам тато или тетка Рајна за која жена татко ми мисли да се жени, зошто го одлагам тоа?
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Помислува и на овците, време е кога се јагнат, и си помислува и за нив да го праша Васила, но при ненадејна помисла на убиството на стрика Анѓела Јанчески и при помисла дека тој и другите имотски луѓе штотуку се вратија од неговиот закоп, сето тоа му се чини толку дребно и толку себично од негова страна што само изустува Добра ноќ и по патеката направена во снегот зачекорува кон господарската зграда.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Сега што сакаш да ти кажам? - го праша дедо ми.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Веднаш до Стево Трајчов седеше Авни кој постојано гледаше во мувата што подлетнуваше и пак слетуваше на салфетката со розова боја распослана над бокалот со вода поставен на масата пред судијката.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И после една друга го праша кој си ти, а тој и рече: „Брат и од Кате — Анѓеле“.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Си мислам дека Дејан утре ќе си оди, ќе го видам без завој, нема да бидеме веќе исти.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Грлото му се исуши, не може плунката да си ја голтне, а ете Бојана, проклета Бојана, пак го праша: — Тебе те прашам, море сому, шо не кажиш кај одиш? — и пак се насмеа сама и застана пред магарето да не може да помине.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Арно бргу, машала, свршивте работа? – го праша кадијата насмевнато уверен дека Суљо-ага, буљукбашијата, на вчерашната казнена експедиција, или ги дотерал мариовските бунтовници, или пак нивните глави му ги донесол, та да се ослободи еднаш од тие пезевенци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- им рекол старио.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
„А што е нормалноста?,“ го праша Клара на едно од тие предавања.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Зар не ја знаеш онаа, старата? Тргнал некој слеп на питање, та попат го сретнале некои мажи и го прашале: а бре, кој ти ги извади очите? Брат ми, - рекол слепиот. Е, затоа ти се ископани толку длабоко...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А сведенијата беа, ете, точни. Токму тука се најдуваа сите раководни лица на востаничкото движење.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Вади лична карта. - Да не имаш некои недозволени средства у тебе, го праша џандарот у цивил кој гледаше ко теле у личната карта.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Може и тој оддалеку гледал некое девојче - како Соња.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
К-к-к-а-ко? – што многу пати ги насмеваше агите. – Сите Мариовци се вакви како тебе, Трајко? – го праша еден од агите. – Тттакви аммми ккккакви – одговори Трајко, – лллуѓе сссо дддве очччи и дддве ушшшши! – И од такви плашит кадијата? – праша друг. – Шшшо пплашит кккадддијата ввваш?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Бргу изнаредив повеќе дрва за побргу да се испече лебот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Не сакавме да го прашаме портирот, дали тука доаѓаат на одмор наши граѓани.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Пошто така, јас детето го вратив, ама му реков да го праша, колку му чини тоа парче железо од осумнаесет сантиметри.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ако го прашаат, би можел уверливо да каже дека бара да купи жилети.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
МАТЕЈ: Ти си го прашал учителот по веронаука дали господ може да направи камен толку тежок да не може да го крене.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тогаш виде. „Тој прстен“, запелтечи гневно. „Тој прстен на твојата рака.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оти мори, доткин, не си ми ручал денеска? — го праша Бисера и го гали по бушавата коса.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Видов една, со штица преку рамо, а на штицата поредени камења место леб.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
По неколку вечери, кога Тулио Бути како и обично гледаше во прозорецот на Машиеви, се вангелоса кога виде како во собата отспротива, каде што семејството обично вечераше, но овојпат без таткото, влегуваат госпоѓите Нини, неговата стопанка и ќерка ѝ и како таму ги пречекуваат како стари пријателки.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Повелете, што сакате – го прашува директорот. – Да учествувам во вашата програма. – Како што? – Како кепец. – Но човеку вие имате најмалку метар и осумдесет! – Да, знам.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Пљак – колку години до сега ти даде Господ? – го праша нашиот преведувач.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Погледни ги шините. Поголемиот пар е чист. Тоа возовите го прават.“ Тој посочи кон пругата. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 169
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Зошто на негово?“ го праша Марко досетувајќи се дека тоа не е случајно.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Зошто станува докторе? - го праша жена му на Мил.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Што работиш, Кејтенов сине? - го прашав еднаш тихо, на увце.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се закараа децата додека Пеце најпосле не им рече: - Ајдете утре да одиме со воловите на Герово Кладенче, да го најдеме деда Гера војводата и да го прашаме: крив ли е Мартин или не е?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
— Шо велиш, Андоне, ќе можеме ли да слезиме некаде в Поле? — го праша Толо Андона, колку да поддене разговор и да ги отфрли мислите од русата глава.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако работеше во ова бифе неговата секретарка Јованка, трудејќи се да го расположи, сигурно веќе ќе го прашаше со што би можела да го послужи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Светлината е во нас, Танаско... Кога го прашал кралот својот мудрец: „Кажи кое е светло човеково?” тој одговорил: „Сонцето“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Зошто не го побараш тој твој брат Сафет и не го прашаш како нѐ стрелаше од пусија“ и самиот во гнев пелтечеше Борис Калпак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го праша тогаш Мехмед паша, гледајќи го под око ибн Пајкота: „Ако мислиш да си купиш дете од пазарот за робје, дете да ти слугува и да ти мете низ дуќан, јас дозвола давам. Ти си аза, чело на рисјаните. Само речи.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ами кај си, ослепаго? Толку време се изгуби, не дојде да а видиш тета ти Доста, пустињото! — го праша Доста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Конзулот Стег, кој молчаливо го следи распитот, го праша: „Сте сакале да ја уништите токму Викторија? „Затоа што знам француски јазик“.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Дандамис философот го прашал: Зошто Александар минал толкав пат довде?
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Некој го праша Халстон, „Зошто не се ожениш со Бјанка?“, а тој ги стави рацетете на колкови и кажа, „Бидејќи јас сум домаќинката тука.“
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Таа се чувствува лошо само откако овде се појавува нејзината ќеркичка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мајка, татко? Имаш ли браќа, сестри? – го праша една вечер Мехмед Арслана. – Паметувам, паша ефенди.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Можеби се потсетил на она време кога бил на моја возраст.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
По малку време беше се собрале сите куќни луѓе и дури некои од комшиите и курдисале муабети да го прашаат Силјана. – "Е, Силјане, како е татко ти Божин со здравјето?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Во бунилото во кое запаѓа Богдан се сретнува со своите умрени: мајка, татко, баба, дедо; му велат дека е добро што се вратил најпосле дома, но зошто не се вратил додека тие биле живи, да му се радуваат; го прашуваат за куќата: дали ја нашол здрава или разурната; и добро е што ја поправил, но по смртта кому ќе му ја остави? Никому?
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Коте му рече на Методија, го праша: - Сега, што е работата?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сега требаше тој да се тегави за да извлечат што повеќе пари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Чај или кафе? – го праша дедо ми.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Едниот го праша другиот: – Велиш ќе си достои кадијата на зборот? – Таман работа еден кадија да кршне – му одговори другиот. – Тогаш не за бадијала ја јадевме горештината летоска.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Што стана? – со треперлив глас го праша кадијата Јунуса не отпоздравувајќи го и не слушајќи ги поздравите од Рифата и забитот, што влегоа по него. – Готови се кади ефенди, готови! – Готови? – радосно викна кадијата и се стрча кон Јунуса, го прегрна, го избакна и почна да го тапка по плеќи: – Бравос, бре синко Јунусе, бравос!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога наполно го расони, го праша: „Што ти би тоа?“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И го потерале Мирчета да го праша зошто не јаде, да не е нешто болен, вели, и Мирче го прашал, а Бугаринот рекол: ״Секое англиско јадење за мене е отров, и додека Бугарија страда и јас нека страдам.“
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И сега се поднасмевна кога се сети на деда си, стариот мудрец, кој, без да го праша него или мајка му, реши да го земе под свое и додека растеше, повеќе му беше другар отколку дедо.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- го праша.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
По мала Богородица дојде еден сапотничанец и побара да биде примен во четата. - А што те натера, го праша војводата, дали имаш некој убиено, или сакаш некого да убиеш?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Ногу ли требе да платиш за да те пушчат? — пак го праша Толе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Што мислите сега да преземете, ефенди, по овие писма? — го праша Бахтијар место да му нареди нешто.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Разбра што дојде тој пезевенк? — го праша Адем Катето и шмрка ли шмрка од кафето (втор, ако не и трет филџан).
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нека се замрачи, ќе одиме понатака да бркаме работа — одговори Толе, придржувајќи се на упатствата што му ги даде Бешот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Уморен ли си? - го праша Бојан Денка, кога сè беше готово.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Зошто? го праша. Не се плашеше дека ќе изгледа смешен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
На Мирчевица и стана некако чудно, па го праша Мирчета: — Што луѓе се, бре мажу, овие твои пријатели? Кај одат? Што бараат?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Потоа слегоа во дворот и Стивенс го праша игуменот: - Ова ли е лудото момче од Езерец? - Да, - рече игуменот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сакаше да го праша дали во затворот се среќава со Нинослав, со Ема, со Авни, со Стево Трајчов.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- А ти го праша ли, - му се сврте налактена со косата над очите - како излегол тој жив?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А за искоренетиот никој не сака ништо да знае и никој не го прашува каде му е коренот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- А каде ти е житото? - го праша Трајче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Се врати. - Што слушна Кире? –веднаш љубопитно го праша дедо Ѓорѓи.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Клокотеа од задоволство кога го прашаа влечејќи го со себе без напор.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кога Климент Камилски ја забележа книгата на Флобер Бувар и Пекуше во рацете на Татко, веднаш, уште неседнат го праша: Каква врска имаме ние со Флобер и неговите Бувар и Пекуше?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога се вратија во класот, бидејќи Павле седеше во клупата веднаш до него, Димче го праша: - Павле, ти сигурно дома појадуваш, штом не си гладен?
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Кога ќе го прашаа, одговараше кратко и ѕвонливо.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Зар нема да се селиме?“ го праша жена му.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- А од што ќе живееш, бре попе? - го праша дедо ми.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
На амбарот или во земникот? — го праша Митра Илка и сама се поправи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
МАТЕЈ: Не сум го прашал.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Вие нејќете? - го праша игуменот. Бонети молчеше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тој сакаше тоа да го праша старецот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Никој не слуша што го прашуваат.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
- Како е мајка ти Стојна, невестата ти Неда?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Пандил Димулев го прашал Богдана Преслапец дали ќе е подобро ако еден Онисифор загине на некој начин.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- го праша Горјан Трајчета.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Потоа ја префрли едната нога на другото негово колено и, не тргајќи го погледот од него, почна да ја исправа главата како да го прашува дали да му скокне во скутот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Што ти стана? - го праша Денко. - Размислувам! - Па зар со фрлање камења? - Да.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Некаков мраз однатре му ги набабри очите, потоа ги повлече, ги исмука од нив светлоста и влагата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Почекав да ја доврши песната и пред да засвири нова нападно го прашав: „Човеку, зарем смислата на твојата песна вреди само неколку метални парички?!“
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
- Како се чувстувате? – го праша Генералот нашиот дописник.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
„Немам одговор на таквите прашања.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога го отрезнија со вода, го прашаа повторно, а тој, покажувајќи со главата кон Андромеда и Венера, рече: „Го отепав за да им ја смирам душата на овие гадови!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
— Што велиш, Толе, да ода или да не ода? — го праша Митра Толета и со нетрпение го очекуваше неговиот одречен одговор.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но да не ја разберат криво селаните, дека тој е поголем од него, го остави Толета да продолжи, та дури на крајот и тој ги потврди Толевите зборови, дека ќе треба да се вооружуваат. Co тоа се сврши таа конференција и Толе ги пушти селаните да си одат по дома.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Имам нешто важно да му пренесам од војводата, — му одговори Јован и почна да го моли да го стави со Шаќира.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Биле секогаш заедно и се поднесувале меѓу себе - некому среќата ќе се насмевне со усните на Фиданка; искажувал свои сомневања и намигнувал со влажно око, повеќе несвесно отколку што сакал да ги увери дека ги знае сите тајни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Грчки! – се зачуди дедо ми. - Грчки- рече попот. - Тогаш што татка бараш кај мене? - го праша дедо ми од срце.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
— Е шо мислиш да му правиме на тие пци? — го праша Толе за негово мислење и план.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да го прашаме син ви, му вели на татко ми. Да го слушнеме него.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Овој го избегна одговорот на прашањето како го пуштиле од интернација, а самиот го праша директно Пискулиева: - Што мислиш ти да правиш, мислиш ли уште да квачиш овде кукавички јајца?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- На кој јазик зборувате? - го прашав. - На турски, - гордо одговори тој.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Којзнае, помисли Винстон ненадејно, тој знае што ќе го прашам.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не може да го праша тоа што му е дојдено да праша.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Повеќе ни збор не разменија. Авторот имаше и што да му рече и што да го праша, но беше решен да молчи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Што се клештиш? го прашала жена му. Ја удавив, се клештел малиот човек и понатаму.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сам? - го праша еден мустаклија кому сите му отстапија пат до него и кој ќе беше најважен штом го допраша: - Неорганизиран?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Татко со необично остар глас го праша Камилски: Дали ја прочита книгава?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Ајде, богати, дали полесно ќе му ја скинеш главата на младото петле или на неговиот дооден дедо?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но јас веќе знаев кој е со него и дека тој што е со него е изврзан со гнил ремен, ишаран од стапиште со модрици и безумен како и секогаш зашто до мене достаса најпрвин неговиот глас - „Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - потоа јасно го видов како се ниша килав пред својот внук и судија и како плаче кикотливо, ја видов таа безначајна празнина во лита и скудна облека на која никнала долгнавеста тиква со влакна, но тоа е сега прикаска што мојава улава старост ја раскажува со чувство на посничка осаменост пред друга, калуѓерска и божја, бездруго свето дрво што размислува над туѓи мисли и се моли над туѓ грев, на оние што веќе ги нема, што се прав како што ќе сум и јас утре прав, јас, Лозан Перуника, дамка од дамките на минатото и вчерашна жива смрт од дружина на мртви луѓе, и тие вчера со гнев и јад во секоја капка на крвта вчера, кога и јас, и сирак и главен терач на туѓа двоколка со сив ѕевгар, сонував и живеев зелено, зелен во една земја што помеѓу топењето на снегот и сушите на болните лета не знае што е зелена пролет, зелен април или зелен мај, и знае или можела да знае што е зелен страв пред чудовиште оплодено од еден друг господ во градината во која се преселиле од рајот женското петле Адам и неговото ребро со женска коса, женски колкови и женско умеење во гревот да посади боцки од кои душата станува жива рана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Што си станал толку рано?“ го праша Профим. Скрче не одговори.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Што не земаш и ти? - го прашав. - Па да бидеме многу богати?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Никој не го праша ништо кога им кажа зошто е тука, без збор ја подзедоа личната карта, запишаа, му ја вратија, и откако се потпиша, му објаснија каква е процедурата сега.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Остап му подаде рака на диригентот и пријателски го праша: - Песни на народностите?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Кој ќе го прашаше која е неговата мајка, тој ќе одговореше: - Мојата мајка е земјата македонска.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
„И како ти се допаѓа орањето?“ го праша.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Сакав да го прашам татко ми зошто уште ја нема мама, убедена дека таа досега стопати ќе дотрчаше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кадијата ја исправи наведнатата глава и го праша гавазот: – Од каде идат? – Од Мариово, рекоа. – Од Мариово?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Првите неколку пати тој одговори со да, но кога преминаа преку мостот по четврти пат, тој рече не.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Пол еднаш го праша Лу како тоа девојка им свири тапани, а овој му рече: „Многу едноставно.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- Сакаш и тебе да те префрлам така? - го праша чичко ми Сашета.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тогаш бабата стана и, откога доближа, го праша: - Ами Рангел, кај е? - Тој остана.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Ами, кој те врзал овде? - го прашал 'рслано.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Но и Србин како да беше изненаден па го праша братучедот: - Камчето, не го ставаш да закљака?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Го прашав: - Дали и денес ќе постапевте така?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- го праша полјакот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Веднаш пред тој да продолжи, мирно го праша: - Да не сте дојден да ни се придружите како четврти играч во покерот?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Што е ова? - тивко го праша Трајче Горјана за сивото сандаче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
„Сеедно ли ти е сега кога знаеш дека јас свесно грешев кон себеси?“ го праша.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сандри наеднаш возбудено се тргна од силно претчувство. „Да не си и ти Евреин?“ го праша стресено.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Сигурно знаеш како се прават? - го праша Србин Пеју се зачеша со показалецот зад увото и ја рашири насмевката.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Бјанка танцуваше наоколу, но таа е толку несреќна, таа и Халстон се обидуваа да го соберат Џед да појде дома со нив и ме прашуваа дали тоа е во ред.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сакам да го прашам дали ги виде ѕвездите, но во затревените падини пред нас се гледаат само нежните главчиња од боливачот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И кога дојдоа сега пред конакот каде што ги дочекаа со „добре дојде", наеднаш едниот го праша Златета протуѓерот: — Каде бидат конакот наш, бре протуѓер?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ама, нема шанса, нема никаква шанса тоа да се случи. - Ми ветуваш? – го прашав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ете, такви прашања си поставува детето на кои само не може да си даде одговор, а да го прашува татка си знае дека нема време за такви разговори.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Се разбира, одговори Татко, но за да се дојде до нив, потребни се големи истражувања, најмногу во цариградските архиви.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Петре некое време го гледаше бате Јолета наш со некое недоумение, но бргу потоа и, за нас неочекувано, му се насмевна и благо го праша: - Што си дошол ти бре, керата!
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тој се сврте кон Ѓорчета и го праша: - Кој сте вие?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Татко му го прашал: - Чие си, бре мило дете?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Пријателот се изнасмеа кога го праша како му оди.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Всушност, не го праша, туку констатира.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тој само се насмевна. А потоа ми врати и тој со прашање: „Оној што посакува да умре а притоа дури и ќе си ја навлече јамката на вратот, што ќе стори ако му се скине јажето?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете ти тогаш од некаде некој човек и го прашал Итар Пејо што му е, што мака има та што така си ја кубе косата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Никој не влегува во селото, никој не излегува. Барем некој да влезе, да праша за некого, да го прашаме за нешто, да се чуеме. 80
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сите мислевме на Зигмунд – Ана се грижеше дали му заздравува оперираното место, мајка ми се плашеше да не е тоа некоја поопасна болест а не обичен израсток, Мина внимаваше тој да има мир за може да се посвети на своето пишување, Марта не му дозволуваше да се преморува во работата со пациентите, Матилда постојано набавуваше нови лекови, јас правев сѐ да не бидам премногу упадлива во настојувањето да бидам што е можно почесто кај него, придружувајќи ја мајка ми, и така не успевавме да забележиме дека Хајнерле сѐ повеќе и повеќе слабее, дека главчето му се претвора во неколку прамени руса коса под која светкаат испакнатите очи и темнее зеленикавата кожа, никој не помисли дека му треба разговор кога го слушавме како, додека разговаравме за Зигмунд, си шепоти некои зборови самиот за себе, не го прашавме од што сѐ има страв, кога видовме дека го плаши чаша превртена со дното нагоре а отворот поклопен на масата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Едно дете во Франфурт на Мајна го прашува случајниот уметник минувач дали знае да нацрта стопало без да гледа во било чие стопало.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Дедо Крстане, дали го виде моето коњче? - го праша Трајче колку да го започне разговорот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Докторот Татули држејќи го босачето од пагурот допрено до усната, го праша: - Колку пари беа? - Сто милиони лири. - Сто милиони? - Сто...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
„Што мака те натера на кланица да го донесеш добичево, греовен човеку“, ќе го праша еден од присутните стопанот, а овој „само ја сведна главата вуземи и не го симна катинарот од устата“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„А ти,“ го праша жената која го беше родила, „дали ти додека си ме барал си помислувал нешто да ми кажеш?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Зошчо не ти стига рака? Не ти ваќа ќибритот? — го праша потсмешливо Толе. Ако сакаш да изгорат, де бакалум, ене и во Маково.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Младиот и зелен геле Накотник, Марко веќе го викаше Чарли, не разбирајќи го како и тогаш пиеја при циганска хармоника, го праша за каква вест говори, за онаа што била или за другата, денешната.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
— Шо сакаш мајка да ти зготви, Толе? — го праша мајка му откако се прибра и тој крај оган.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од благодарност, секогаш штом една минутка ќе немаше своја работа, ќе одеше кај некого од селаните да го праша дали нема да му сработи нешто.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Иле, умрел ли татко ти? - го праша таа претпазливо, мајчински.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
- Ќе се спаси ли? - го праша Мил.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Знаеле, на обесвестениот видовник очите му биле мртви а кон обете слепоочници му се леела крв, зла како што рекле пред тоа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Добро, - му рече. – Ќе го прашам чорбаџијата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
— Како Толе Паша? Не се потери по нас? — го прашаа двајца од војводите овчарот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И се вратиле кај старио да видат како ора и да го прашаат нешто.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Еден ден кај Јосе Натемагото дојде Цанул „Што е Цанул? Што мака имаш?“ го праша Јосе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сите мислеле дека се помрднал од умот од жал голема по таткото и никој веќе ништо не го прашал за тоа собитие чудно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Многу сум извалкан, кога ќе нѐ бањаат? - го праша еден ден Мацко мачорот, со кој се беше спријателил.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
- Ти се допаѓа Ада? – го прашав директно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Еднаш кога Богдан отиде сам кај Божило по слики, тој го праша: „Каде ти е другарката... Се скаравте ли?“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но тој повторно е зафатен со темницата во прозорецот а јас… јас навистина се плашам дека може да се случи и на глас да го прашам дали верува дека неговото професорско однесување може да придонесе во разрешувањето на сложените прашања и дилеми сврзани со мојот случај, во кој наивноста и брзоплетоста заземаат најзначајно место?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
го праша Секо Маруш месниот војвода Ѓорѓија Чурана, кога се врати од стража пред колибите и ги виде сите што дојдоа таму.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Погледна и ја опфати целата негова фигура, но веднаш се тргна нешто. Му се приближи, го поздрави и го праша: — Е, готов ли си, господин Ѓорче?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Всушност претставници на солунската заедница му пристапиле најнапред на д-р Блумфелд, претседателот на Ционистичката организација во Берлин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Јас вела да го прашаме, ако е мал, да го чујме шо мисли и он.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го сретна Јаков пред домашната капија, вцрвен во лицето и нервозен, како излегува од дома.  „Каде?” - тивко го праша.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Најпосле го праша Бошка: - Знаеш ли чии се големите стада што пасат на Грива?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Каде ми е индексот? - ја праша гласно старата, го праша одделно стариот, па и самиот себеси.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
За кои маслинки говориш? го праша пак. За оние, чу, на кои ја обесив својата вера.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Спиевме во една соба во Бенче и газдарицата, постара жена, него најубаво го прими, го покри и изутрината го прашува: Милане, што сонуваше, а тој го кажа сонот: Бабо не сонував ништо убаво.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ворхол (2) Картер Ратклиф Увод Конзервите од супи на Енди Ворхол, хамбургерите на Клас Оленбург, стриповите на Рој Линхтенштајн и пародичните рекламни плакати на Џејмс Розенквист - овие поп-арт слики направија скок и од наглата експанзија на празната американска консументска култура влегоа директно во областа на високата естетика.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Што чекате?“ праша Калпак. „Ќе појдеме и ќе го бараме.“ Го прашаа: „Ќе го бараме Димитариноарие?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го прашува Гита Корец со нем поглед во деновите без транспорт?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Борис Калпак ја донесе долгата пушка од која загинаа Јане Крстин и Пецо Дановски, Каменчо Скитник извади од дисаги кубура со сребрена дршка: се родил, истиот ден останал без мајка, го израснале на густо млеко од биволица; повеќето се плашеа од него кога ќе ја заборавеа неговата благородност.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Одамна ли те јадат вака, бре побратиме? — го праша Толе Андона со возбуден глас.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Некое ќе потклоцне во сонот, некое ќе каже нешто нејасно, јас ќе го прашам што сака, а тоа пак ќе каже нешто, ама сега уште понејасно од првото кажување.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Застана пред него, го праша на грчки: - Ти ли, господине, си наредил да престане орото?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Еден од нив звучеше резервирано небаре за лошо му се јавиле, а кога го прашаа дали слави рече: „Детето не ми е арно, до ништо не ми е“.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
„Каде?“ го прашал тој. „По дрва“, одговорил селанецот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— Шо правите, шо чините по Орле? — го праша Толе и оди ѕевгаречки со старецот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Ну, как? - го праша на руски.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таа се обиде да го праша што се случило.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не го прашав Елмази за мотивите, зошто дошол во Франкфурт на печалба.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„И оваа куќава, чичко Славе, од ’кендлс’ ја изгради ?“ - го прашав уживајќи во погледот и ладниот сок.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кадијата и не го праша аџи Јанета кого дотера.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Еднаш постарото дете го праша Богдана: ”Кога ќе се земете со мама?
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Е, е е, честита царице, ете од сиромаио колку му работел к'сметот, дури да го обезумит и да не напреднит - је рекол царот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Отишол до дрвото, се запрел оддалеку и го прашал: - Шчо си ти?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Утрото пратил царо измеќаро да види и да го праша дали беше слатка рибата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Најпрвин забележал дека треварот се влече безволно и тромаво под тежината на литата гуња, лапа утрена свежест со рибја уста и ги допира со криви прсти ребрата како да пребројува на нив апежи на полски пајаци-крвопијци или како да пребарува да не му се впијат в месо клобурчиња на сивозелени крлежи што останале по нагонска зајачка игра на местото на кое спиел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Одговори Откако засекогаш го избриша она што го запишал во песокот пред себеси го прашаа што напишал а Исус им одговорил: јас ништо ниту запишав - ниту избришав!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
- Јајца, велигденски јајца! Јајца за пријатели! - одговори селанецот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Го слушам и оној водител Том од 91,7 ФМ, којшто кога слушателите ќе го прашаат „Хау ар ју?“, вика „Ду ју рили кеар?“.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Сепак се реши првин да го праша лекарот - дали ќе ѝ одобри да се сретне со неа?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Таксистот не престана да зборува, како навиен. А никој ништо не го праша.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Во мигот не сакаше да го прашува за причините знаејќи дека Камилски самиот ќе се отвори во текот на расправата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Изгледа имаше нешто многу трогателно во твојата асоција за оваа слика - го праша Мел.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
- Како помина на работа? - го праша Хелвиг.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И вие сте биле, кајмакам ефенди, млад... па знаете каква е младоста...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Штом го сретнав Банета, некаква остра интуиција, иако не можев да бидам сигурен, ми потскажа да го прашам: „А вие така - ми ги подметнавте твоите стари чевли!“
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Да не е болен? – Клотилдина се осмели да го праша нежно од врата, кога по вторпат дотрча со ламбата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
— Каде вака, побратиме, по мракот? — го праша Петко Толета, со кого многупати како деца играа заедно и се бореа по чаирот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Невена сфати! - Каде се другите? –загрижено го праша.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
„Не. Затоа и го оставив.“ Еднаш еден колега го праша намигнувајќи кон другите: „Иване, каков вкус има млекото на кобилата?“ „Која кобила?“ прибрано праша „Една“, чу. „Една од некогашните брачни јасли.“ Ги стисна забите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Никола го праша гостинот: - Грујо, каде вака? Што има ново во Смилево?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
И писма почнаа да стигнуваат од Америка. И пакети. И пари.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Како сте? “ – го прашаа луѓето во бели мантили. Tој молчеше.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Го прашав во себе што му е смешно.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
„Нормалноста…?,“ само за миг се збуни доктор Гете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Можам ли уште да останам? - го праша Марија, со страв од негативен одговор во гласот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Дали оставивте да поверува дека е добродојден нудејќи му место до себе на трпезата?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Колку книги имаш прочитано, Филозофе, штом говориш толку мудро?“, го праша со лицемерна благост. „Не знам“, одговори Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како викате вие тие со крилјата во црквите? – го праша Трајка.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- А онаа прикаска за мртовците што си ги видел да оживеат? – го прашува другиот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Така на крајот отиде до шалтерот за продажба на билети и го праша службеникот, „Кога би оделе каде би оделе?“
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тогаш, како и секогаш, ѝ се препушташе, заедно со семеј­ството, на Татковата фуга, без да го прашува за причините за заминувањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И така направија. Продадоа што имаше за продавање уште со растоварањето и младиот Митре ги подобра магарињата пред стап: – Ке ги појам вода – му рече на еден минувач што се пошегува и го праша каде ќе ги тера толку магариња.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сопругата не му рече ништо за синоќнешниот синоќашниот кошмар, само го праша за кој збор ќе реферира денес.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Еднаш и таа го праша, еднаш пред брак.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Исчепка ли нешто? - го праша Денко кога се врати.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Што да праваме, попе?“ го праша Танаско. „Ништо. Остави го“, рече попот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Refugee?“ го праша immigration officer разлистувајќи му го црвениот пасош.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
— Дома, ли е батко ти Мирче, моме? — го праша Толе девојчето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Најстина, знајш, бре Крчо, каде сет комитите? — го праша чаушот, небаре обичен муабет си прави, Крсте се прави дека не разбира ни зошто го праша.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога ќе снемаат од лебот и виното помладиот брат го прашува постариот - до кога ќе трае епохата на словенските елегии?
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Но Марче остана да седи на подвиените колена, само се фати со раката за срцето, па за увцето („Уф, што ме уплаши!”), а потоа не ја ни сврте главата за осорно да го праша: - Од каде ти?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Кажувај брзо што има? “ - го прашав со нестрпливост. „Турците ја сварија кашата!
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„Како мислиш?“, го праша.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А Калија, само насетувајќи дека тој ја фали, ќе го прашаше: „Ти се бендисува ли Миклош ефенди?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Учителот поретко го прашува.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кога ќе го прашате што сака повеќе, бонбонче или приказна, тој секогаш би избрал приказна.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Арслан го погледна Сефедина, небарем ќе го праша што мисли тој по оваа работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- го праша дедо му кога се сретнаа под колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Боб го праша џуџестиот човек, кој со леплива црна лента ги изолираше краиштата на жиците и излезе низ шупливиот железен столб.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Вториот пат случајно, одејќи накај банките, од автомобилот го забележал чичко Славко, пријателот на татко ми, и застанал да го праша каде се упатил толку далеку од дома.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Го праша дедо Геро.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Почна да си шепоти сам за себе разни неврзани зборови: Најпосле го праша Крстета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Па нели, во тие моменти на неговите страдања таа седна и во мојот скут и ми изјавуваше, божем тихо, (но доволно јасно за да слушне и тој, а и Зрновски) некаква припадност што јас од неа не ја бев побарал; дури и отворено ме покани таа вечер да преспијам кај нив, (забележала дека прилично сум алкохолизиран) а забележав како и Стариот писател се придружува кон оваа нејзина покана бидејќи неколкупати одречно замавна со главата кога таа го праша дали има нешто против.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тавел во текот на 1965 напиша неколку сценарија (Sui- cide, Screen test 1 и 2, The life of Huanita Castro, Drunk, Horse, Vinyl, Hedy, Kitchen).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Исто така не го праша дали ќе го бара и детето... Иако, ја интересираше најмногу од сѐ.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Си зеле пари доста со себе и му пошле кај старио на нива да го прашаат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
— Ајде да видеме шо машко ќе излезиш! — се согласи Толе и го праша: — Имаш ли пусат, шо било, или ќе треба да земам од некој заптиа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го праша стариот кој е, кого бара, од каде доаѓа, но тој само молчеше, мижуркаше не дишеше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Твои ли другари се или сами испаднаа однекаде? — го праша Диме Мирчета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Што забележа, а да не е точно?“, го прашав.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
ПИШАН - „Пишан ли си ти, Дишан?“, го прашале големиот уметник во општина. „Пишман сум“, рекол Дишан и извадил пиштол што испушта мастило.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Повторно седнал на масата и му раскажал сето ова што го раскажавме погоре, и потоа го прашал дали е жива Драганка, зашто разбрал дека многу убиства извршиле Србите во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„А што е ваше?“ го праша игуменот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Толе се наведе пред него, го фати за големата црна брада и почна да му ја тресе главата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бино се израдува како дете кога Рожденката дојде и го праша дали ќе го прими нејзиното девојче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На крајот, речиси спонтано го прашав што е со „голфот-дизел“, на кој одамна чекаше. Сѐ уште ништо.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Да ми е сега тука, право в очи би го прашала: - А зошто, попе Василе, нееднакво ги вооружи со моќ, со издржливост, со храброст и плашливост и зошто така го направи светот во кој е обезличена Зоја и многу други Зои?...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Тато, - го прашав - зошто понекогаш ја викаш Макаренко?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Е, се наспа? - го праша тој. А јас си мислев оти нема да станеш, да излеземе малце в село.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога го прашуваат зошто го прави тоа, одговара: „За да бидам жив.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Збориш? Зборам. Со што? Го прашаа со здив кој гори, Тогаш некој тајно проговори: „Зар не гледате, устите му се затворени, Но душата отворена, со душата говори.“
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
„Ќе те барам да го прашаме или барем да го потсетиме пријателов да се обиде да се сети.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Зоки Поки беше в парк Зоки беше в парк, па кога се врати оттаму, го прашаа: - Што виде таму, Зоки?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Чакарвелика малку премолче па го праша Србина : - Сигурно блиска рода сте, а?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Царот му се приближил и го прашал што гледа: - Го разгледувам полево и мислам колку е убаво за водење војна!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Се прибра дома околу зајдисонце и се гледаше да не се сретне насамо со Бисера да не го праша што решил. Ho на Бисера тоа и беше работата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Али Фети во мигот замолкна. Татко го впиваше секој збор, на моменти сакаше со нешто да се надоврзе, да го праша својот вујко, но не се осмелуваше во ниеден миг да го прекине.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го прашав како се вика, колку да го прашам нешто. Гордо ја подигна главата. „Исус“, рече додека се разделувавме.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Лазор погледнува спрема пругоре спрема гредите, како да сака низ ќерамидите да види што се случува таму надвор, или како да сака да го види господа сокриен зад ќерамидите и на небесата и да го праша кои му се намерите за ноќеска.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Уште пред да ја затворам вратата од собата чув како Вера го праша тато: - Жената што ја сретнав на вратата, која пред малку излезе од кај нас, сигурно е некоја роднина што не ја познавам. Некако чудно изгледаше, страшно налутена.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
— Ја познаваш, го прашуваат кумот. — Ја познавам, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еден случаен минувач, забележувајќи го, застанал и го прашал што прави.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- А ти немаш видено пијавици? - го прашав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Шишман го праша: - Лебати. од каде тебе оваа ука?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Затоа пак таа уште побрзо го праша: „Пак е Атиџе?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Како не најде време да го прашаш, вели Уља, ко брат, ко свое да го прашаш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ма остави, те молам, на глава ми се качи со нив!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ерик стоеше пред една фотографија. Му пристапив и го прашав колку долго стои тука.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Навиениот будилник во него беше сигурен и непогрешлив. „Јас сум ти потреба?“ го праша еднаш таа стискајќи ја со коленици неговата рака.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
ТОМЧЕ: И него ќе го отепам! Сега ќе го отепам! (Појдува кон вратата.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Овој, научен да се клања на големците што влегуваа, а да не му се клањаат, се збуни малку, но виде дека другар му е јабанџија, па го праша што сака.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- За каде, стрико? - го праша младо вооружено момче. - Си одам дома, синко... - А пропусница имаш?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И Митра ги соблече невестинските алишта, си ги облече четничките, си ја прибра и таа пушката и од убава руса жена пак стана Толевиот четник Мише Ќосото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога Филозофот го прашал слепиот од каде знае што е напишано на штичката, кога тоа што е напишано сочинето е со букви за него незнајни и неразбирливи, овој му одговорил: „И кога допирам запис од писмо непознато, јас знам какво собитие е запишано; така, кога ми ја даде штичката со твоите букви, јас видов дека за мене тие знаци се непознати; но сепак разбрав за какво собитие говори записот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Џимовиот менаџер рече дека не може да го направи тоа, рече, но ова е добар Џимов пријател од Л.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Богуле го праша: - Го виде ли рајот, дедо? - Каков рај... - му рече Илко.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Му рече Марин Крусиќ, кога момчакот на враќање ги растовари рибите, излезе од чунот, и кога сфати дека го чекал, му пријде, како на нешто неминовно, како на судбина: „Ти Влав ли си?“ го праша овој.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сакам да го прашам кај отидоа војниците, да го прашам за мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Минува низ селата до кои сè уште не стасала војната, трчаат луѓето по него, го пречекуваат, го прашуваат за фронтот, за своите; плачат, голтаат сè што ќе им каже; му даваат јадење и го испраќаат (Оди ми, добруле, здрав и жив да стасаш, жени се, добруле, додека си млад, да ѝ го видиш аирот...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Дури кога виделе дека ќе умре, му ја покажале и го прашале што да правата со неа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Толе ја навали главата на нејзиниот скут и само преде како маче кога му ја мазнат опашката и го прашаат „писо мацо — дреме ли попот".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Уморен, нели? – го праша Пандо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во разговорот со кореспондентот на “Манчестер Гардијан“, тој иронично го прашал:150 „Дали, господине, европскиот или одделно францускиот печат, и по настаните во Солун, ќе ги симпатизира комитетите, коишто на Французите особено им се заблагодариле запалувајќи им го паробродот во солунското пристаниште?“
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Не сфаќа дека решението не треба да се бара во расположението на Конференцијата на амбасадорите кое го менува спрема приликите, ниту пак во Друштвото на народите и во незнам каков ти суд, туку на друга страна... - Каде? - го праша учителот. - Овде...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И да го праша како му е таму, да не му се нозете во длабока вода. Од солзите мои.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„По колку давате?“ го праша братучедот. „Стандардно, по десет посто секој месец“, рече овој, отпивајќи од чашата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Зошто?” го праша Профим.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Уште пред да се стави софрата Толе поддена разговор со Тодора за најобични работи: дали ќе најдат некое добитче да купат; како се со цена, како е сеното, седбата, овците итн., додека една голема врева од кудата не им го обрна вниманието, та Толе го праша Тодора: — Кој се ниа тамо, шо се смеат толку цела вечер?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Да“, рече Дипен; „и кога го прашав момчето на кој начин го постигнува тоа целосно идентификување, во што и се состоеше неговиот успех, го добив следниов одговор: ’кога сакам да погодам колку е некој мудар, колку е глупав, или колку е добар или лош, или пак што мисли во даден миг, го сообразувам изразот на лицето што е можно поверно со изразот на неговото лице и тогаш очекувам какви мисли или чувства ќе ми се родат во главата и срцето, слични или соодветни на тој израз.’
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Луѓето ја загледуваат сликата од поблизу и од подалеку и го прашуваат сликарот: „Што е ова, сликаре?“ „Корен“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Зошто, сине? – ќе го праша мама. - Така. Не те сакам.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
„Само една вечер ли ќе останете?“ го праша таа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
СОНОТ ЗА СМРТТА НА МИЛАН Имавме еден млад партизан од нашето село, голем борец, личеше на девојка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Нејзиниот ум одбиваше да го прифати бруталниот недостаток на симетрија и креираше само зборови како тунел и агонија, гуши и вреска.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но, Бјанка е толку нерасположена (вознемирена) поради Мик, изненаден сум, бидејќи кога и да посака може да си најде некој богаташ.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Имаш некој динар, педер?“ беше прашањето по кое знаеше дека таа вечер излегува со девојката, а кога ќе го прашаше: „Кога си утре на училиште? “, знаеше дека брат му сака да ја донесе дома и да бидат сами, за да водат љубов наутро во собата која ја делеа двајцата, додека тој е на училиште, а неговите се на работа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Стојан си ги стисна рамениците. – Којзнае? – и ја погледна Анѓа во очите. – Дали само како сестра или како нешто друго? – го праша Анѓа не спуштајќи ги своите очи од неговите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Ја направи ли тој морон таа огромна куќа што за ништо на овој свет не му треба?“ го праша Летка мислијќи на плановите на Еда во Брамптон, Канада, да изгради куќа со дваесет и пет соби. „Не“, рече авторот...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
— Е, коџабаши? Бидна овој работа, а? Како излезе? — почна Арслан да го праша Трајка од кого пред тричетири дена подразбра и се спреми да го дочека нападот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Откако го испразни карванот, домарот помагајќи му во носењето на ногалките, а тој преместувајќи ги летвите час на рамо а час под мишка, Гого го праша дали може да слика на чардакот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Или се лажам, се препознавам? – и се тргна како да се изглагала и со извесна недовера пак го праша, гледајќи го некако несигурна: – Од каде си ти, ефенди, што толку личиш на мене, и што ми го знаеш името?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Или да бегаме, или да ја чекаме војната, овде, во дворов“? го праша некого дедо ти а ни ликата не му ја видовме, ни името не му го знаевме на оној кого го праша.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тогаш Николче го праша: - Кокошкар ли сум?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Никој не го прашува белиот какаду во Ботаничката градина во Сиднеј дали по последниот бел крик ќе се престори во перница од пердуви.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
И откако се совзеде малку, го праша Ти шо чувек си? Ејми к ту васка... удуздола... шо чувек... бигалиц!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Судијата го прашува: Знаете ли кој беше тој што влегол кај покојната Босилка, а тој одговара ње знају?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
По неа и втора, сега поблизу до пишпирк и Барбут- бег, и тие легнаа на земја.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ја споменав Херигеловата книга Зен во уметноста на гаѓање со лак; мелодрамски врв на оваа книга претставува моментот кога еден стрелец го погодува самото средиште на метата во потполн мрак.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Во што е работата, другар?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Иван се насмеа. Но онака, без да пушти глас.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не би бил неодмерен и одговорот: „Гледај си ја другар работата!“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Кој е твојот проблем - го праша Матновидецот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
За миг прекина, се загледа во преведувачот и го праша: - Знаеш да пееш?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А велат социјална држава сме.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во Мажјачиштето, кога Маркел, главниот јунак, го прашуваат, „Престана ли да уништуваш писоари?”, тој одговара: „Не можеш да го наречеш тоа уништување на направа, само поради тоа што таа не е доволно цврста да ја издржи првичната намена за којашто е направена!“
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
- Точно е, го прашав гостилничарот: Жива ли е ќерката на Симо Чардаклија?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Ќе одиш ли пак во Струга? - го праша Горјан. - Ќе одам.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
„Донесе зајрето?“ го прашале. „Го донесов“, рекол дедо Геро.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Застана пред него со двете раце потпрени на шанкот и прво си ги прибра рацете, бурична во кесето опашано през половина, го извади нотесот и ставајќи го на шанкот го праша Марка: „Има ли тој таму некој телефон?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
— Ами, кој се госјето, бре Мице? — го праша Тодор.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Режисерот Јан Босе го прашал писателот Џон фон Дјуфел зошто се занимава со темата во романот на Томас Ман „Буденброкови“ и зошто не седне и напише оргинално дело.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Книгите”. „Какви книги?” - го праша Јаков изненаден. „Не знаеш?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Попот, читајќи, го виде Петрета во олтарот како ги носи поскурите, и од сред молитва: „Боже очисти мја грешнаго“ го праша Петрета: — Колку поскури се, Петре?“ — и си продолжи: „И помилуј мја!...“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Што правиш ти тука?“ го прашал некој комшија. „Се кријам“, едноставно одговорил Едо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Немав потреба да разговарам со Земанек ама баш ништо; тој беше паднал во некое чудно настроение, блиску до лутина, и кога јас го прашав: „Лут си?“, тој рече: „Не, луд сум.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Стево Трајчов се обидуваше да го праша нешто својот адвокат кој набрзина внесуваше белешки на листот истрган од папката со материјали од истражната постапка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Еднаш мајка му го праша Богулета: - Знаеш ли што везе дедо ти?
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но, немаше обичај да го прашува каде бил, најмалку во миговите кога го гледаше вратен, а и децата по куќи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Подоцна Богуле кога се зближи со деда си Илка, го праша - Зошто си отишол во свет, дедо? - Ех, зашто... - му рече Илко.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
„Зошто ги чувате?“ го прашав повлекувајќи се наназад.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
— Горедолу, ќе ватат дватриесет парчиња — рече бабата и го праша Крстета: — Имате ли со попот толку пари?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само кажи ми каде повеќе да обрнувам внимание? - го праша оној што стражареше досега.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Што ти е тоа во раката? - го праша Саше којшто го познава, бидејќи мајка му и тетка Маја исто така се дружат меѓу себе.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Го прашаа дали сака да биде комита.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И, бидејќи Гарванов наполно ја одобрувал таа постапка, Шатев го праша: “...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ама затоа пак, тие, откако ги фати спаијата за свои соработници, не оставија ни еден витолишец да не го прашаат што е и како е в село, а особено каде има поубава ракија и млади невести.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И не можев да се стоплам... Забите уште ми цвокотеа...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога се свртев, го здогледав девојчето како плаче, а кога го прашав зошто плаче, тоа ми рече дека од тоа брашно така не се месело, нивните соселани поинаку го меселе.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Откако му пренесе на Кикицас што рече сто седмиот, го праша: - Се сеќаваш ли за планот што си го изложил пред еден месец на советувањето во Главниот штаб во врска со евентуалниот продор на југ, доколку се најдеме во тешка ситуација?...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мислам дека за Ване бакнежот на Загорка претставуваше вистинска скапоценост и не беше спремен да го замени за друга нежност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Откога чу татко му тие зборои, рипна и го грабна, та го целива и го измилуа и целивајќим и плачејќим, заповеда брго да ја изваат царицата од темните зандани.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
После ова ветување на лекарот, дека лично ќе го испрати писмото, при секоја средба, Марија како да сакаше да го праша - дали го испрати.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Ушите? - го праша. - Молам? - Ѓорѓија вознемирено се потфати за увото, мислејќи дека можеби нешто таму му застанало.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Двете глави на Јанус ги фрлаат двата анихилирачки стрипа, и го прашуваат Бедмен, обидувајќи се да бидат синхронизирани: -И, пингвините? Каква врска имаат?!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Затоа што нивното место не е таму, туку овде,“ одговори доктор Гете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Каде одиш? - го праша Пенко мечето Цимко, кого го познаваше отпорано.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Логотетот го праша Лествичникот: „Заслужи, о пречесен и благоутробен, да те прашам: сакаш лево или десно од мене да седиш? Првенство ти давам, да избереш место.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Него ти имаш ли намера да се жениш? - го прашав ко од пушка Тогаш Шољич ја лупна чашата од маса, отиде до дивидито и неочекувано ја рокна „Ерген одев мајко поарно ми беше” , а атмосферата во дневната набрзо се вжешти.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Не можеш ништо да го прашаш, не смееш ништо да му преречеш. Се плашиш да не излезе зборот настрана.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Каква е оваа навалица, се прашуваат будалине, и трчаат горе долу, веројатно го прашуваат раководството што да прават, како да постапат со толку многу жени.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
-Стрелата што ја погодила целта, мил мој! - вели Сенка.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Едно попладне на почетокот од јуни, кога Матилда го остави јас да го причувам додека таа бараше лекови за Зигмунд низ Виена, Хајнерле ми рече дека мора да е многу убаво сега во парковите, а јас само климнав со главата, „И цветовите сигурно чудесно мирисаат,“ продолжуваше, јас промрморев нешто, потврдувајќи, додаде дека и птиците сигурно пеат поубаво отсекогаш и двапати свирна со устата, имитирајќи птица.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека Едо уште се досетуваше што таа всушност прави, таа ги извади гаќичките од под вода, ја крена раката над главата мафтајќи со нив и го праша: „Ќе ми ги држиш или да ги фрлам“, рече спуштајќи ги да паднат во вода и да потонат на дното.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Инаку би биле покриени со рѓа.“ „Што ако возот наидеше сега, додека преминувавме?“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И единствена вистина е сето ова, единствена жива вистина чекори меѓу вас како виор и како ноќта што е мрачна наметка на мојот порив.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Везирот почна и го прочита докрај писмото. – Стој – викна султанот кога ги слушна последните зборови дека слугата што го донесол писмото е еден од оние што се спасиле при последниот обид да се фатат разбојниците, и го праша везирот: – Каде е тој наш слуга што го донесе писмово?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Што ти е. Оче Симеоне?“ го прашаа со млака тага во гласот. „Ништо“, им одговори зачуден од нивната тага. „Зошто?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Запрашаниот се сврте кон својот другар, тивко го праша: - Ара, како се вика ова село? - Крчишта - одговори тој со пригушен глас.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Комшијата го праша Толета само зошто е затворен.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тогаш Апфелблум го посети во татковскиот дом и го праша дали вистински се чувствува подготвен за местото што му е понудено.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го праша -Зошто мислиш на неа? Се згрчи. На неа?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тешко ми е да го завртам неговиот телефонски број. Како да го прашам к-како си? Тоа не е сообраќајка! Тоа не минува.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
— Море ми кај си, свети Јоване, шо те нема волку време? — го праша руса Миша и веќе му подава столче и му ја зема торбата од рамото, во која Толе ги донесе и за неа подароците како за Проќа во Ал-Шари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
При првата средба не и било згодно да го праша кој се грижи за децата, ниту да најде начин да му предложи некаква помош за нив.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Еднаш беше во гнездото на Марија. Таа го праша - Зошто хирургот те вика Отец Симеон?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Европа што ослободува и Европа што цинично уништува.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Учителот е строг, ама справедлив, - одговори внучето.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
„Која боја ви е костумот?“ го праша Германија и пресегајќи ја десната рака го сотре своето тврдо рамено од него потфаќајќи цела дузина вратоврски.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дури Толе разговараше во оваа колиба со четниците, Петре се поздравуваше во другата со Дамета Груев, којшто како местен работник и човек им го претставуваше на тие што не го познаваа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го прашав за животот во Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Те нервирам ли?“ го праша Вера поради чувство на недоумение.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Му отидов таму, седнав на навлаката за раце, го бацив среде ќелавата глава и го прашав, „Не ми докажа:“, му реков.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Е овој од ногу пати шо му поставуал прашање, тоа не било еднаш, може да се речи и стопати го прашал и најпосле рекол: - Добро бе, ќе ти кажам, бе брате.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Самопочитуваните тревари Никола Влашки и Пандил Димулев го следеле со машки разбирања оддалечувањето на оној чија лузна преку окото веќе двапати му ја преврзувале и го жалеле неснаодливиот млад и убав Куно Бунгур на кого во манастирскиот двор му се насмевнала жената на сургунисаниот маж.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еднаш татко ми во Костурско нагазил на него и тој го прашал што е.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Многу благодарам, му велам, а не ми текнува да го прашам за каков пат ми зборува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го прашав мојот декоратер, кое дрво е полесно за обработка, исушеното или сировото.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Зошто ти е бре тебе овен? - го праша дедо ми Стефан, очигледно помирувачки.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Си подготвил сè за спиење за да биде поубедливо, и го прашал: Каде има але за по нужда.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тије му рекле: - Оти така, доста да је чоекот унен и достоен, можит да бидит цар.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тој не оди далеку од љубопитноста на човекот за кој пишува Курт Вонегат во романот „Лулка за мачки“: Човекот во наведениот роман, го прашува Господ каква е смислата на неговото создавање од глина?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Филистејците се како дечињата во шегобијната македонска песна: сите клечат, сал едно кака.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Јас стоев стрештен; одеднаш го прашав: „Директоре, кога ви ја даде Луција песнарката?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
– Од кој манастир идеш, оче? – го праша поп Јаков калуѓерот. – Од света Богородица – Трескавец, нека не има во раката – одговори калуѓерот и приседна и тој на плочата од еден гроб спроти селаните.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Го прашав дали ќе тргне по патеката за која ми говори.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Подоцна и таа забележа дека ѝ прави нешто со рацете, го праша, и тој ѝ кажа.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Таман него мислеа да го прашаат, кога од јазот одоздола се зададе жена со котел преку рамои исцедени алишта преку рака.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Поп Петко се поисплаши кога го виде толку црвен, го фати за рака и за глава, го праша да не го боли нешто, и откако виде оти ништо не му е, со чудење го праша: — Ами оти толку рано ќе си легниш, Крле?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Иако не може точно да каже како тоа му успева, сепак тој ретко греши.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Зошто, сине? – ќе го праша мама. - Не те сакам!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Вака, ќе му кажам најпосле – и сакаше да стане и да излезе, но се присети нешто и плусна со рацете: Влезе гавазот и со вообичаеното темане поздрави. – Бујрум, кади баба. – Тука е Суљо-ага, Акифе? – го праша кадијата. – Тука е, кади баба. – Ја бргу викни го да дојде!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И токму кога сакав да го прашам Абрам каде и кога ќе разговараме насамо, забележав дека Мечка, божем случајно, му ја подметна ногата на Влатко-Цвик, кого што ние понекогаш го викаме и Окомен, а нему тоа му се допаѓа, зашто му личи на Супермен.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Зошто? - го праша старешината Раде. - Ми треба...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Нели токму наивноста и брзоплетоста, иследникот ги беше спомнал како можна олеснителна околност уште при првата наша средба, а јас наивно ги бев протолкувал само како понуда обвинувањата да се сведат на размена на пријателски размислувања и на еден вид другарска помош.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јане сфати или барем така му се стори дека го прашува како му и на брзина рече: - Добро, добро, многу добро.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Кажи што има таму? - го прашавме - Од каде доаѓа овој ветар?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Го изгледа убаво, ама кога не го позна, позастана пред него и го праша кој е и каде оди.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- А како ти е името? - го праша дедо ми. - Андон. Поп Андон.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
А дали си ја видело мојата мајка, дали си го видело моето дете, сакам да го прашам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја слушнав како тивко влегува, па се приближува кон спалните, ја отвора најпрво вратата кај брат ми, здраво мило, како си, го прашува, потоа продолжува кон мојата соба и ете ја кај мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Е, ајде при воло да ојме - му рекла змијата, и отишле, та го прашал овчаро воло и му рекол: - Помози Бог, волу! - Дал ти Госпо добро, овчарко!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тогаш Шишман го праша: - Да го пробам?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Таа беше првата што разбра за што се работи. Зашто, кога тој ѝ се пожали дека во последно време не сонува, Влаинката брзо го праша дали е нажален оти нема одговор на нешто?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога скокна Дудан, учителот го праша: - До кај скокна Дудане?
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
„Нема“, рече и ја замоли да му помогне да седне на стол.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Но, како можеше да узнаеш?“, го прашал Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Офицерот го праша со строг глас: - Ти си член на партијата?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Незгодно ми е дури и да го прашам кај беше сите овие години.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас знам зошто на Дејан му е скршен носот, но не сакам да го прашам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Селанецот со кошницата во рацете му пристапи и го праша: - По вода ли си дошол, пријателе?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Посака да го праша и за костумот, но се исплаши дека ќе го вознемири.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Како фотографијата со скромниот, настојчив поглед на тетка Рашела.  „Добро - го прашав неодамна татко ми - ќе ми кажеш ли нешто за неа?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
— Шо направи, дедо Петко, со нашата работа? Имаш некој абер од кај Трибор или ошче е јалово? — го праша Илко дедот Петка и зачека.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Сакаш ли така? – го праша дедо Геро.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Наместо тоа, Едо го праша: „Ви се молам“, му рече, „можете ли да ми кажете каде е тука мотелот на таа некоја Петра?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кракатау: Господинот вели дека е некаков герилец, некаква нелегалност во однос на легалноста, и тоа го споредува со состојбата во нашата земја.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Поседнале со темни мисли под јакуцките на гуњите да сраснуваат до суровост со изѕемнатата земја, колку-толку заштитени од студот со веленца и кожи или черги, и пак чекале без сигурни предвидувања како ќе се заврши сето тоа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сулејман се приближи до Суља и плускајќи со рацете над него за да се исправи, го праша: – Ја кажи бре, правоверни сине, како стана таа работа?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Исплашено го прашаа: „Каква каса? Ние мислевме дека си копук.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Ти ја познаваш ли Елена? - го праша тој Денко - Да. - А, каква е? - Мислиш дали е другар, а?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Турскиот судија, кајмакамот, го праша Гоцета: - Даскале, каде одиш ти ваму-таму?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
„Што е тоа осаменост?“ пак го праша. „Состојба, живот.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ама Крстовица не се осмели да го праша човекот кој и го читал писмото што носело царски знак - зошто триесет и шестата него, сега јyнакот од Иван Планина, заради едно „добро утро“ изречено на македонски, шест месеци прележа на еден од камените и суви острови во Егејско Море?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го праша татко му: Што ти е чедо? А тој: - Ме изнатепа даскалот. - Зошто? - го прашав.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога дедо ми се созеде, го праша: - Кој си бре ти човек? - Поп- рече попот. – Грчки.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И вие госпоѓо, од вашите каприци не можете да се смирите“, вели машкиот глас.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Не мислев на местово. Остварувањето на љубовта не е возможно меѓу лудите, затоа што во лудилото постои смртен страв од љубовта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Арслан одброи пет лири настрана и му ги покажа со очите. * — Земи, Трајко, твојот пари и чини алав заметот што'собра овој другите, — па одброја уште пет и му ги подаде со рака: — На, земи овие пет лири аирпараси, врати по половина черек на селаните да не се правит некој ќедер на стоката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Доста го кладе над глава бардакот со вода, го праша Илка откаде изгрева сонцето, се прекрсти и легна на постелата крај стопанот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете, нашево село го избрале да се соберат и да се разговорат, — му одговори Чуран и се запати од куќа до куќа да провери како стојат работите со ручекот и вечерата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На крајот решив да му го плеснам у фаца и да го прашам: „Добро бе брат, који ти е к.....?“.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Кога застана пред Марија, ја изненади тоа што таа не го носеше својот идентификациски картон.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Зошто излишен”, го прашуваат борбените.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Еднаш го прашав зошто му се толку многу пари, а тој рече: да изградам голема куќа за во неа да живееме сите заедно: мајка ми, сестра ми и јас. И мојата жена, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Само не можеше да издржи, па го праша: - Баба ти и дедо ти, добри ли се со здравјето?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Погледна кон оној што бегаше и го праша полковникот: - Што се случило? Зошто го бркате?
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Што минало? го праша втората.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Веднаш сфатил дека е тоа неговиот син.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Додека во чудо се враќам назад, чичко Славе ми објаснува дека не работи без дијагноза од доктор и дека е задолжително да се донесе лекарска белешка, а кога го прашав како ја чита, тој се смешка: „Ааа... хммм.. а-хаааа... дообро, добро, јасно ми е сѐ“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Што е, што станало? го праша шефот на месната канцеларија.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Будалштините се утеха во ноќите посипани со вештачки звезди.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Му реков на келнерот да го праша Dj-от што ќе се напие од нашата маса и го замолив да ми ја пушти една од неговите најдобри песни.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- На пример? - го прашав. - Па, на пример, тренирање во некој карате клуб, или џудо, или занимавање со каков ѝ да е друг спорт.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се разбира дека никој не се осмелуваше нешто да го праша зашто видоа дека нивниот Американец не си го троши погледот од што немаше што да работи, туку очигледно тој нешто бараше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Наташа Му благодарам на татко ми кој беше со мене додека ја пишував оваа книга за да го прашам за сѐ што не можев да се сетам.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Го прашав Земанек заедно да пишуваме; тој рече дека не сака; го замолив барем да ми прави друштво, оти имав намера цела ноќ да седам и да работам; рече дека не сака; по часовите позајмив една машина за пишување од еден пријател и се зафатив со работа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
— Ти беше во петта ќелија? — го праша детето Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Стојче го праша Шаќира што мисли.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Хелвиг, ме сакаат ли мајка ти и татко ти? - го праша едно утро, пред тој да замине на работа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Одел, што одел и сретнал еден човек. „Каде?“ го прашал тој селанецот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Го прашаме каде е Бренското Чешмиче да ни го покаже, а тој запна, не знам па не знам. Ете затоа јаде ќотек.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Го прашав има ли меѓу нив и некој Македонец. Тој ми покажа едно слабуникаво брадесто момче, малку наднаведнато, кое под мишка носеше блок за цртање.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се развесели. „Ме сметате за опасен лудак а не знаете што станува околу вас?“ „Што станува?“ го прашаа стискајќи го меѓу себе и кикотејќи се безгласно, само со тешките раменици на кои можеа да ја држат земјината кугла.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не знам и како да го прашам, што се вели, целата сум сметена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Важно е дека јас насетив оти Уртето ќе го викаат со намера, ако не им признае тоа што ќе го прашуваат, да го стават во самица.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Еден ден, токму на излегување, на вратата, свртувајќи се кон рафтовите на аптеката, Гоше се осмели да го праша Ластета зошто кај него во иста амбалажа сè повеќе се продаваат лекови за кучиња и лекови за луѓе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Беше очигледно дека Зрновски е најдоследниот подржувач на нејзините желби и ги одобруваше сите нејзините постапки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога ќе го прашав за нешто што гледал, тој не можеше да ми каже.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се сетив на нашиот разговор утринава и на она како се вчудовиди кога го прашав дали е сигурен во она што го тврди или станува збор за обична претпоставка? А стануваше збор за банална вистина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
— Ете ти а, невестата, нека ти готви бре машко! — пак Митра го сакалдисува Илка и го праша потсмешливо: Како, како?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Их, шо би опашал едно два три колана, да сакаат да ме примат!“ си мислеше тој кога го прашаа дали сака да биде комита.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Колкупати бевме решени да не го прашуваме за слични нешта, но никогаш не си достојувавме на зборот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Силјан Лилјаков ќе стане, а Апостол Макаровски ќе го праша: кај бегаш, Силјане, кај одиш?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас така имам обичај да го малтретирам со тие „ветувања”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
— А ти зошто си овде? го праша Толе детето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Што е со Дудан, нем ли е? - го праша учителот. - Не, чувај боже, учителе...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
— Е, ќе имаат ли толку пари кај себе, Тодоре? Го праша Толе Тодора.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој го отвори, го прочита и виде во што е работата: – Каде се овие луѓе што се споменуваат во писмото? – го праша Мехмед везирот што му го даде писмото. – Во затворот – кусо му одговори овој. – Нареди да дојдат пред мене – беше уште покуса наредбата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Задоволен беше, но не знаеше што мисли Србин, зашто овој пат не го праша.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ѓорѓи го поздрави Гоцета со „господин војвода“ а овој го праша Толета. — Од каде довтаса, бре јуначе?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Неговиот пријател, наполу животно, го прашува дали ужива.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Затоа кога видоа дека Турците идат в село, се им излезе пред очи и почнаа да кршат прсти и да се жалат: – Е, што ќе правиме сега, попче? – го праша ќефалијата попот кој важеше во селото како духовен пастир и најпаметен човек. – Е море, што ќе правиме, Димо!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во Хамлет, во третиот чин, втората слика, го прашува кралот принцот “кој се чини сѐ почуден”: “Како се вика оваа драма?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сега го чув дедо како гласно го праша Петрета пред пангарот: - Даде ли Господ крстот, да ни е на помош, да замрсне? - Даде, Крстине даде.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Застанавме пред една кафеана и првиот од најблиската маса, по поздравот на македонски, го прашуваме по кој пат да одиме во Дреново.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- А зошто седиштето на оваа клацкалка останала стара?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Е? - го праша Србин мижејќи. - Ништо.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тие го најдоа Дамета и го прашаа за комитите, за Комитетот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Што се запалило? - го прашуваат Митка. - Лебот, што! Изгорел во тавата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Штом влеговме во уличката зад црквената авлија, јас го запрев Килета: - Чу ли што зборуваат луѓето? - го прашав.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Во потопот и вашите болви ќе се издават, претскажувал старецот со вражалски ќесички под очите, едното поголемо од другото како што е поголем потпланински бадем од семка на слива; навистина оние четворица со клокотави грла за малку не умреле од незапирливо смеење, се тркалале по млада трева слични на пеливани што се борат со своите сенки, наеднаш половина дружина да попаѓа од стомачен кикот кога оној Филип Макариев го прашал со детска наивност вториот Нојо што ќе се случи ако нивните болви се удават со него а сите други ако останат во големо корито со неговите болвички, црни и скокливи внучиња со Симон-Наконтикова крв на невидливите цицалки - Ќе се давите и ќе подавате раце да ми се фатите за учкуров, ама - на! завлекол рака в појас Симон Наконтик; капнувале од невидено смеење не знаејќи ги бара ли тој болвите под гаќи да ги стисне в рака и да ги спаси од поројните води што ќе ги покријат и Содома и Гомора на вилаетот или заканувачки сака да им го покаже учкурот за кој со задоцнето јунаштво на машкоста им раскажува нови библиски поглавија; од утробата му 'ртел плач.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред да одговори, заборави што го праша другиот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Само што сакаше да го праша за причината на неговата вознемиреност, некој тропна.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Добро беше што го праша дали некаде се должи себе си со таа вар и со таа работна рака и со сите тие килими, на што тој ти се исклешти: „Знаеш, претседателска куќа, може да дојде секој, и...“
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но Маре, неговата Маре, го запре за ракав и го праша пред сите: - Од каде го знаеш ти ова дете?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Го праша како е со здравјето, како си помина на туѓина и којзнае уште колку прашања ќе му поставеше да не стаса кафето и да не го ѓибнеше на најосетливата жица.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Алал ви ги чинам... Само кажете кога ќе се враќате назад...“ „Зошто?“ го прашуваме.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И не ни мислеа да го прашаат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
„Што виде?“ го праша Летка. Едо веќе имаше решено. Влегоа во продавницата каде што Едо го побара блокот од излогот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
— Как си поминате денеска, Толе? — го праша Доста братчето на Неда.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
го праша некој од четниците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дали од тифусот или од друго, не е моментот да го прашам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бошковица, која ѝ помагаше на снаата во миењето на чиниите од вечерата, му се приближи и го праша: - Бошко, да го запретам огнот?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Татко му дури го праша како успеал да ме освои.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
„Може ли?!“ - скоро хистерично им се извикува в лице.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Не е лоша – божем незаинтересирано промрморе тој.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Градинарот Раиз, без да го прашам, забележувајќи ја мојата вознемиреност, но и моето миговно смирување, кога ги видов сите живи и здрави, ме пречека смирено со зборовите: - Не грижете се.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го прашал домаќинот, како е мајка ти Стојна, невестата Неда?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Кога беше готова, го праша лекарот како да го испрати.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
-Како да станам промислен? – веднаш го праша Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Го прашуваат еден калуѓер, а тој им вели: Вака и вака. И тие, така.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- А вие? – го прашав. - Јаска се од туа, од Македонија...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се разбира, не се осмелував тоа да го сторам без да го прашам татко ми, но и за да го прашам немав доволно сили.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Отишла и царицата да го праша зошто је тепал ќерка је и не ја примал за невеста да му бидит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Е Турчин будала- му рече дедо Стефан и го праша: - Кога треба да дојде?
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Навистина, веќе од вториот том на речникот нашиот бравар започна да ја губи волјата, некако се опушти и стана расеан.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Кажи бре, синко? —го праша Челебијата Толета и му нареди на Аќифа да се поистави, да не слуша што ќе зборува тој со Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога ќе го прашаат на што се должи таквата верност рамна на саможртва тој ги крева рамениците.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Бре, да затоа си забрал гајле, ами јас да сум ти жив - му рекол стариот - ами еве како ќе му речите на царот: "Честити царе, ние завативме да ви напраиме синџир од песок, арно ама, за да не ни оит маката за бадијала, чунки ние како што сме кинисале да го праиме, кој знаи ти дали ќе го бендисаш.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога дојде на мостот, еден од Германците го праша: - Вохин? - Каде? - преведе цивилот што одеше со нив.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
„Зошто овие луѓе не се во одделението за обични ранети лица?“ - го прашал Ростковски шефот на жандармеријата што ги придружувал конзулите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Патем Евто го праша Трајчета: - Трајче, знаеш ли каде одиме? - Знам - одговори Трајче - по греди.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Да. Негов сум, - одговори Гоце, - а од каде го познаваш татко ми? - Ех, од каде? - рече Даме.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
— Готов ли е твојот, побратиме. — го праша Јован Толета кога пристигна до него и го фати едниот коњ за узда.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Што не знаеш: не си го прашал или не знаеш како излегол жив?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сигурно некои мили госје имате? — го праша Тодор Митрета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пак ли сонуваше? го прашав. Истото... рече тој. Налетаа тенкови на ровот и нè смачкаа...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ми се врати Ристо мој без заби, сокапан и осрамотен како татко му...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Го погледна попот калуѓерот, се прекрсти пред иконата и ја бакна, a no него истото го направија и селаните. – Каде вака сабајлево, оче дуовниче? – го праша поп Пејо калуѓерот и го погледна некако со извесна недоверба. – Од Трескавец, света Богородица, да ни е на помош – одговори калуѓерот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Човек стои како стожер, со коса бела, го прашуваме невешто, дали помош треба.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
— Ами каде, бре, побратиме, вака по мракот? Го праша Ристе Петка и му подава столче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„ тој го праша вујко ми...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Еднаш му пишав на брат ми во Мелбурн и, не раскажувајќи му поединости, го прашав дали тој знае нешто повеќе за нашите предци.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Токо, ајде брго да ме одведиш кај него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И пак и одново му се присторува дека некој таинствен глас на разумот, совеста и осудата допира до него некаде од срцевината на дебелите и многувековни дабови што растат на оброчиштето одспротива и го прашува: ЗОШТО!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Французите беа наполно занемени додека некој не се сети да го праша Љакета што е оваа работа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Зад него стоеја двајца со побелени фесови, веројатно слуги на првиот, и со волча глад чекаа да се фрлат на нас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Е, Силјане, како е татко ти Божин со здравјето? - го прашал домаќинот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Рајнер тргна кон вратата, јас тргнав по него.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас знам само едно: уште еднаш ќе го прашам. Ако рече пак не, ќе се отепам!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Татко, не мене, ами Борко го прегрна со едната рака и го прибра до себе и, слушнав, како тој да бил болен и одделен од дома, а не јас, го праша дали сака од зелените или од црвените бонбони.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Можеби е подобро да го прашаме нејзиниот лекар.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Потоа Србин го праша Шишман.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ако го напраите, арно; ако не го напраите, глајте на сите ќе ви ѝ сечам.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Зошто: ние, го прашав. Зашто сме двајца, одговори и погледот го сврти во другиот крај на лакот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
По еден месец, откако Едо проработе во „карвошот“ на чичка Васка, тој го праша Еда: „Колку долари досега имаш засолнето?“ „Скоро сите“, рече Марко. „Сѐ ти плаќаш“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Адам Лесновец го прашал зошто прстот на судбината му го покажувал патот само кон една куќа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Остави, верувам јас тебе како стар пријател, — му рече Арслан и го праша: — Колку сет твои од овие петстотини?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Што ти е, човеку?“, го прашав. Тој ја крена главата, бавно, и јас видов дека целосно е пијан.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дури во ходникот на зградата се издвои од групата и го праша портирот каде е телефонот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Со потфатот... - го праша.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
„Овој мост е напуштен, нели?” го праша Далтон.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Попот го зеде тефтерот и моливот од калуѓерот и почна да пишува: „Во лето од рождество не плоти господа и спаса нашега Исуса Христа 1563 прииде во веси сеи богомолец – черноризец, – (како се викаш, оче?) – го праша калуѓерот. – Отец Серафим – одговори овој, а попот продолжи да пишува: Отец Серафим собра милостину од...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Велиш, четири месеци?“ го прашав со недоверба. „Да не си претерал - четири месеци?“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Дали ќе постапев и денес така? Не сум сигурен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го прашав Земанек дали го чувствува истото кога го вдишува тој мирис на лакот; тој кратко рече: „Труе.“ И потем пак одевме.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Да не беше тоа прва наша средба и да го имав запознато Игбал така како што сега го познавам, сигурно ќе го замолев да ми објасни подетално што се тоа западњаци и источни цивилизации, ама таа ноќ, тогаш, не сакав да помисли дека сум незнајко, па решив утредента да го прашам брат ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дали го прашавте што памети а што заборавил?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мајката се исплаши, го праша каде е дада му и кој го качил.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Сепак Едо го праша Хари: „А што се оние диференцијали на полиците?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Меѓутоа, во текот на своето патување по целата земја научи неколку зборови англиски.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Крај ли е докторе?“ го праша Богдан. „Кураж...“ му рече лекарот...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
— Каде Толе, кај сакаш на конак да бидиш денеска? — го праша Илија Толета. — Нема кај сакам, другари!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Некој новинар еднаш го праша Пол дали ги плаќаме Велветите; кога Пол му рече: не, тогаш овој сакаше да дознае од што живеат.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Штом Трајче дојде на нивната маса, уште не седнат, го праша Марка: „Дојден си да ме честиш или јас да платам?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој ја подели нарачката на стариот на два дела, и му дозволи да се извлече уште овој пат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Само, сакам доказ пред да појдеме. – Кога? – вознемирено го праша Парацелус. – Веднаш – одговори ученикот со остра решителност.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Е, заошто не го бендисуаш ова место, бре татко? - го прашал момчето татка си.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кралот пред тоа во истата слика го прашува принцот: “И, како живее нашата роднина Хамлет?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
— Каде вака, Мире, по ридов денеска? — го праша стариот Диме, кој беше другар на татка му и со кого долги години одеа овчари заедно кај битолските аги.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Која е таа Мортенија? – го прашав човекот што потрча крај мене. Не ме ни погледна.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
На градилиштето се сретнав со инж. Бекар, директор на градилиштето на фирмата „Холцман“, за која работат „бетонците“, и го прашав што мисли за работата на нашите луѓе.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- го прашува Даркер господинот Сенка; играат некоја игра, можеби...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се плашев да го прашам, зашто сфаќав дека и тој се измачува поради тоа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- И другите ли карамели не се за броење и не чинат? – го праша еден чичко.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
— Татко, шо зборуаме ние со тебе? — го праша Бисера и „работата легна“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не ми треба абер, знак, само колку да знам. Зошто го прашав срцето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Одејќи долу по Сребринската улица го пречека Анда Шојов и го праша што направија чорбаџиите (Андон беше момак у Влајка Лазев).
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со кого зборуваше, ќе го прашаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога го прашав тоа попладне татко ти зошто се однесе така, зошто го избегна разговорот со жената, ми објасни дека тоа не му била намерата. Тој никогаш ништо не избегнувал.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ако некој корисник очигледно претерува со бројот на дозите, тој може ќе го праша дали е сигурен дека уште една е добра идеја, но нема да се обиде да го убедува да престане.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Трајче го праша: - Ти ли си, чичко Тале? - Јас сум.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ај што го смета татко ми, демек дедо ѝ, за будала; ама и мене, што сум зела маж генерал без војска, нареден со ордени на градите и со прави бразди на мозокот, кого ако го прашаш за Крива Паланка ќе ти го покрие со палецот цело Мариово, а кога ќе му го побараш Мртво Море од Арабискиот Полуостров ќе направи мрвка за под ноктот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Марија веќе имаше дознаено дека Богдан го напуштил Пансионот и го праша што работи сега.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Вчера таа пак со пластичната кеса со леб меѓу нозе, седна до него и гледајќи го право в очи го праша: „Вистина е дека си ти шпион?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А поголемијот брат, коа излегол од дома, ошол на лоф, кај шчо си оел секојпат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Зошто го пуштија од затвор пред три месеци?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
По некое време го праша: - А по наше да читаш знаеш ли?
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Пушеше. Го прашав дали ми се лути. Рече дека ми се лути.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Е, вистина, као што рекле стари: Не кому му је печено, ами кому му је речено.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- А, Гоце, како оди учењето? - го праша татко му. - Добро, многу добро...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Камилски, замислен и натажен, но со посебно внимание го следеше Татко кога говореше за книгите на џамијата и внесено го праша: Но дали се знае некое од имињата на авторите и книгите на оваа најголема библиотека на времето во Османската Империја и подалеку?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Трајче го праша Планински: - Би сакал да останам кај вас.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Откоа се научија старците за зборојте, си тргнаа да си одат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога таа го праша до каде оди, стана свесен дека го слуша работењето на моторот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Од колено на колено сите потајум го псујат Голијат, ама сал еден му излегува на мегдан, средполе, пред сите да го праша како тоа само за пет години служба станал мултимилионер кому наеднаш му се присакало сите да му се поклонуваат а да не го проколнуваат.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
А ако го прашав случајно, дали има нешто ново, ќе одмавнеше неодредено со раката, а што очекуваше ти да се случи, и се чинеше навистина изненаден од вака поставеното прашање.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Не се шегувај. Кажи ми ја вистината“, воздржано го праша таа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Само еден господ го знае местото што не може да го најде смртта, ама како да го прашам господа, кај да го најдам да го прашам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зошто говориш така? го праша Отец Симеон. Зошто ги сакам ножевите, му рече хирургот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Никогаш не го прашав колку е остварливо сето тоа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кого ќе сретнам, ќе го прашам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Па зашто вие овде легнавте?“, го праша надмениот женски глас.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Како ти се ќерките? - го праша. - Добри се, сполај ти, - рече Коте малку како да е навреден.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ми беше страв да не сум полудел, да не зборувам можеби повторно на глас, па го прашав Земанек дали можеби знае што сум помислил.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можеби затоа дедо ми Крстин прв го праша Едо: - Вие, со фанариотот како сторивте?
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тоа ти го барам, а потем, ќе ти го дадам целиот свој живот. – Многу си лековерен – му рече учителот. – Не ми е потребна лековерноста; ја барам вербата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Генералот се поздрави со командантот и го праша сѐ додека му ја држеше раката: - До границата колку е далеку?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Да не случајно ви завршиле парите, а пак не сакаше да кажеш?“ - го прашал Гарванов преправајќи се како да не и обрнува сериозно внимание на изјавата на Орце.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој се смее. На некој чуден начин ме успокојува кога седам со него на клупата пред црквата.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
„Што мислиш?“ го прашав. „Мислам на еден жолт путер од детството“, ми рече. „Раскажи ми“, реков.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Ти кучко малечка, да молчиш, - ѝ свика брадјосаниот нејзе. – Кажи бре ти кој е најгазда од вашите татковци? – го праша тој Пецета, кој сѐ уште го држеше шишето в рака.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Над него се наведнале две сенки. Го прашале како му е. Им одговорил со офкање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Еј Френк, што ти мисли за Ден?“ го праша Милан со рамнодушен глас.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А. и тој сака да работи со вас”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- Не сум го прашал ни знам како излегол жив. - Требало да го прашаш.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Уште еднаш беше готов да го праша брата си дали е вистина дека девојката беше тука, но тогаш помислата за тортата, тој дел му стана поверодостоен, особено гровтачкиот одговор на Френк дека и тој сака торта без прелив.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во Сопот тој имал роднина кој го славел Свети Никола, тие го прашуваат каде е таа девојка а тој покажува на мене.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Додека Татко, колку од љубопитност толку од почит кон гестот на ненадејниот гостин, ги гледаше и ги прелистуваше книгите, постариот од играчите, Афз Б., со тивок и учтив глас го праша: Дали играте покер?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
— Ќе си ја земиш ли ти таа грижа со твоите Анадолци да ја свршиш уште таа работа? — го праша Дургут Бахтијара, што требаше во исто време да значи и заповед за акција, бидејќи Дургут беше главен заповедник на сите овие вооружани сили.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Пак имаш голтнато некое дете? - го праша Бреза.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Зошто не ја пуштите дома?,“ го праша еднаш Клара доктор Гете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Затоа и разговорите меѓу нив беа повеќе на таа страна. – Имаш ли некој абер од синовите? – го праша Муарем Мамута откако го направија пазарлакот за девојчињата и длабоко воздивна, пренесувајќи се во своите мисли далеку, далеку на бојното поле, каде што и сам помина петнаесет – дваесет години.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Чаушите го прегледаа грозјето, особено под него, и рекоа дека ќе мораат да го прашаат санџак-бегот дали ќе ги прими.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се доближил до него и со страв го прашал: - Што си ти?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Не мина долго време, Мајка, сакајќи да му даде друг тек на разговорот, напуштајќи ги своите сентиментални спомени, ненадејно го праша Татко, кога тој веќе се внесуваше во читањето на една книга, со која сакаше да заспие: – Што стана подоцна со грофот Чано? Како заврши?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
— Ахаха, детинска, аџамичка работа, а? Жими вера, ако не најдеа апан'с токму машки ќе правеа, туку благодарение на јузбашијата и аскерот, та излезе детинска.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Каква убавина, а мајсторе?“ го праша насмевнато Калија.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Бабата Тода го праша еднаш двапати и кога виде оти нејзиното Јоше не мисли за живот, си ја поткасна устата и веќе не му проговори.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тоа го помислив и она утро, кога влезе овде во одајава и без некој нешто да го праша едноставно објави дека оној Голем Тодор, за кого ништо не се знаеше со години, се вратил; дека сега станал и ѕвездочатец.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сепак го праша: „По него ли заклучи дека романите се вистински лаги?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- го праша.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Бегот со гнасење се потргна од квичавото старче со крваво лице и сепак, во двоумење дали да го удри или да го заборави, го праша нешто на турски.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Што да те прашам?„ го праша.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тогаш Велветите се преселија во Фектори, заедно со своите тапани, и маракаси, и гитари, и казуи, и автомобилски сирени, и парчиња стакло кое го кршеа и почнуваа да вежбаат.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Влезе во неголемата куќа со ѕидови од камен и ја тресна вратата зад себе. Удри резе.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
„Значи вие од затвор идете?“ со сожалив глас по долго молчење, го праша таа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И колку што подигна нога за да го стапне, се втурнаа мажите, и го спречија. Кој знае, може ќе го убиеше... Ама него за малку што не го убија.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И како што го стегаше сега безопасниот противник, и тој разлабави рацете и веднаш го праша со истиот старавински говор: — Откај си ти бре, вака шо зборуваш нашинцки?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пустина во Азија на четири букви!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Татули слушајќи го Илка каде што при зборувањето ќе употреби некој странски збор, меѓу кои и италијански, тргна на шишето ракија воодушевен и го праша: - Каде си научил италијански?
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Како се викаш? - го праша учителот. Тој - камен.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Интересно: модринката се искачуваше колку што нокотот растеше. Најнакрај имав сосем нов нокот.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Дали некој може ли не може да работи, никој не го праша. Грбачот е исто што и остенот на воловите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Го прашуваат за името и презимето. Не ги слуша.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој почна првин да го отпоздравува: потем погледа во небото и рече колку е убав денот: па го праша за домашните и неговото здравје: па за ова, па за она, па најпосле му влезе во писарската одаја и го праша вистина ли е тој толку близок со мутесарифот Абдула-бег како што зборува чаршијата, и не е лошо да знае и за него, му рече, дека церибашата Осман-ага му е брат од чичко, а дервишот пак Керим, сигурно чул за него, му е асли роден брат, од иста мајка и од ист татко, и тој сега живее во маалата на дервишите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сакав да го проверам знаењето на Баждара и наивно, со почит го прашав: - А Авганистан каде е? - Во Англија или Америка...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Му зборуал, го прашал за едно, за друго, да видит што одгоор ќе му даит, одгоорот што му го давал, го сетил оти се избудалило, та беше го клале во една одаја, како под затвор да постои, дури да дојделе еќимите да го видат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Се истуфкав дека не го прашав Јона за децата: дали чул нешто за нив, дали ги сретнал некаде по водата, дали ги видел.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Што ти е тоа? - го праша Србин. Ништо. Играчки, - рече Шишман.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Коа чуја старците тие зборои од царот, му се поклонија и си отидоа дома, та седнаа да мислат кој збор каков је.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- А ние магариња ли сме? – го праша некое друго дете.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Милиционерот внимателно ја испрочита, го погледна неколку пати споредувајќи го со фотографијата на личната карта и најпосле го праша: „За каде патувате?“ „За Австрија“, рече Едо. „Пасош!“ рече милиционерот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Немате слушнато зошто ме бараат? Зошто сум им потребен? - го прашав колку што е може повнимателно мојот потчинет Вртанов, а во врска со наредбатата на убавата Росана.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
По една своја воздишка на грижа, челникот можел да процени дека познавачот на треви е болен и се сетил дека така исто бил црн и Симон Наконтик дури и по смртта и го побарал другиот тревар, го нашол и го прашал навистина ли од чумата или од улерата се поцрнува пред умирање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оваа појава, новодојдена во Њујорк од Јута, љубопитно го прашува дали е „типичен“ хомосексуалец.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Чекајте, јас тука сум новодојден. Да го прашаме оној што човек што доаѓа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Дома немаш кого да го прашаш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Каде така ноќески, коџабаши? — го праша стражарот на македонски јазик.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еден додипломец на Универзитетот на Мичиген, кој подоцна и се запиша на предметот, првпат слушнал за него кога некој новинар од вестите на една локална телевизија му напикал микрофон в лице и го прашал што мисли за предметон.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Шишман се чудеше што да прави, таман некако сакаше да го праша Србина, а командирчето меѓувремено застана одстрана пропуштајќи ја четата напред и еден по еден војниците се споредија пред него.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
— Море, јас презимуа, токо ти како си со момците? — го праша Толе и ги побара Трајка, Најда и Велјана кои, плашејќи се од аскерот што се точкаше тие дни по Црна, беше ги испратил поп Ристе на колибата да се маткаат околу стоката, да не паднат в очи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дедо Петре го праша: - Како, како, внуче Дончо? Како врви учењето?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Почна да бара нешто по џебовите и токму кога имаше намера да го праша нешто минувачот што брзо чекореше крај него, јас му свикав: - Дедо, дедо, што правиш во ова време овде?!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Со воздишка, менувајќи ја прочитаната книга за нова, тој го праша стаорецот од одделението за култура, кој заседна зад барикадата од книги, “дали уште многу му остана”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
На едно поминување крај него Вангел Русјаков сакаше да го праша како е со здравјето, ама наместо тоа од уста му излета Денеска како да ти е празно шишето, а?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Во своето легендарно интервју во Roling Stone од 1989 година, David Sheff го праша Херинг како сознанието дека има AIDS го променило неговиот живот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
И решиле таа бесмисленост да ја живеат на неразумен начин наречен лудило?,“ го праша Клара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Што правиш таму?“ - го праша татко му.  „Чекам да се тргнат облаците - му одговори подзамижан малиот - сакам да ги видам.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ја да ја слушнеме сите ние овдека па да ти поверуваме – го праша кадијата раскажувачот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Што ви е маката? - го праша дедо ми.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Гита го испрашува гледајќи го во празните, сиви зеници, без и да отвори уста, го прашуваат очите на неговите сопствени деца, очите на луѓето што едвај ги среќава низ испразнетите гета, погледите на оние 43 илјади луѓе што заминаа со писокот и чадот на локомотивите и што ги нема веќе, а тој, ете, ги гледа секаде наоколу.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Откако уште еднаш се поврза со 18-та бригада и провери дали се обезбедени позициите од насоката Костур - Поздивишта, го праша својот курир: - Има ли нешто за јадење? - дури сега почувствува глад.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но... како да ви речам.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
„Ништо“, рече, „еднаш веќе така ми се случи и четири месеци гледав како ми расте нокотот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Синот виде во татковите очи дека му ја говори вистината и зависта во миг му го ослободи срцето, но сепак го праша љубопитно: - Тогаш, кажи ми во што е разликата меѓу нас?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сакам уште нешто да го припрашам, ама стражарот веќе ме дрпа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Чичко чиј е овој автобус? - го праша тој шоферот што седеше во автобусот и читаше весник.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Трајче го праша постариот дрвар, кој разговараше со војникот италијански: - Чичко, што значи тоа „бамбино“ што ми рече војникот?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
После период на тивка медитација, пасторот Рик го праша Дејв што сакал да каже писателот на верскиот напис со зборот „тесен.”
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
— Што велиш, ќе дојде денеска Шаќир со Толета? — го праша Петре Митрета и се исправи, та седна на сакмата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Кафе – замолив. - Хурије, вале триа кафедаќа31 – викна на грчки. - Милате елиника? – го прашав.32 - Да, зборувам и тоа многу добро.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Вера, откако стана, невообичаено зачудено и чудно го набљудуваше пред да му се јави. „Ќе се вракаме ли?“ го праша.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога работата стивна Србин го праша Шишмана: - Да не му го скрши крстот, море, како на оној во Влашко.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Го прашав што има внатре.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Дали изнесовте од визбата од она вино што само на победниците им го нудите?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Чие си ти, момче? - го праша.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се чудеше зошто не го праша брата си Тодор да ја пречека и подземи?
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
- Каде оди? - го прашав. - Не знам. Не кажува- рече.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Дали го чу Џемо или не го чу, ќе го прашаме на тој век таму.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Постои еден стрип... -Страв ми е од тоа - вели Бедмен.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Додека го гледале филмот, добивале желба да влезат во филмот да го запрат нивниот другар и да го прашаат што е тоа што го мачи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Како никого друг да нема, кога ја потокми, проба како се покрива под полата и го праша Србина пикајќи ја раката в џеб?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Татко ми кога заврши за оваа необична спрега, Чанга не можеше а да не го праша: – Не можам да ја разберам врската помеѓу козите и јаничарите?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ве видов уште сабајле и тешко ми дојде кога забележав како си одите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Одевме сосем брзо...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тешко да го кандисаш да рече, та после илјадници да го одвраќаат не го гази зборот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа застана, се фати себеси како зјапа во сонцето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ошол дома на ноќеф, преспал ноќта и утредента, коа се разбудил, го прашал брат му: „Како помина, брате, ноќеска? Дали спа лесно?“
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Една од приказните кои оделе со Луовата слика била за некој манијак кој убил четиринаесет деца и го снимил нивното врескање, за да може после да дрка секоја вечер во шталата, а Џоновата слика се појавила заедно со една приказна за некој тип кој го убил својот љубовник затоа што сакал да се ожени за неговата сестра, а овој не сакал сестра му да се омажи за педер.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ама, ако го праша пријателот „зошто“, што ќе му одговори?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Буф“, рече Едо. „Тоа не го знам“, рече Елефтерија. „Така ли го викате?“ го праша.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се кае ли? Можеби. Донекаде. А зошто?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- А не го праша: „А што правите зиме?“ - Го прашав.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
— Шо правиш тука, бре, клапче, волку рано? — го праша Шпиро, кој секогаш беше прв, а сега, ете, Крсте го преварил.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Најпосле успеа да го праша Марка: „Што јазик зборувате вие двајцата?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На нивниот осумнаесетти роденден, на кој се собраа сите роднини, една од тетките, зборлива како повеќето добродушни жени, забележувајќи го таткото како горделиво ги гледа синовите, го праша: „Кој од нив повеќе личи на тебе?“, на што сите присутни се насмеаја. „Тој“ – рече.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Присутните ја забележуваат промената кај него и го прашуваат: - Зарем престана да пушиш? - Не.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Ти не ми се лутиш, нели? - го праша Денко Бојана.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога го прашал Ворхол дали сака при­казна, заплет, тој му одговорил дека не му е потребен заплет туку инцидент.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Не зборуваа многу: тој, зашто не му се зборува; таа, зашто не знае што може да го праша...  Го виде истоштен, повлечен во себе, замислен. Ѝ се стори и - сменет.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Што има ново во Маказар“, го прашав по некое време, за да го свртам разговорот од маката што сака да ми ја натовари.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Никаква „уметничка“ литература, само чиста медицина, универзална панацеа, фетиш, на некој начин: ако имаш забоболка, ќе отидеш до својот забар и ќе го прашаш дали е дадаист.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
— Јас не можа без шума, — му одговори на началникот, кога овој го праша каква служба сака да му даде кога веќе се посрби“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Како рече? - го прашав. -Може да се случи и да успее?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
По малку време беше се собрале сите куќни луѓе и дури некој од комшијте и курдисале муабети да го прашаат Силјана.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Што ти е, Терзивче? - нежно го праша татенцето Аритон Јаковлески.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- А вие кој сте? - му се сврте управникот на Гоце Делчев.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Судијата го прашува зошто ја остава, а тој му кажува дека таа е причината што тој се разболел, дека има нешто фатално во неа; пред да ја земе бил здрав како челик, никогаш, од дете, не бил болен...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
— Што, да не ми тежат ако измисли многу? — место одговор му постави Шаќир прашање.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- И тебе ли ти е тешко? - го праша дедо му, кога измачен, ослабнат, се појави пред колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Учителката мирно го прашува дали тоа е сѐ што успеал да стори.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Заборави и да го праша дали ќе дојде со него ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Зарем не? - ќе го прашаше и ќе го бакнеше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Леонардо, мој боже. Кој ли беше оној славен физичар, Џоен се надева дека ќе се сети да го праша Френк покрај она за хотелските клучеви, кој на умирање изјави дека има намера во Рајот да го праша Бога за две нешта, квантната електродинамика и турбуленција, и дека се надева дека Севишниот ќе може да фрли малку светлина барем на онаа првата?
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Бидејќи Петре тука го прекина своето зборување и не продолжуваше, дедо ми го праша: - Ама што зборуваш ти?
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Посакав да го прашам, ама не бев сигурен дали ќе ми ја рече вистината: И не го прашав.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ми рече да седнам до него. Го послушав и со задоцнување го прашав што лови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но ниту една болка не е доволно силна – дури и кога би си ги ископал очите, дури и кога би се подложил на најмачно бавно умирање; затоа што неговото Јас е одамна мртво и, ако нешто може да го оживее, тогаш тоа сигурно не е болката. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Тебе, скоте, во подрумот, - излудуваше, - во подрумот, арамијо! А ако се осмелите некако и го прашате што сте му украле, тој тогаш без збор ве загледува со еден таков страшен, ужасен поглед што е потежок од секоја казна.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ако се случеше на пример да го прашаш кого го чека во овој ходник тој можеше да одговори дека може да го чека кого сака и дека тоа е негов личен проблем.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бргу-бргу изминало по патот, здраво и живо. Каде одело, што одело, не знаеле, не го прашале.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се крие, се крие, да не го прашаат нешто. - Оро игра, дупка гледа.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Кадијата зашета низ нив, галејќи го секое по главата, a по него влегоа низ деца и другите агалари и тие љубезно насмеани, галејќи и почнувајќи разговори поединечно и со групи. – Тебе како викаат бре малечок? – го праша кадијата Ангеле Сирмев, мазнејќи му ја бујната црна коса.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Го праша уште со време Илка за оваа работа, a Тој ѝ одговори: — Прави.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Зошто се смееш? - го прашав.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
— Јас заповедав есеноска да не се враќате дури не ги исчистиме тие трње, а вие сите четворица со четири илјади души аскер не фативте еден арамија, та налет комитите што ви избегаа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Од каде знаеш? - го праша мајка му.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Пристапи кон едно прваче и го праша како се вика.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Зошто, сине, - ќе го праша мама, - зарем не ме сакаш?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Му пристапи еден постар ученик и го праша: - Од каде беше? - Од Кукуш. А ти?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Не, оваа помисла не ми наиде случајно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Што му недостига на местово па да не може да започне овде љубов?,“ го праша Клара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Какви ти се тие задачи? – го прашав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)