го (зам.) - премисли (гл.)

Кога го прочита првиот чин, Грдан ја крена главата и го задржа погледот на таванот, ем да ги одмори очите ем да го премисли прочитаното.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сврделот успеа да го премисли Комитетот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Всушност, Миха веќе беќе решил, само го одолжуваше одговорот не толку за да го изненади стариот колку да го стави пред свршен чин, кога не ќе може ни да го премисли ни да го расколеба.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тука авторот го виде крајот на својата прикаска за Едо Бранов од Охрид иако животните прикаски се непредвидливи како што ќе се покаже во случајот на Еда кого Су и Марко ќе го премислат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)