го (зам.) - препише (гл.)

Тука настанале проблеми, Витгенштајн немал пари за патување, со оглед на тоа што по читањето на Толстој бил убеден дека не треба да поседува богатство, па во согласност со тоа го препишал сиот свој приватен имот на членовите на своето семејство.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Откако Италијанците го ослободуваат, Витгенштајн сака да се состане со Расел, за со него 56 Margina #15-16 [1995] | okno.mk да разговара за ова дело.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Нивните родители не можеа да ги поучат како се фаќа плен поради неискуственоста, и тие самите бараа модел. Бараа од некој друг да го препишат како лекција.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Нејзе Германецот пред својата смрт ѝ го препишал целиот имот. ѝ го подарил, бидејќи верно му служела до крајот на неговиот живот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ќе ти помогнам, му откликнуваше таа на еден осамен човек, и дури сонуваше крај него. тој низ неа го препрочитуваше житието на морето, ја впиваше неговата синина, па одново бела полетуваше во зорите сѐ до капка одново дури не го препишеше морето и дури не ги јагленоса ѕвездите мапи на неговите кораби.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Филозофот забележа една тесна испакнатина на карпата, и фаќајќи се за нерамнините се искачи нагоре и почна да го препишува записот од долните редови.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас подготвен сум со калем и книга да влезам во одајата, но не да го толкувам, туку да го препишам словото ино и непознато.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дедото Петко за местото се пазарел со Буровица, го платил со единаесет жолтици и кога таа еден пазарен ден тргнала за Воден да му го препише местото, на Белојаса, на свиокот од патот, на најлошото место, коњот се сопнал и таа одлетала во реката. Од таму ја донеле на леса, ама мртва.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се присеќавав на величината на Шарл Де Гол, на тој несомнен либертадор на Франција и Европа, соочен со предизвикот на владеењето на Франција, со земјата со која беше тешко да се владее, зашто нејзините жители имаа, како што велеше тој вкус за четиристотини видови сирења и уште повеќе вина, по големото недоразбирање со Французите и референдумот што сам си го препиша, во духот на демократијата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Откако малку се созеде, Игор Лозински продолжи: - Моќта за совршено држење на непогрешливиот правец во движењето на јагулите, била споредувана од научниците со моќта за ориентација на птиците - преселници, но сепак овде се работи за два различни феномени: има француски научници кои долго време го проучувале патот на јагулите за на крајот феноменот на нивната совршена ориентација да го препишат на еден вид атавизам.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ќе ти влезе во свеста ќе ти се пикне под кожа ќе забега во зоната на интимата и оп, еден ден ќе му појде од рака да го состави она што ти си го скршила да го препише она што ти си го избришала да го ископа она што ти си го потиснала длабоко во тебе, со луд ум на лавина да го открие она што си го забранила за јавна употреба;  ќе ги размрсува и повторно ќе ги замрсува знаците-јазли на твојот личен и на македонскиот синдром ќе си поигрува со преобразбите од дамнини до иднини од лично до колективно ќе ги претвора софистицираните искази и поетските евокации во егзистенцијални слики за да ја долови речито сочноста на твоите исконски мори на твоите детски занеси на твоите судбински застранувања;  можеби ќе те надмине со помош на вродената смисла да глуми да ја игра улогата на другиот да се губи во другиот небаре голтнат од ништото.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тој го земаше и веднаш пристапуваше да го препишува.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)