го (зам.) - работи (гл.)

За времетраењето на спорот не беше изречена никаква времена мерка - а целиот спор, сосе судски такси и трошоци, чинеше 35.780 МКД (585 ЕУР), но оваа „скапотија“ не влијаеше дестимулирачки врз Зефиќ, затоа што таа беше решена својата правда да ја бара докрај.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Непосредно пред да се оконча спорот во втор степен, а по завршувањето на нејзиното боледување, таа се враќа на работа и го известува раководството, дека таа нема да работи на работното место референт, како што тие сакаат – бидејќи никогаш, во нејзината долгогодишна кариера, не го работела тоа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Подобро гледај ме како го работам ова, можеби нешто ќе научиш, хахахаха! Смотан! 142 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Цеце: Само обиди се да бидеш Џеки Чен ќе и ги извадам цревата!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Успех е да можеш да го работиш тоа што го сакаш.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Зошто возењето такси, не би можело да биде еден вид на ентелехија, возвишена цел сама по себе?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Не ги снимивме сите секвенци во челзи, нешто снимивме на Третата Западна улица, кадешто живееја Велветите, нешто во становите на пријателите, нешто во Фектори - но идејата беше дека сите тие луѓе би можеле да бидат станари на еден ист хотел.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во филмот сите го работеа она што секогаш го работат - беа тоа што се... (...) Нико и Лу се скараа. (“Доста ми е од тоа драматично срање, рече, таа навистина изгледа супер на контрасните црно-бели фотки, но мене навистина ми е доста”).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
До тогаш, општиот став за она што го работевме беше „уметнички”, или „шминка”, или „досадно”, но после Девојките од челзи термините како ненормално, или вознемирувачко, и хомосексуално, и наркоманско, и вистинито, почнаа сè почесто да се појавуваат.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Девојките од челзи беше филм што сите ги натера да седнат и да забележат што работиме во нашите филмови (додуша, многу пати тоа значеше да седнат, станат и отидат).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Последниве неколку години се држам понастрана од мојата дрдорливост. ?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Со години работев сам во гаражата, а реакциите за тоа што го работев ги добивав дури откако стриповите ќе излезеа од печат.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Арт го работеше „Маус” за „Пантеон”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во прво време мислев, „Добро ова е само фаза низ која минуваат и, но добро ако ова сега го работат, што ќе работат за неколку години?” - не сфаќајќи дека тие беа во своите најдобри години.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Едноставно не гледав никаква можност да живеам од тоа што го работев и што ме интересираше.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Секој дел од процесот го сметам за креативна работа.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Еден таков “создавач” всушност е само една “лажица на создавање” која што го вади поредокот од супата на хаосот - во било која форма - и така дејствува наспроти општата тенденција, знаејќи дека со тоа тенденцијата нема да биде победена туку само одложена и дека сето она што го работиме, сето она што сме е осудено на исчезнување во заборавот. Но зарем не е општа желба на луѓето да го уредат секој хаос?  Најчесто се веруваше дека поредокот се открива.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Многу од нив сум ги видел во Сан Ремо, а малку подоцна се запознав со сите оние кои навраќаа - Ротен Рита, Мајорот, Бирди, Дачис, Силвер Џорџ, Стенли Желката и, секако, Поп Ондин.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Имаше неколку ВЦ-а во Билиевиот оддел, лавабо и фрижидер кој секогаш беше преполнет со грејпфрут и оранж џус - луѓето на спид просто умираат за Це витамин.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Отсуството на секој вид ригорозност и академски стандард, чувството на полна предавачка слобода (еден од курсевите за нова музика имаше за тема идентификација на печурките) му овозможи на Кејџ истовремено и да учи од своите ученици.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Од друга страна, како што тоа го формулираше Дик Хигинс, тој на учениците “им го изнесуваше она што веќе го знаеја и со тоа им помагаше да станат свесни за суштината на она што го работеа”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Уште послободна форма на наслојување, слична на хепенингот, претставува изведбата на Концерт за клавир и оркестар (1958) кој и самиот е резултат на наслојувањето на 14 незадолжителни делници, а може да се изведува во комбинација со делата од различни периоди на творење (првото изведување на Концертот опфаќаше делници со клавир и диригент, со Дејвид Тјудор и Марс Канингем) - Соло за глас (1958-60), Книга песни (1970), Фонтана микс (1958), Роцарт микс (1965).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Секогаш беа мистериозни во врска со тоа што таму го работеа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Аркадите, колоните, оџаците, валчестите агли и свијоцие на скалите - тоа што беше најсложено и најтешко мајсторите го работеа скришно од помладите...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И она што го работеше како да не го работеше тој, туку некој друг, а тој само го гледа како низ магла.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Најпосле, ова што овде го работиме и не е твоја професија.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не биди тажен и мисли на она што е пред нас и она што сме должни да го работиме.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А секој филм што го работам е есеј кој го има за цел достигну­вањето на тој специфичен приод кон филмот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Не е вградена во почетокот на она што ќе го работам.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А тоа го работев првиот семестар по моето вработување таму, есента 1999 година.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И тоа што го работам не е ниту филозофија во штотуку споменатата, ограничена смисла, ниту едноставно литература.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Прво: не е пожелно за она што јас го работам да се зборува како за некаква филозофија.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Затоа она што јас го работам не е феноменологија.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Знам дека ги искусив сите тие случувања но не можам да ги оживеам во сеќавањето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во збирката песни Златото на тигровите од 1972-та, Борхес напиша една доработена верзија на таа своја рана поетика.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но, на задоволствата се сеќавам живо, на сите пријатни чувства. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 201
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во кратката проза “четири циклуси” тој дава преглед на четири раскази: еден за град што го опседнуваат и бранат храбри луѓе (Трои од Хомеровите пеења); друг, приказна за враќање (Одисеј се враќа на Итака); трет, кој претставува варијација на претходниот и зборува за потрага (Јасон и Златното руно, Триесетте птици и Симург, Ахаб и китот, Џејмсовите и Кафкините ликови); и последниот за жртвување на бог (Атис, Один, Христос).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Потоа Борхес заклучува: “Има четири раскази.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но јас сум среќна бидејќи го работам токму она што го сакам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За среќа, главно веќе ни не се сеќавам на своите страдања.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сѐ што оттогаш работев, и сето она што ќе го работам е тоа дека просто плетам и расплеткувам приказни настанати од некои претходни приказни.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ја закопавме како што повеќето од нас ги закопуваат – не во гроб, туку во јамата за бездомниците и најбедните.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тука има музичари и сликари, актери и балерини, писатели и вајари.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Често од тоа умираме ние кои го работиме овој занает.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
По тие дванаесет часа, кој не е мртов-уморен од работа, може да се занимава со она што го работел пред да биде доведен овде.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Најпосле, можам да го работам она што го бев жртвувал, да читам...“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Она што јас тогаш го работев беше концептуална, фотографија под влијание на деконструктивистичкото рекламирање во Калифорнија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тој има големи okno.mk 107 идеи за оваа форма: “Во овој момент, она што сакам да го работам е да го користам компјутерот за да креирам околина.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И она почна да му вика: - Море, брате - вика - ти тоа несмислено го работиш.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И да знаеш, брату Марко, по мојте патишта и по мојот мост ќе минат луѓее и луѓето песми ќе пејат на моето славно име Марија, а по твојте - вика - кули утки ќе утат довек.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тој камен падне на сегашните гробишта во село Ново Село.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ги приближуваше и ги подготвуваше и најодалечените трупци по ќошковите на таа просторија, ги прибираше пред себе како некое стадо, додека можеше да се оддели од пилата и да ја остави неа да беснее во срцевината на оној, што сега го работеше, а под неговите раце тие и по еден метар дебели трупци ги напуштаа своите места, вкопани во пилотината и почнуваа да се префрлаат еден преку друг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Стоеше на прозорецот, низ кого денот ги процедуваше своите малукрвни, придушени одблесоци во неговата одајка, по ноќта, чија што црна темничина ја разнесуваа на парампартали оние гладни завивања на дивината, пробивајќи се при тоа и во неговиот сон, а сега поминуваше со дланките по рамениците, што му беа тврди, еден огромен, црвенокос човек, а врзан во таа зачмаеност; секоја нишка од неговите мускули, навикнати секој ден да го имаат она живо оптегнување и да просребруваат притоа сега беше останата да изумира во таа самота; секоја негова мисла, навикната постојано да ја има во себе смислата на она, што го работеше, сега, кога немаше што да се чини и на што да се мисли, остануваше пуста, како катче полно застојаност и пајаџина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Мир да најдам во душава, Танаско... Да го повратам мирот што го изгубив додека го работев иконостасот...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тоа што го работам наскоро ќе се види и не патам од потреба за комплименти. - Му одврати Ивона.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Точно на тоа на што те потсетува тоа и го работам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Петрович го работеше шинелот само две недели, зашто имаше многу прошивања, инаку тој ќе беше готов и порано.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но беше среќен, не му студеше, проклет да бидам, тоа што го работеше како да му беше оправдание за сиот студ што го изел.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Го врза старчето за црниот стол со ременот извлечен од неговите прешироки панталони, го врза брзо и сигурно како цел живот само тоа да го работел.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Работејќи триесетина години врз сиџилите, во битолскиот кадилак (од XV до XIX век), кој ги откри, ги систематизираше и ги преведуваше во триесетте најубави години од својот живот, па можеше да состави еден вид енциклопедија од поимите на исчезнатото време, но ова што сега го работеше со Камилски, можеше да претставува игра од неговите големи соништа на Балканот, како единствен калауз да излезе од самиот себе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Верувајќи дека еден ден, макар предоцна, но секогаш нужно, ќе дојде до еден вид помирување со позитивните текови на исламската цивилизација од XX век на Балканот, по нивното радикално искоренување, како што тоа се случуваше и во Европа по вековните судири, Татко сметаше дека ориентализмите кои живуркаа и не исчезнуваат од балканските јазици, можат да бидат значајни елементи за поцелосна реконструкција за вредностите на некогашниот соживот, кој сам по себе содржел елементи на соживот, кои биле интегрално збришани во војните на XX век.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сепак, тоа неочекувано и мигновено пресретнување на нашите погледи, ја отвори приказната за „НиЕ“, но не како предмет, како досие, и не за ние на кое никогаш не инсистиравме како на заменка на она што заеднички го работевме, туку за ние што произлегуваше од таа работа и кое, очигледно, остануваше и натаму да трае во нас двајцата и покрај тоа што, според моето првично и не докрај оформено сознание по пресретнувањето на нашите погледи, нѐ обземаше чувство на длабока вина.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Додека медитиравме на она сум, значи постојам, ние навистина, и бевме, и постоевме, во тоа што го работевме и го живеевме. Сега сѐ е поинаку.“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Двете се заколнавме дека тоа што го работиме таму ќе го чуваме во најголема тајност.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А тогаш кој ќе го работи гумното? Кој ќе го овее зрното? Кој ќе го прибере во амбари?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Кога веќе ја напушти работата во Ветеринарната станица, барем зафати се да го работиш имотот... како сите луѓе...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ние тоа не го работиме, имаме литературна инспирација, пишуваме манифести и есеи, не сакаме да произведуваме официјални студии.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И навистина, тоа би го работела со задоволство.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Трајковиот дел го зеде Митра да го работи „наполу“, едно за него — едно за неа, оти тие со Стоја се поголема тајфа, та „да може да чкрипне некој и друг лакот за тие црвците децата“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вистина, тој не е баш најпознат како дувач на стакло, го работел тоа како хоби, и се сомневам дека некој го знае тоа - а овој пехар е последното нашто што тој го направил.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И така сето ова го работев во тајност, бидејќи никој од шефовите на студиото немаше поим за Шифтановата постапка.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ж: Ама баш најпоследното нешто?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Со своите долги, темни раце што брзо се движеа тој садеше, натапкуваше и прицврстуваше, сечеше, подрежуваше, со црното лице секогаш свртено кон земјата, со очите секогаш вперени во она што го работеше, кои никогаш не ги подигаше кон небото, и никогаш не гледаше во мене, па дури ни во Мама, освен ако не клекневме крај него, чувствувајќи како влажната земја ни продира низ панталоните кај колената и ги стававме рацете во црната нечистотија, не гледајќи во сјајното, лудо небо.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Срцето е најлош советник во нашата работа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Никој што го работел ова што вие двете сега го работите не смее да си дозволи срцето да го подучува како да постапува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Веројатно се намачи додека ја донесе“, му реков. „Тоа го работам“, одговори тој.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Некои беа против она што го работев а некои беа на моја страна, а многумина сакаа да го прават и она што ќе им падне на ум.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Исчезнува чувството на непријатност поради она што го работиш.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И. К.: Не знам дали духовна е вистинскиот збор за да се опише она што го работам.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Т.е., тој некогаш тоа го работеше; не сум го видел скоро.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Стравовите ги променија местата, но не исчезнаа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Што ми даваат? Ми даваат можност во слободно време да го работам она што ме привлекува, за што имам афинитет - афинитет...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Не само селото што ни беше планинско што не може да биде попланинско, туку и она малку поле што беше околу селото, беше беговско, луѓето го работеа наполу, тие на кои бегот ќе сакаше да им даде земја да работат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Зошто јас сето тоа да го работам кога на Нерка ѝ плаќаме, наместо нас, таа да работи низ дома?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
На чичко ми жената, стрина Риска, млада се омажи и отпрвин не знаеше да готви ни да сука пита, па нејзиното задолжение јас го работев, убаво се научив да сукам пити и зелници.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Уште тогаш јасно му ставив на знаење дека тоа што го работи не го ценам, зошто знам дека не е вредно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Најмалку што сакав е да го работам она што ретко кој го признава за вредно во овој стереотипен свет.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)