го (зам.) - разнесува (гл.)

Наскоро жестокиот пијалок почна да го разнесува својот оган низ неговото тело.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Од нивното млеко мајка Ленче со негова помош правеше сирења, урда, кајмак, па Васе ги продаваше на пазар, а млекото го разнесуваше по куќи секое утро.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Омарнината од огнот ѝ го развласува ликот, ѝ го разнесува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Езерото се разниша, се крена ветер од него и започна да дува по брегот да го кине и да го разнесува младиот цут од овошките.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Години со ред, со него доаѓаше и Јон, единственото машко дете на млекарот, кое со тек на време почна сѐ поредовно да го заменува татка си, сѐ додека, не стави и самиот каскет на глава и не почна, место татка си, самиот редовно да го разнесува млекото.  Никој не знае кога Јон и Рашела се загледаа еден во друг, важно тоа се случи и сите го знаевме, особено по руменилото болснато на образите на Рашела, која од тремот, сета збунета, влегуваше во одаите со лонецот пресно млеко во рацете.  Така ние почнавме да се потсмеваме еден со друг кога ќе ја видевме Рашела како, во првата квечерина, внимателно загледана во огледалото, ја зачешлува густата црна коса, пред доаѓањето на Јон.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Можеби Марко Марикин сакаше да ме исправи на нозе со стружењето на својот глас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како со коренот на своите стапалки да цицаше од земјата подмолен татнеж, раскажуваше: „Чумата не се шири по светов сама од себе и не ѝ го разнесуваат семето ветришта. Земјата се покрива со трупови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Си тече животот пркосејќи му и на ветерот што го разнесува црвеникавиот прав меѓу ридиштата над кои катаден кружи црниот сокол, на матната вода по дождовите, на плачот и непреболот...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Големиот оган направи голем куп жар, и, штотуку падна дебелиот мрак и убаво се затемни, дувна еден силен ветар, та почна да го разнесува наоколу.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во вечната борба меѓу оганот и водата, оганот се што ќе заграба со своите живи пламени, веднаш го раздвижува, го разнесува, кон небото.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Веројатно Иван Степанович фрлил врз него доволно земја, ѕверовите, недај боже, да не го разнесуваат!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Ти не смееш да бидеш таа што го разнесува тој мирис“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Зад брегот се гледа еден дел од планината по која се издигаат огромни дрвја на бука, цер, благун, јаблан, сладун, и кои често го поземаат чадот од дувалото и го разнесуваат меѓу себе - траг да не му остане.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)