го (зам.) - редуцира (гл.)

Ваквата состојба се индуцира во раното детство. Зарем лажењето во љубовта првенствено не е одбрана од сексуалната љубомора, и зарем трендот кон групен секс не е обид да се избега од тој конфликт? Тоа само до тривијалност го редуцира сексуалниот чин, и така го губи значењето.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Можете да го избришете значењето на актот на ставање пенис во вагина, во уста, чмар, или под пазувите, но ако на интимното соединување на две тела му дадете значење поголемо од јукстапозицијата на два епидерми и мукози, ќе се најдете во царството на страста, и тоа нема туку-така да можете да го занемарите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Зашто напорот да се одделат од традицијата ги доведувал до едно усвитено место од кое, ако ништо повеќе, можеле да го редуцираат товарот на формалните, манирските и рутинските, наследства и да дојдат, како до сопствено откровение, пак до јадрото и сублиматот на традицијата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ако печатениот медиум го воздигнува зборот, правејќи го траен, фиксирајќи го, електронските записи го редуцираат до сигнал, средство за постигнување на целта.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Сите воени технологии го редуцираат светот на Ништо.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)