го (зам.) - сардиса (гл.)

Илјаден турски аскер62) го сардиса селото!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Тука подолу кај големиот дол го сардисаа пустите турчишта, грмеше силно оружјето, се тресеше селото од силниот пукот!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ги прегледа револверите и бомбите.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Еден ден дедо ти Тасе не беше тука, беше на воденица а селото ни го сардисаа Турците.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Толе таа ноќ спиеше со Ќосото баш кај тетка му на овега во Полчишта и нареди никој да не го беспокои ноќеска, па макар јузбашијата со сиот аскер да го сардиса: — Утре на видело ќе се расправам, кој сака нека иде! — беше последната негова наредба пред спиење.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со крв и барут се бранеле востаниците сѐ додека пашата Емби Лобуд не насобрал неколку илјади борци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Толе стана пред зора и го побара Бешот и другарите, а овој на брзина му ја кажа новината и му го доведе мелничанецот да слушне лично од него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така тие го сардисале гратчето со пушки и топови: истрел - крик, писок на сабја - писок на пресечено грло.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)