го (зам.) - сее (гл.)

Овде, во Рамни Ливади имаа малку земја, една ливада, едно ориште што го сееја со жрж, овес или летица, посебен вид планинска жрж што се сее на пролет.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во полето и езерото го сее стравот, ужасот и катастрофата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Бегајте! Бегајте! Бегајте! – грмеа зарипнатите викања на коњаниците кои безглаво и обезумени продолжуваа да го сејат стравот. И се растури и се посеа општ страв.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Да ги премавнува сите пречки на нашата пропаганда и да пропагира на дело - ете ја задачата на теророт што ќе го сееме.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Бие, завива и го брише отворениот простор, го подбира снегот, го развејува над шумата, го сее во неа и носи нов...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
1. Од самиот почеток, штом само стекнеш свест за себеси, научи дека си благородник, дека си дворјанин и заклучно, дека си роден само да го јадеш оној леб што го сеат твоите селани; со еден збор, замисли си дека си среќен трут, кому крилјата не му се изгрицкани, дека твоите дедовци само тоа и мислеле, на твојата глава да ѝ го остават правото на ништо да не мисли.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Да си ги поставиме за пример жените, да учиме од нив: кај нив не постои наука за убавината, но постои да се изгледа убаво - ете една уметност во која некои работат и по седумдесет години и тоа со успех. (...)
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)