го (зам.) - скрати (гл.)

Нему му домачне и, за да го скрати времето, ги отвори скриптите на истата онаа страница на која беше запрел.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Невозможно е да се избегне, можеби може само да се одложи: а сепак, наместо тоа, одвреме навреме и со свесен чин на сопствената волја човек одбира да го скрати интервалот пред тоа да се случи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со овој одговор, иако беше застарен, Јана го скрати разговорот врзан за нејзината внука, мудро избегнувајќи ги деталите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И оваа трансгресија ќе ја зајакне неговата неодолива импулсивност, речиси истата онаа која ќе ја мотивира неговата мајка да го преземе фаталното патување во родната земја и која ќе биде принудена да го скрати.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Како што правилно заклучува и самиот: „Колективниот договор може да прошири работничко право пропишано со закон, но не и истото да го скрати“!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Конечно, во ноември истата 2006 година, таа стана правосилна и извршна. *
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Паралелно со оваа опишана тужба, Божиновски, како што веќе беше споменато – по отказот, добиен во јуни 2005 – преку истиот адвокат, поднесува и нова [втора] тужба, но сега по други две основи: – прво, неисплатен регрес за годишен одмор (К-15) – за овој прв основ интересно е тоа што, за време на судската постапка, работодавачот ја криеше завршната сметка за претходната година и лажно изјавуваше пред судот дека, поради наводна загуба во работењето, на никому во фирмата не бил исплатен ваков регрес. – второ, недоисплатени плати како испратнина/отпремнина, по основ на прогласување за „технолошки вишок“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Врагот да ја земе, ми го скрати животот за неколку години...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ќе додадам уште дека првата вечер во воденицата, Иван ја прескокна вечерата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа и не ја изреков онаа друга помисла што ми се чинеше прилично важна, она: дека секоја вознемиреност или воодоошевивање како и причините за сите наши болки, може да го издолжат или да го скратат траењето на времето!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Соочени со фактите дека сите нешта завршуваат и дека простувањето од животните задоволства ја има околу себе неизбежната атмосфера на тага, навистина има такви кои би го скратиле или избегнале збогувањето; коишто, уште повеќе, чувствуваат дека од она што и онака мора да се заврши (т.е. од сѐ, дури и од уметноста) треба да се збогуваме брзо, ако воопшто и сме започнале со тоа.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Откако си отиде Маријанти, Евдоксија нареди на утринска гимастика да одат само постарите деца и времето го скрати на десет минути, храната се подобри, почнавме секој ден да одиме на плажа, на стадион да гледаме фудбал, ни купија неколку топки.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ете, таквите постапки на Катерина, исполнети со неодредении пораки, знаат да ти го намалат присуството на воздух и да ти го скратат здивот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)