го (зам.) - советува (гл.)

Во одговор на ова – веднаш, преку ноќ, работодавачот ангажираше познат скопски адвокат (И. Панчевски), кој лошо го советува да им изготви отказни решенија на иницијаторите и предводниците на штрајкот, иако тоа е противзаконски чин, што и беше сторено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Трошоците на спорот беше одлучено да си ги сноси секоја странка самостојно!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Адвокатот (С. Талевски), кој понатаму и ќе го застапува во сите фази на работниот спор што допрва ќе следи, му укажува на незаконитоста на постапката после која тој го губи работното место и го советува за тоа да поведе судски спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Веднаш после потпишувањето на решението за технолошки вишок, Митревски се одлучува за неговиот случај да консултира упатено лице од правната струка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, за жал, поради сплетот на идните бурни настани што допрва следуваа, иако подоцна немаше второстепена постапка по жалба, оваа пресуда, која во октомври 1999 стана правосилна и извршна, никогаш не е извршена – ниту доброволно, ниту присилно [а веќе е и застарена].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Затоа го викна еден ден и почна да го советува: - Ти си даровит. Не си човек без способности...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ете, читаш недозволени книги, се дружиш со разни другари, чие поведение не е за пофалба.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Со задоволство тој установува дека дијагнозата на болеста на компирот правилно ја извршил, но она што му го советуваше на стариот за густината на садењето не е сосем точно: тоа се однесува на садење со окца - за кое треба да се преземат специјални претходни мерки што стариот нема можност да ги преземе - а за садење со цели компири одговара горе-долу она растојание што тој го практикувал.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ние го знајме каде е, токо да не правиме некој ќедер на аскерот, да не напакостат некого, та да си а земиме бељата сете села.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гуле му рече дека бил во Битола, го нашле луѓе од окружниот комитет, кои слушнале што прави он по Мариово и во писмото го советуваат да не го диви народот, ами да гледа да се смири и да работи како што работеше во востанието, да ги прибира и бодри луѓето оти пак ќе ни требаат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ќути да не се врате да чуе па да не запале овде сете да изгореме, како глувци! — вели стрико му Куле и почна да го советува да не си го брка касметот што му го навеал господ, благодарејќи на милоста од бегот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Е, е, е! Се разбра таа, џанум! Сакаат да му го наметнат на Толета пак јаремот од нивната организација, ама на! — изговори Толе подругливо и го удри кундакот од манлихерката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Седни, намести се поарно, навали се вака како мене — го советува детето и му се пули во очите, — Та го проплеска, рече, а?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Двајцата селани застанаа од двете страни на онбашијата, во средето на обрачот, и почнаа да го советуваат дедот Јована.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од карање нема да ти се урне бисерот!... - Го советуваше башмајсторот Аргир.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не учествувам на прв погреб“, тихо го советува Боге од Бањи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Што се однесува до мене, го избрав молчењето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но Саздо е некако посрамен од она што го советува.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Дури и владите што отпрвин ја симпатизираа нивната кауза се принудени, поради тие атентати, да се откажат од тоа и да се присоединат кон сите други влади што сакаат обновување на мирот, за да го советуваат Турчинот да го задуши што поскоро тоа востание кое дегенерира во анархизам.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Би сакал да завршам со за мене охрабрувачките зборови на Pascal Bruckner: „Нашата судбина е нескладност, нечистост, хибридност, нездружливи спротивности што се во секој меѓу нас, неизводливи поврзаности меѓу Otis Redding и Mozart, Om Kalsoum и Fellini, Тintin и Hegel.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Паметната употреба на популарната култура не е нужна, најверојатно е можна, но никој не смее да очекува дека може некој при тоа нешто да го советува.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Очигледно мора клучот до таа тајна да го најде секој сам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Како и на секој Јов, најден на мака, ќе му се прикраде како змија мудриот пријател кој ќе почне да го советува да се мавне од „глувчешкото пријателство“ зашто, како што се случувало, и тој можел да се глувчоса.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кјеркегор Можеби Чехов со право го советувал младиот писател Телешов кога му говорел дека патувањето со воз во III класа е вистинска шанса да се дојде до добри приказни, но за жал во целиот вагон на патничкиот воз „Горбачов“ освен мене имаше уште еден чичко, заспан врз вреќа пиперки.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Велат така го советувал нивниот рабин, повторувајќи ги зборовите на Хилел: „Не издвојувај се од заедницата!“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Бургиба пливаше во староста во плитки води. Ги одбегнуваше длабоките. Така го советуваа неговите советници.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Командантот Мортје, уверен во Татковата невиност, ќе го советува да замине, на Запад или на Исток, а потоа според судбината да се врати, најмалку по една година.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од тој „грев" Рожденката го советува мажа си Илка да ги прибере овие погорелци да си прави „себап на душата".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го советуваа Лесната, Колобан, Младен Чкулот и други селани и пријатели да си го прибере детето, да не си го отпадува, но тој си остана пред своето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но, Татко не знаеше како да го советува кој правец да фатат неговите деца.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Почука нешто на машината и потем го советува младиот помошник за тоа што требаше да направи во текот на денот, а самиот излезе.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Го советував иако знаев подобро од секого каде завршуваат нашите совети. (Еднаш самиот ни рече. Ги обесувал на клинец во кенефот. Беше непристоен. Не допушташе никој со совети да истрчува пред него).
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Некој заработува добро, постои и некој кој има вистински усет за инвестирање и тогаш тој го советува својот инвеститор што да купи.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)