го (зам.) - спрема (гл.)

ИЛИЈА: Така е. Ајде јас да си бегам оти ќе треба и коњот да си го спремам.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Беше длабока ноќ, пред зазорување.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ема не беше наивна за да не помисли дека сега други ни го спремаат истото, но за неа беше многу пострашно и поболно тоа што ние паднавме во замката што ја подготвувавме за другите.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
К* длабоко повлекува со носот, ја вдишува силната трпка миризба, повторно им загоре, си мисли К*, никако да научат, секогаш им загорува, секоја проклета недела, зашто ли само не го спремаат со доста вода наместо да им се суши во рерната, си мисли К*, или барем еднаш да го сменат тој нивни проклет ориз...
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
А сето тоа време се мачеше да се завдаде во она, што го спремаше да му го донесе тој бел, заплиснат ден надвор, со тоа негово богато зрачење. ...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го нејќам ја венецот никаквец што ѝ го спрема, помисли други што крие.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Секој сват што се спремаше да оди по невеста од Рожденката, или за Рожденката, почна да го спрема коњот и пушката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)