го (зам.) - спушта (гл.)

Бог го кренал светот повисоко од досегот на мојата рака и го спушта на моите плеќи како ќе му текне.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Пискулиев го спушта погледот долу, очекува, но копитата пак тешко тропнуваат по бетонот и стражарот ништо не му вели, иако - нема сомнение - сакаше баш тоа да му го каже.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се потсетуваме на комичната фантазија на Албинус, во “Смеење во темнината” од Набоков, при аними­рањето на холандското жанр-сликарство -”сѐ оддеднаш се враќа во живот со малиов маж во црвено кој го спушта бокалот, девојкава со послужавникот што слободно се вртка”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Емори, кампот, му враќа: „не се носат петици кога се креваш на бицепси“.230 Шегава има голем општествен и културен полнеж.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Улогата на кампот е да го разбие издишаното, свечено, здодевно еднолично обожавање на убавината, да им овозможи на геј-мажите кои ја посакуваат и ѝ се восхитуваат на убавината да се поттргнат иронично од својата неиронична посветеност на неа, да ја погледнат од гледиштето на постколонијалната разочараност наместо од гледиштето на исчекувачката возбуда.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ете, тоа објаснува зошто на кампот му е работа да го спушта секого, особено секого чиј стремеж кон гламурозност може да ги угнетува неговите другари што немале толку среќа, како што е самиот камп.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И, сега, она влегува и гледа наоколу и го спушта тоа испазареното и вели: „Каква шупа!“
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ги нагласува типично мачоистичкиот неслух на каубојот за иронија, неговото целосно немање свест за можната двојност на неговиот говор; открива колку упадливо нема дух (што е и недостаток и, барем за да биде бучот привлечен, крунска доблест); ги вкрстува, на класичен камповски начин, кодовите на мажественоста и на женственоста231 (спореди со апокрифната приказна за тоа како за време на една литургија Талула Бенкхед му спуштила на некој свештеник кој го нишал кандилото: „Срцка, мантиичево ти го обожавам, ама чантичево ти е џиш“); ја разбива атмосферата на мажествена сериозност околу стрејтерската машка атлетска изведба и нејзината еротска привлечност за геј- мажите; сведочи за неспособноста на кампот дури и да си замисли машки свет во кој ќе живеат исклучиво „нормални“ мажи; ја изместува насоката на разговорот од здодевно, неиронично мажествена кон иронично женствена; го спушта каубојот преправајќи се дека божем го побркал со заиграна дрег-кралица, а тоа значи дека го става неколку скалила подолу на лествицата на сексуалната престижност од онаа на којашто навистина се наоѓа; но и имплицитно ги кара другите присутни мажи што толку сериозно го сфаќаат Каубојот, а сепак не прават ништо за да ја сменат привлечноста поради која и понатаму е предмет на нивното еротско интересирање. ‌
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Така си го спуштам пердето на очите и подзаспивам. Сон- спокој и упокој.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Недостижното, како што му рекла љубената на Канети, не треба да дозволи да го смачка, но ова нашето не смачкува, всушност, ни го спушта театарот до средновековниот статус - чума во градовите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Откако ќе го види Ивана, Фезлиев спокојно го спушта револверот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Јас по гласовите дознав. Внукот негов ми е познат, вчера сандакот го спушташе”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ете, ваше превосходство, денес тајниот советник Тарасевич го погребаа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Најпосле стоеја. Сега, исто така внимателно, почнаа полека да го спуштаат надолу.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Разнежено го гушка детето, му ја гали главичката и полека го спушта на земјата до себе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Потоа паднал неподвижен, нацицан со животинска крв, тежок, со набабрено око свртен кон потсмешливиот прекор во муцката на чукарето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но синот сѐ уште го кревал и го спуштал тешкиот чекан.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кловнот го спушта палтото во скут и ја крева главата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Момчето што го внесе речиси се тетеравеше додека го спушташе на подот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Работниците во замокот му го спуштаат мостот, а Баронот за време на банкетите го сместува од левата страна на масата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако на баронот еднаш или двапати му се спушти главата додека седи на неговиот резбарен стол од даб, тој не го прави тоа со некаква лоша намера.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Константин се сопнува на нешто што не е ни камен ни пенушка, на нешто меко и паѓа на коленици, потоа, накривнувајќи се, го спушта од себе товарот врз некој мртов војник.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Мислам дека тоа само покажува дека секој од нас си има свој сопствен начин за интерпретација на пораките кои што ги прима... (Замислено Ахил го спушта погледот врз ливчињата од чајот на дното на неговата празна шоља за чај) Уште чај Ахиле? 40 Margina #17-18 [1995] | okno.mk Да, ве молам.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Голем бакшиш ќе добие од момчетооооо! — и пак го спушта гласот— Ако не му треба немууууу И така ќе ги изреди сите денешни новини ,по сите улици во Прилеп, и секаде кога ќе ја заврши последната, ќе запее „кикиригуууу".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Очите на дедо Костадин му ги поклопуваат со капакот, а потоа нежно и внимателно го спуштаат во ископаниот гроб.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Жално е, да му се серам, да ме гњават и дење и ноќе?... Тоа е неприфатливо најпосле!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тогаш ја зачукува машината со страшен удар, за да ѝ ги смачка сите букви, за да ја срамни целата...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Најпосле си го спушта здолништето...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Празнина. Лилавоста на предвечерјето го спушта небото, сѐ што е под него останува вкочането во некое исчекување.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
КУРТА: Ама, ова и мене ми го спушта нивото.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Отвори ги ноќвите, растури ги! Земи јавај коњи и магариња. Испоти ги! Понижи ги!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
КЕВА: Дал ти бог добро, Ефке. Повели седни.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ЕФКА: (Ведра, слободна, шумна, зборува така гласпо, што Кева се наоѓа ео неприлика, срамувајки се што е принудена да ја стивнува, а Ефка и сама ја сфаќа положбата и го спушта тонот, туку на моменти се заборава.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Да ја претрчаат рамнината на Ревани и Шак и штом се спуштат во Новоселската река - за нив нема да има опасност вели, дежурниот офицер и од очи не го спушта двогледот во кој постојано има отсјај на ракетие што го горат небото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таа закова очи во стапчето кое тој ту го подига ту го спушта.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
КИРО: (Брзо го спушта ножот) Како да докажам дека сум ваш ефенди.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Чана не седнува на столица, туку своето големо тело го спушта врз сламарникот на еден од креветите, ги продолжува зборовите на Пелагија, малку како на шега Ми как Пено ним да сваљкате ошче адночко оти било широчко! и гррр удира во смеа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Полека си го враќа погледот од минатото и внимателно го спушта врз мајката Перса, а таа, чиниш, ја насетува тежината на нејзиното минато и затреперува.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А Марин Крусиќ? И Марина Крусиќ го виде рибарот токму вака: како од брегот, час-два откога заврши третата попладневна муслиманска молитва, го спушта погледот од тапа тага врз него во чунот, меѓу петнаесеттината чунови што се подготвуваа со мрежите да завеслаат на езеро.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)