го (зам.) - средува (гл.)

„Никогаш не сум помислувал на тоа“, му реков, „зашто откако паметам нашата визба секогаш беше ваква средена, варосана.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Долго време согоруваше со овој проект и не престануваше да го средува поредокот на книгите според него.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Можеби им рече на Самарија и на Арнаутче и тие да чучнат, да си поразговараат малку со составени глави, и можеби првиот веднаш почна да раскажува во што згрешил господ кога го создавал и кога го средувал светов (ќе се обесам ако на светов нема премногу иловица и камен!), но јас не се потпрев со дланки на прозорското дно за да зјапам во безделничењето на луѓето и да ги гледам како три згрбавени врани со сити црева.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Кога велам визба, мислам сѐ нешто ветво нафрлано без ред.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
До двајцата од дружината дојде суроглаво и жмиркаво старче со чекор на претпазливо петле и чучна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На определените места пионерите пристигнуваа организирано, поминуваа цел ден во игри и одмор, а навечер, пред да се вратат дома, го чистеа местото од отпадоци, го средуваа да биде убаво и привлечно какво што било.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Гледаш, братче, овој рафт со тегли и шишиња мама го средува, а за сè друго да е суредено се грижи тато.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)