го (зам.) - сугерира (гл.)

Тоа исто така го сугерира англискиот збор „beat“ (ритам), сексуален ритам, свртување и движење на оптичките спирали.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Проектираното светло најнапред продира во екранот, пред неговото рефлектирање во насока на гледачот, работејќи го она што навистина го сугерира сликата на филмот: светлината патува внатре-надвор, добивајќи некоја непозната димензија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Според таа претпоставка (за чии детали ве упатувам на својата книга), “moustiques domestiques” веројатно претставува магичен звук на кој, поради римата, целта му е да ни го сугерира дополнувањето кое е неопходно за вториот дел од реченицата: “Demi-stock de mystikue”, додека “la cure d’azote sur la cote d’Azur” упатува на воздухот како основен елемент на алхемискиот опус, благодарение на кој може да се заслужи „cote d’azur“ (Азурниот брег), т.е. Небото.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Иако Pis qu ‘habilla не е литературен француски збор, тој го сугерира зборот piquer, што значи убод, и habille, што значи вешт, така што овде okno.mk | Margina #8-9 [1994] 185 се очигледни сексуалните алузии.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се занесуваше следејќи ги облиците кои го сугерираа излезот, но никако не можеше да го пронајде.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Онаа што сакам да го сугерирам е: за смислено да интерпретираме дадена ситуација ние повикуваме стотици шеми од нашето „множество на шеми” и дека искуството собрано преку целиот наш живот, вештините и општото знаење, нашите сеќавања за различни случки, може да е кодирано во таква лична „енциклопедија” од илјадници шеми, збогатена и од вербалниот домен за да инкорпорира и репрезантации на акции и перцепции, мотиви и емоции, лични и социјални интеракции и на крај, на јас-ството.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Или, можеби и не сум во прашање јас?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можело да се случи да го запишам она што иследникот ми го сугерирал како можна моја помисла, а не она што вистински сум го мислел.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За момент седам збунет. Се чувствувам и навреден. Навистина, што сака да постигне иследников?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Навистина, никогаш не бараше одговор, ниту го сугерираше на било кој начин. Оставаше на мојата совест!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го оставив мајкиното писмо. Тивката и ненаметлива Мајка не бараше да одговорам.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Необично е што воопшто успеавме да ја реализираме изложбата таму, кога се мисли дека Британците и Кинезите веќе не зборуваат меѓусебно, и дури сега разговорите се на многу ниско ниво.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
А. Денет: Како дојдовте на идеја да одите во Кина, Џемс Бирч ли ви го сугерираше тоа?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сакаше тоа да му го сугерира на својот син, свртен кон политиката, но тоа не допираше до него.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)