го (зам.) - ублажува (гл.)

- Сине, ти си тука?! - излезе Татко од сиџилите, со благиот глас којшто, како некогаш, го ублажуваше изразот на енергичност од неговото лице.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Трајко во кратко им исприкажа што направи на конакот и колку пари бараат за да им бидат спасени главите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И мудурот и јузбашијата му ја стегнаа цврсто раката на Трајка и пак Сефедин го испрати и го втера во авурот кај затворените селани, клоцнувајќи го на вратата, за да им даде да разберат дека гневот уште не му е ублажен и дека ќе треба да го ублажуваат со петстотини лири.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Личните документи го ублажуваат општото чувство на живеење во Лимб, со личните документи веќе можат да се донесуваат и животни одлуки.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Истиот го ублажуваше со тешкото црвено вино, празнејќи го третото шише по ред. Часовите се наближуваа кон ситно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Фонтот секогаш е првото нешто што го читате и последното што го пишувате.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Фонтовите немаат тела. Тие го ублажуваат чинот на читање.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Единствено новациите со кои се воведуваа „технички“ и по- малку важни измени на ЗРО (1993) – оние од јули 2001 и јуни 2003, не го ублажува товарот на сиромаштијата и којашто учествува со над 40% во македонскиот бизнис.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Го ублажувал црвенилото на крајниците и го освежувал дишењето.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)